Во автобус денес девојка седи на седиштето до прозор а столчето до неа беше слободно. Кога и да влезеше нов патник, упорно го ставаше палтото на слободниот стол за никој да не може да седне до неа. Стари лица, пензионери се мачеа да одат до задните седишта да најдат слободно место. Ако не сакаш некој да седи до тебе (макар што не гледам зошто и која би била причината ) стани и ослободи го местото или седи на задните седишта, стари лица да не треба да се измачуваат да одат до последните седишта.
Утро е. 7:20. Се возам во автобусите во јсп. Најчесто, се будам во бус, се соочувам со околината околу мене. Наеднаш до мене се почнува разговор, за некоја жена што многу и било тешко, била под притисок од мажот со разводот , плус од работата. Кажуваа како била емотивна, дур се расплакала на работа. Драги мои, знаете колку храброст има таа жена? Да, баш за тоа што е емотивна и пуштила солзи. Да бевте на нејзино место, вие ќњ бевте демек многу јаки жени. Неемотовни. Немавте да плачите? Еј, македончиња. Каде сте? Кај отидовте?
Времето назад не се враќа. А секој потрошен момент треба да е предвремено смислен за да сме сигурни дека не е за џабе. Ценете си го времето.
Секогаш треба да се стремиме да бидеме попродуктивни и колку што се може да вложуваме во себе,бидејќи тоа никој не може да го одземе, останува во нас во било каква состојба.
Секој милиметар изоден секоја секунда изживеано секој здив искористен, секој поглед направен е минато кое не се враќа но искуство и изживеаност кое не прави побогати, понапатени, посреќни или потажни. Се е завршено во тој движец од сите погоре споменати свршени нешта. Помудри или заборавени ќе сме по следното такво дејство.
Станата сум од пред саат време ама морам и официјално да станам оти ме чекаат обврски оти сигурно нема баба ми да стане од гробот да ги заврши за мене. Браво бе, прв пат да видам толкава одбрана за песната на Тоше во коментарите на русиве што ја превземале песната. П.С. @Dust , @LittleChili , @N0NamE , @Борат , фала што ме дружевте вчера на фемина четот , после муабетот со вас помирно си заспав у никое време
Велат секое чудо трае три дена. И навистина така е, само кој да сфати, научени сме да си ги оптеретуваме психата и душичката со правење помпа од се и сешто
Убавите манири и пристојното однесување и обраќање се учат дома. Надвор само ги фалат вашите родители или им е јасно колку време вложиле во воспитување.
Ми стигна нотификација на Фејсбук вчера, Црвен крст на Република Македонија го сменил името во Црвен крст на Република Северна Македонија. Сабајлево читам, им пишуваат на ѕид „Никогаш Северна, само Македонија“ и дека не ги поддржуваат поради промената во Северна. Не се во тек луѓево дека со промената на името и институциите мора да ги сменат имињата, или? Оти пред некој ден поминав кај Фондот за здравство и и тој сега е на Северна Македонија, и тие услуги не планираат да ги користат?
Тие услуги планираат, исто како што планираат плати и пензии да земаат од Северна Македонија, ама они никогаш нема да ја признаат како северна. Исто како што ракометарите, нели како најголеми патриоти парите си го земаа, ама најбитно северна на ја признаваат па затоа и признанијата од градоначалникот не ги зеле, за разлика од парите. Смешки...
Тажно е што многумина, својата болка ја доживуваат како потешка од туѓата. Стапот е стап, и боли и по твој грб и по туѓ. Малку повеќе емпатија и разбирање за другите, би бил огромен исчекор кон подобар свет.
Едно од подолни нешта човек што може да ги направи е да даде ветување и после да не го исполни. Не зборувам за мали и ситни ветувања кои никому не му штетат, туку за големи и значајни од кои зависи иднината на другиот човек. Да дадеш голем збор и после да го повлечеш е дно. Некој се надева и чека. Не цела година, туку цела иднина е во прашање. Мене 20 денари плус да ми вратат по грешка кусур ќе ми биде криво, а на вас секоја чест како можете да спиете после толку злобни дела.