Денес мајка ми ја прашуваа за мене, а јас до неа Стандардните квешчанс: Брачен статус/ Банкарски извештај/ Крвна група Доказ дека некој не мора ниту да знае како изгледате, а сепак да им правите огромна разлика животот
Не знам за другите, ама како стареам, токму би ми било да се помирам со мрзливост, ништо не правење, живеење во колиба на плажа преживувајќи од кокосови ореви. Мислам дека над врвот на масловата пирамида е токму ова - сфаќањето дека внатрешниот личен мир и скромноста (добро сеа, баш и море не е скромно само по себе) се најважни. Јебала не капиталистичка трка полна болести и бубици у глава. А како би да не правам ништо повеќе... Простум уморна сум... И не знам зошто сите мислат дека мора да завршиш со све до 30тата година? Сплетот на нештата се одвиваше така, ама да скршнеше поинаку, све ќе беше поразлично.
Се заразив со филмовиве со убиства и сега неможам да бидам сама ама и неможам да заспивам навечер.Како и да е битно јас не престанувам да гледам.Обожавам кога ќе се открие убиецот и ќе биде некој кој не си го очекувал.
Ако ме распцуе некој да знам дека си ти , не возам на пешачка жими се, ама некогаш мора да де премине од негде до велосипедска, а некогаш знам и да се занесам малку
2 илјади лајкови, 40тина коментари и 100+ споделувања со неиронично себепронаоѓање и смеење Сите топтан сте за кај тие психолози што наводно „не постоеле“, а и младите околу вас што ве трпат да се проверат... За срам e каде живееме!
Го читам погоре статусот кoлку се среќни очајните домаќинки дека шамари јаделе наместо да одат на психолог, па ми текна дека лани видов статус со исти бисери за тоа колку порано среќно си живееле. И овде на темава ги имав пишано, па да се потсетиме на убавините од минатото: Моментот кога буквално мозокот ти застанал со работа, а ти си застанал статус да пишуваш за убавото детство Ние бевме едно семејство Блазе си ви...
Од прости, повеќе ме иритираат љубоморни луѓе Раскажувам со возбуда оти другарка ќе оди на егзотична дестинација на одмор, за која долго сонуваше , од другата страна добивам: „Види ја ти нејзе ” и реакција како да се удрени од гром. Викам да, замисли која дрскост со сопствени пари да правиш што сакаш Пипл нид ту факинг рилекс
И мене ми е смешно. Сама со себе се зафркавам некогаш. А на психијатар одам цел живот, и сум против физичко насилство
Кога моите ми купија стан во друг град за да се одделам од нив и почнам да живеам сама, од роднините и сите што разбраа добив едно: „Синкир нашите не се деца, синкир тие не сакаат во посебен стан да живеат“ или „Морало принцезата веќе да се оддели од нејзините, многу амерички филмови гледа“. And guess what, ме узминуваат по улица и не ми прават муабет.
Грижата за менталното здравје во Македонија : при обид за самоубиство болничките трошоци за дадената интервенција ги праќате на приватни иако имате здравствено осигурување со образложение дека сами сте си ги предизвикале повредите. Окааајј Следно ваљда ќе биде не интервенираме при обиди за самоубиство секако сакал да умре што ќе го спасуваме.
Јас ќе бидам Ако гледаш дека со една рака туркам количка, со друга држам дете за рака и ми зврцкаш да се поттргнам, многу ќе се караме Цел булевар во Аеродром има велосипедски патеки од двете страни, ова е врв на некултура што ми се случило во последно време. Не се ни премести, само продолжи да си вози и да вика: "Абе ајде". Првиот си замина со брзина не светлината.
Пред 2 години на овој форум се запознав со една прекрасна личност, којашто и ден денес ми остана многу добра пријателка. Се гледаме ретко бидејќи живееме во различни градови, но тоа не не спречува да сме квалитетни пријателки и секогаш тука една за друга. На форумов се запознавме во темата за анксиозност, двете патевме од слични проблеми и со часови знаевме да си праќаме пораки и да споделуваме моменти од тогашниот наш и не така сјаен живот... Сега после 2 години е толку променето све, но од позитивен аспект за двете. Созреавме уште повеќе, станавме појаки личности, сфативме дека животот е краток и залудно сме го трошеле на нешта и ликови што не биле вредни. Во мојот живот има места само за луѓе како неа и за никој друг, односно луѓе со кои се полнам со позитивна енергија. Поентата на овој пост е дека форумов придонесе да имам стварно квалитетна пријателка во животот, иако имам и други такви се разбира ама она е посебна бидејќи го одеше истиот трнлив пат како јас.
Го држам внук ми,кој има само 20 дена,го гледам и неможам да се изначудам,како од едно семче мало искача цело човече,премногу го сакам,и него и внука ми (сестричката негова),они се мојот живот,животот би го дал за нив
Искрено не сум знаела дека има толку голем интерес за мој ддв,го инсталирав по инсистирање на роднина и сега партали правам два дена над 10.000ден сум скенирала
На стаклото на прозорот во мојата соба се појави мала пукнатина. Со текот на времето процепот се ширеше и ширеше. Гледав како стаклото пука, чекајќи го денот кога ќе се распука цело и ќе се скрши. Дојде и тој ден, се распука надолж и попреку, но не се скрши. Како да почна да одолева на сите временски неприлики. Го залепив, колку што може да се залепи стакло. Го гледам својот лик на него, ја гледам таа пукнатина на мене, залепена, сошиена, излечена, но белегот е тука, да ме потсети на ужасите низ кои поминав. Колку и нештото да се лечи, никогаш неможе да зацели скроз.