Готово, се прибрав дома. Уз пат поминав до Мек Доналдс на сладолед и дочекав едно слатко изненадување. Та-даммм МАКЕДОНЦИ и тоа не намќори , туку баш услужни македонци, насмеани во фацките , баш пријателски расположени. Браво битолчани , морам да ве пофалам, се покажавте баш како што доликува во сервис индустријата Јасно ми е дека се дојдени да заработат пари и дека мораат да прават доволно саати за да земат некоја солидна плата, но она што ме израдува е што и покрај тоа што мораат многу да работат, сепак се покажаа во најдобро расположение. Јас обично знам да критикувам , ама овој пат навистина нема причина за тоа. Тоа е тоа што јадам гомна цело време .....значи додека си на работа од тебе се очекува тој пријателски однос, тимска работа , респект спрема колеги , а надвор од работа колку сакаш пцуј и понашај се ретардирано ко јас што правам Секоја чест уште еднаш наши . Ќе гледам пак да наминам кај вас бар за момент да бидам со наши луѓе Поздравче до сите со една добро позната легендарна песна
Да не била @christinnn, ако не грешам во Германија бевте и двете нели? Може и грешам, но ете помислив мал е светов, како може да налеташ на некоја феминка, па дури и во странство.
Кога ќе видам слика со некого у медитативна поза одма си викам сто посто има измедитирано еден саат од шала. Иди бре...
Мразам луѓе кои поради своето лично животно незадоволство шират негативна енергија наоколу. Има ли бе нешто што бар ве прави среќни во животот? Престанете негативно да смрдите!!!
Кога сме кај осет... Замисли некои едвај го преживуваат месецот или скроз се невработени, а ти им праќаш видеа и слики од Ибица, па Барселона, па Париз...Да им кажуваш колку убаво шеташ и уживаш, а луѓето со години ни до Охрид не можат да отидат. Ненамерно го правиш тоа. Не дека сакаш да ги повредиш, туку мислиш и тие за тебе се радуваат. Немаш осет. Имаш заборавено што значи да живееш со 200 евра и емпатија ти е непозната работа. Затоа секој ден пријателства и контакти се прекинуваат. Едни со други не се сфаќаат пошто нема средна класа. Или шеташ по цел свет и ти е гајле колку си потрошил, или едвај преживуваш и секој денар ти е битен. Само осет малку...
Пред неколку децении нешто шокантно, ново, чудесно било кога жените почнале да носат панталони. Менталитетот на луѓето што им се муртеле, биле жестоко против е истиот со оние кои денес вреѓаат и плукаат по машки кои носат шминка или фустан или по било што друго што е надвор од денешниве рамки на што тоа е машко а што е женско. Ама тие рамки се менуваат. Историјата постојано се повторува и повторува, а на вас е да одлучите дали ке бидете на правата страна. Нека умрат полови стереотипи и улоги.
https://www.crnobelo.com/zabava/eve...za-vreme-na-ciklusot-namesto-vloski-i-tamponi Се фрапирав од текстов . Навистина е така за жал . Поаѓам од себе . Кога прв пат добив , ми беше незгодно да му кажам и на татко ми . Сега , кога сум мажена , поинаку гледам на работите . Не секогаш можам сама да си купам влошки , па го праќам маж ми . Среќа па е опериран од срам за тие работи . Оди и ми купува . Се пресрамив и од татко ми . Здравје , кога ќерка ми ќе ја има првата менструација , ќе ја научам да не се срами да каже на татко и . Имав една братучедка , исто и беше срам да му каже за менструацијата на татко и . Мајка и почина кога девојчево беше 7-мо одделение . Тогаш мноогу наеднаш и се собра се , па велеше не знам како да му кажам на татко ми , а морам да си купам долен веш , влошки .. Девојчето се отвори спрема татко и , но и требаа месеци за тоа . Не сакам да дојде до ваква ситуација ќерка ми . Затоа ќе ја учам да не се срами од ништо , особено не од вакви природни потреби . Не се срамете од менструацијата бре жени . Како и да е , мажите знаат дека имате менструација . Криеле вие или не .
