Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сум многу опуштена, на ништо не мислам и се надевам дека денот ке ми тргне како што треба и дека среќата ќе ми се насмевне (феминки држете ми среќа)
     
    На Lovely93, SparkyAngel и Insatiable13 им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мразам кога некој е лош со мене без причина.

    Сите луѓе си имаме грижи, секирации, фрустрации и нервози, ама не е решение ако на првиот на кој можете се истурите за целиот свој живот !!!

    Некои луѓе се толку негативни, веќе не можам ни да ги поднесам до мене. Само шират негативна енергија, одвај чекаат прилика за да ти плеснат нешто в лице, им пречи кога си насмеан.

    Ако имаш мака, искажи се ако сакаш. Ако не сакаш, чувај го во себе. Но, не се изживувај на некој трет, кој не ти е за ништо виновен.
    Ги губиш луѓето околу тебе !!!

    Знаеме дека најблиските го јадат први, ама треба да се има осет ! :^)
     
    На Mama25, eliesaab, Lovely93 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Авантурите на доктор Влечка Анаконда (втор дел)...

    Кога бев мала пишував книга со тој наслов. Се работеше за некоја луда докторка која има чудни начини на лечење и е многу зачмаена и трапава. Знам, глупа приказна. :D
    Во последните неколку дена се чувствувам како Влечка Анаконда. Секое утро се будам како од Марс падната. Се занимавам со гледање во една точка и фантазирање(секако, и правење некои смеси кои ги викам отрови, онака, за зафрканција). Во слободното време си ја трескам главата од ѕидови, тераси, шкафови, врати, бандери...
    Вчера беше од тераса. Играв т.н баскет со братучед ми. Во дворот, под терасата, со влечки и еден забеган отвор наместо кош, на два метри квадратни простор. Скокнав за да ја фатам топката која се одби од „кошот“. Ме спречи терасата. Добив и една добра џумка за спомен. :D
     
  4. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Веќе ми е смачено од луѓе кои постајано се жалат, на пример од баба ми. Сфаќам дека секој си има некоја болка, што посакува да се откаже од животот, а и јас сум имала такви моменти. Но, тоа не е решението. Готово, ќе се самоубиете и што сте направиле? Дали сте размислиле пред да го сторите тоа на оние кои што ве сакаат? Дали сте размислиле како ќе им биде на нив после вашата смрт? Во тој момент сигурно сте го посакале тоа, но знаеме дека секогаш постои подобро утре.Колку пати само ми се има случувано тоа, еден ден да тагувам, а утредента да ми се случи нешто убаво.Животот е убав, не го велете обратното, бидејќи ако сами не си го направиме да ни биде таков, никој неможе да ни го направи.
    Живејте како што сакате, сакајте се себеси и имајте надеж, никогаш не се откажувајте бидејќи не е крај на се. :) Ве сакам сите, останете ми со добро здравје. :*
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Nos vamos a Fuengirola que allí no nos ve mi papa,
    nos vamos pa la costa que allí podemos ser malas.
    Copita que va y viene, chupito que viene y va,
    y así me pasaré bailando to el fin de semana.
    Y un pa acá y un pa allá, y un salir y un entrar.
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Од сите измешани вредности и правила во општествово нешто што најмногу позитивно ме нервира и ми е смешно е несоодветна облека за конкретно место, настан...

    На плажа или базен со штикли, едно кило пудра и триста тракатанци, џунџурии, тропалци, џиџимиџарници на неа. Јас толку накит за цел живот не сум носела колку што таа носи за едно одење на плажа. :D

    На журка иде исто како да работи прва смена во банка. Шпиц штикла, црна панталона, бела кошула, пунџа на глава, со шминка која се гледа од километар, а требало да изгледа дискретно. Па ќе се туфка цела вечер, ќе праќа погледи, ќе превртува очи, ќе се мурти зашто ја туркале, ја буткале, пунџата и' ја изместиле, ја згазнале на штиклите... Ало, ова не е канцеларија, журка е, се игра, се скока, има пијани, издрогирани, секакви, сигурно нема да ти постелат црвен тепих. :fubar:

    На запознавање со родителите на дечко и' оди со кратки панталончиња од кои УБАВО (без да ѕиркаш) и' се гледа задникот. И ова сум го видела, најсериозно, жими сВе. Јас такви ни на плажа не облекувам, ама таа сакала да се претстави во најдобро светло. :rock: Баш тоа го слушнав. :nod: И ај објасни му на некој дека е без мозок, кога нема мозок да го сфати тоа.

