Кај тебе Бубче јасно се гледа дека ти престои мирен живот исполнет со љубов, шетање, пријатели, кафани. Само ќе мораш да си припазиш на здравјето , проблеми со холестеролот и дишењето, намали на цигари и маснотии. Совет : ти се препорачува да се движиш повеќе, значи прошетки во природа и да не се напнуваш да добиеш нешто на сила. Тоа што си во исчекување ќе се случи непланирано. Ела да те гушнам и да те запишам во списокот на штипјанки, е така, сега сме 4 тука на форумот
Еј жими се, ќе седнам да разгледам што има за тумачење околу таа натална карта подетално, за следиот пат ко ќе коментирам во темата да изгледа професионално. Венера на 45 степени од Сонцето ќе ти влезе во куќата на кариера , значи до крајот на годината очекувај промена на работата или унапредување
Демек на шала ама погоди. Стварно имаат вакви терминологии. Абе не си нормална. Спојлер Инаку, да знаете дечки, астрологијата во дамнешно време, пред неколку векови била legit наука, не шарлатанство. Од неа ,,потекнува" и се развива астрофизиката како гранка.
Брејјј, од ко почнав да тумачам натални карти , ме наградија и со трофеј Е сега ти си на ред да ми гледаш на карти во таа темата анализа на форумџии - намерно те тагирав оти ме знаеш одамна Готово, доста беше офф топици, темата ја посрав со глупирања , се тргам на страна. Нека извињаваат @Lella и @referentka - нема да ја полнам темава со бош муабети, ќе се префрлам на четот.
На еден куп гледарици,бајачки,камени , извори ... сум бидена . Вакво нешто никој не ми предвидел Уште за курбан што ќе се даде да одлучам и мирно ќе спијам веќе. Фала ти Ми го направи денот
Со ова апликацијава за стареење има и младеење. Стиснав да се подмладам, сликата иста. Гени, на погрешно место сте пуцале, ама ипак фала ви, подолго "свежа" ќе им останам. Ни милиметар не ме помлади, јеботе зошто не ме сфаќаат после сериозно, ете зошто...
Леле...Никој не се бламира како Македонец. Нована реклама за лебови на Жито Лукс е тотален ушобол. Измениле текст на песна и нашле погрешни луѓе да глумат.
Денес внук ми низ муабет ми вели, кога ќе пораснам ќе имам многу пари, ќе бидам многу богат му велам кој ти кажува што значи да бидеш богат, и ми го кажува името на другарчето од градинка, си велам ех деца на пет годишна возраст од сега се опседнуваат со пари, а јас на нивни години не знаев ништо подалеку од игрите со кал
Никогаш ама баш никогаш не возете под дејство на алкохол. Другар имаше сообраќајна несреќа. Фала му на Бога добро е, и останатите се добри. Ама влако фалело да биде пострашно Не се комбинира алкохол и возење, никако. Мислам дека ми се скрати животот додека не добив вест дека се ок. Ми помина се низ глава, посебно затошто 15-ина минути пред тоа на групен чат се смеевме и си планиравме одмор за празникот. И потоа вест, сообрајќајка...Хорор во миг. Затоа, размислете уште еднаш пред да седнете зад воланот под дејство на алкохол. ДНК имаа добра порака: Don't drink and drive
Од кога сакам да кажам, многу ми се допаѓа рекламата на Hеineken пивото, ем си го рекламираат пивото, ама и поучна им е рекламата, дека кога возиш и едно пиво е многу, односно да не пиеш кога возиш.
Кај Словенците има порака дека министерот за здравство порачува/предупредува да не се пие кога се вози,а кај нас само се потенцира името и вкусот на алкохолот. Онаа рекламана со пивоно и секој ден 500 евра е огромен срам.
А за пушачите овде ставиле газдиве правило да не се пуши во станот во спротивно казна во глоба од 500евра.И ова го вметнал во договорот.
Светот околу мене - јас. Јас - светот околу мене. Некаде има грешка... ама никако да проценам каде е грешката...
Кога мислев се сум видела, запознав човек што има тетоважа на рака со сопственото име и срце до него Баш од љубопистство го прашав зошто си го истетовирал името, случајно да не си го заборави? А тој ми врати дека со бивашата девојка биле пијани и отишле да прават тетоважи. Мислеле дека убаво му објасниле на човекот како да ги тетовира, ама на крај таа немала ништо на рака а типов завршил со сопственото име и срце Сега собира пари да ја отстрани