Да ќутам јер сум женско? Не ми личело така да зборам? Хахахахаха... Возрасна сум,ќе зборувам што сакам и како сакам... Кој не ме трпи,слободно нека иде во мајчину...
Како мала бев секогаш бунтовниот дежурен службеник на кој ништо не му побегнува од видно поле и сѐ си држи под контрола. Како помина времето, брановите некако поминаа и јас станав пасивен посматрач. Најубаво ми е кога доза на бунтовност ќе почувствувам, ми враќа спомени на старата, не толку зрела јас. И без разлика дали имало причина или не, сум жртвувала сѐ за да го "истерам моето". Не ми биле битни авторитети, друштва, фамилии. За среќа, повторно имам зачувано дел во себе, ама со плус граници. И мислев дека само како помала ќе се соочувам со тој проблем на несфатливост од младината и издвојување од средината. Ми пречеше, а сега сум најблагодарна за тоа... ми донесе можда 2, 3 реални чудаци кои не би ги менувала ни за просечни толпи од луѓе.
Да ми објасни некој како да заспијам ( и општо да живеам) кога целата се лепам и едвај дишам од влажноста на воздухов што е факинг 91%?!
Па и ако личното незадоволство е надоградено со верски фанатизам, се добива хронично деструктивна личност.
Многу пати сум кажала а и пак ќе кажам понечист народ од Балканци нема. Ако можат Европјани да се придружуваат до редот за ѓубре фрлање во одредени денови можеме и ние. Истото се однесува и јавни површини. Вчера на плажа секој своето ѓубре си го фрла во корпа. Дури и тој што ќе го остави, друг ќе го земе и фрли. Затоа не сум видела хартии по улици и тротоари. Се е чисто, да ти е мерак да седнеш на балкон и да гледаш. Свеста на високо ниво треба да се дигне.
Не знам во кој град е @christinnn , баш сега и манијачев последни мислења, се жали нешто , на плачење и иди, слободно нека ми пиши, ако сме блиску, специјално за неа ќе дојдам друштво да и правам и да ја расположам Иначе денес денот ми почна со шопинг во Primark , за ефтини пари човек ќе се дотера , ама барем не ми е криво и да се искинат после месец- два носење и перење, пак нови ќе купиме. Муабетот ми беше, ми остави впечаток еден дедо кој работеше на касата, абе човекот сигурно имаше 60 години ако не и повеќе.....раце му се тресат , битно он насмеан , остава впечаток како да ужива во тоа што го работи. Ми наплати , ми даде сметка и ми посака убав ден. Точно било тоа дека малите работи го прават на човек посреќен, што се вели доволна е една насмевка , ќе ти влијае позитивно врз расположение. Ај сега да седнам да лижам сладолед оти пак фати топлото а тука нема плажа, нема море, па ќе мора да одам да пливам у нужникот. Имајте убав викенд сите вие што ме читате
Многу сакам ова да го кажам. Здраво феминки ова е Ванзин. Ванзин 99% од времето е позитивна, 22 годишна девојка која со својата насмевка многу луѓе викаат дека им ги полни батериите. А најдобриот коментар до сега за мене што сум го чула е од една колешка, јас сум и била енергетски пијалок! Те обожавам колешке. Но, ова но почнува да боли се повеќе. Ванзин е во врска, веќе неколку месеци, скоро година! Уште малце и година, да. Типот ја сакаше, тоа и беше јасно. Но во последно време не е исто шо беше, и Ванзин да и се невиди се приметува! Па се нервира, па плаче, па каде е позитивноста? А себе највеќе треба да се сакаме нели? Зошто мора секојпат да го губам тоа....зошто не се сакам себеси највеќе? Да не должам најверојатно не му се поминува веќе толку време со мене како претходно или поим немам што, но јас него не сум му на прво место, а ни на второ... Мразам постов што е многу негативен и депресивен, а пишувам после толку долго време... Но, ете сакав и морам да кажам.. Некој во ЛП за малце муабет? Некоја позитивна особа со две три реченици да ми го направи денов е добредојдена во нотификации Плис. Фала ви.