Преведував десетина страници за еден настан, белките ми станаа црвени, очите ме чешаат од алергија, немам ништо јадено, во меѓувреме не можам да се справам со менструални болки, и одеднаш ми стигнува бесрамна порака дека не треба тоа да преведам туку други страници. Видов порака, оставив син, исклучив ворд, си влегов на интернет и еве чекам серии да ми се спуштат. Со блиски луѓе работа не се фаќа. Не верувам дека ќе бидам достапна деновиве...Големи се, ќе се снајдат и без мене...
СДК дека денес двапати свикав на велосипедисти кои возеа на пешачка патека и притоа зврцкаа да се поттргнам. Првиот или се усрами, или не сакаше да се расправа со "лудача" како мене. Вториот ми рече неколку пати "Абе ајде". Од утре застанувам пред точак да ме удрат. Сериозно, ќе се жртвувам, ама после една убава тужба ќе им пратам. Да ме запамтат
Официјално, на него сите Турци кои ги запознаваме му викаат дека е крејзи и лаки во исто време кога јас сум во прашање. Официјално, значи дека сум доволно дебела за нивни стандард.
Честo нaлетувaм нa "Се издaвa стaн зa стрaнци" нa фб вo пoследнo време. Кaкoв е тoј стaн зa стрaнци a кaкoв би бил зa дoмaшни? Штo се немa дa прoчитaш.
Во превод: кирија повисока од 300-400 евра + сакаме некој што сигурно нема да го издемолира станот. А да, обично тие за странци се со нормални услови. Пример, машина за перење. Нов фрижидер. Шпорет со четири функционирачки рингли. It's the little things in life.
Некa стaвaт висoкa ценa aкo мислaт декa им вреди стaнoт тoлку пa кoј се јaви -се јaви. Нaпиши -зa крaтoк престoј aкo ти е сaмo зa сезoнa, oбјaви гo нa букинг или aирбнб, aмa oвa зa стрaнци Рaсисти Не знaм дaли вaкa смее дa се пишувa, дискриминaцијa
Тие попаметните - поачик, де - се таму. Или тие што имаат ќерка/син што знае да среди. Оти полесно е да пишеш на фб дека новиот стан е за странци неголи да го средиш како шо треба, да платиш профи фотограф и да го огласиш на Аирбнб. Ама за другите, Фб е закон и устав. Во микрокосмосот на Мк, Фејсбук функционира и како Букинг и како Аирбнб и како Крегс лист и како Убер и како Амазон, и како Инстаграм, а највеќе како пазар.
Добар ден. И од комшиката од зградата од карши... Што секоја недела традиционално урла... со ВЕЧИТООО, НЕ МОЖЕ,ДАЈ ТАВЧЕТО...и слично...дијазепам е закон работа. Што глас ќе беше... И комшиката со милјарда децибели првосмукалка. И од овие со купусот на балкон. Живееме во центар каде мака со сообраќајна галама нема, има заленило околу нас, но затоа криците на џунглата се неизоставени. Еве и по грб го мава. Мислам дека ехото во гради му го чув на мажов. Ова е вњќњ за во полиција.