    Научете се еднаш засекогаш бре веќе што за каде е. Не можеш во театар по апостолки да отидеш. Можеш? Не. Епа како бе на журка одиш по штикли? Исто е. Тоа што за некаде нема точно определен дрес код не значи и дека не постои некое општо прифатено правило во врска со облеката.

    Да не се разбереме погрешно, одма да не ми скокнат сега слободоумниве на форумов и да не почнат со проповеди дека ако ми смета можам да свртам глава, кој, како сака така може да се облекува бла бла бла... :D Ич не ми е гајле да ви кажам. Ако сакаат и голи нека одат, јас ќе им се посмеам на плиткиот мозок, а таа ќе мисли којзнае што направила. Јас на журка ќе се изнаиграм, а таа ќе се туфка цела вечер. :rock: Ај чао.
     
    На ines.h, Mama25, Umbrella22 и 22 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.850
    Допаѓања:
    101.582
    Пол:
    Женски
    Откако пред 10-ина година имам интернет,членував на многу форуми ( и ден денес),и тоа многу порано пред да отворам фб профил, се сеќавам на еден форум ,за еден машки член,кој ми беше многу симпатичен со своите постови,со здрава доза на хумор.Ретко сретнував некој таков женски пост.
    И ден денес кога ќе сретнам некој машки член,по форумиве,ме одушевуваат фантастично сериозните или поучни одговори,на некои женски проблеми. Имало и бисери ама кога размислам некогаш и тие бисери биле на место.Зошто?Затоа што ние жените сме склони да бараме и очекуваме таканаречени климнувачки со глави,а не сакаме да слушнеме и да прифатиме нешто што не ни годи.
    Во едно сум сигурна од мојот долгогодичен форумски стаж,е тоа да ретко кој од таквите машки членови е злонамерен.Зашто и најстрашниот и ''најстрашниот'' наш проблем,можеби е лесно решив ,само ние тоа не го гледаме,зашто најчесто само себе се гледаме.
     
    На Mama25, Dvolicen, Lovely93 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Последниве 9-10 месеци ми се случија многу работи кои што тотално ме изменија. :D
    Ама од се можеш да извлечеш некакво наравоучение ко што би рекле постарите. :)
    Јас си извлеков неколку поуки и реков ќе си ги применувам, да не ги правам истите грешки повторно. :P
    Од сите тие најдобра ми е една барем за мене, а таа е дека се што е мое кога и да е ќе дојде. :)
    Ете деновиве и една случка ми го потврди тоа.
    Другарка ми има тетка немажена која што има 39 години, која што тотално имала изгубена верба во љубовта, ама Господ за секого има по некој испланирано. :)
    Пред неколку месеци била на свадба кај некоја роднина и таму се сретнала со колега од факултет, биле само познаници, ама ете и тој сеуште не ја пронашол љубовта на својот живот се до тогаш. :)
    Ете сега се заедно и изгледа работата била сериозна. :D
    Муабетот ми беше дека за сите на светов има испланирано нешто, дека ќе се појави некоја личност и дека од пишаното не се бега. :)
    Многу ми е мило вака кога ќе слушнам некоја приказна. ^_^
    Најбитно е да не губиме верба во ништо, еден ден се ќе биде подобро. :)
     
    На sweet-star, Lovely93 и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Апел до сите напалени тинејџери, 'возрасни', нимфомани, авантуристи... :~:

    Значи, за остварување на вашите сексуални потреби и фантазии, постојат места кои се соодветни за тоа. Затоа пожелно е таму да си остварувате сите сексуални перверзии, далеку од очите на јавноста. Не секому му е пријатно да ве гледа како се 'парете како животни' наоколу!

    Фала пријатно.

    Луѓе, вчера тоа што го доживеав, ме запрепасти. Се враќам од град, во 2 часот по полноќ, и затекнувам пред врата пар, онака ноншалантно, се 'парат' :D Се надевам фактот дека живеам во зграда, на 4ти кат доволно говори... :wasntme:
     
    На la-chicka и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Луѓето се себични.
    Пак и пак ми го докажуваат тоа.

    Некако себичноста на луѓето станува правопропорционална со љубовта твоја кон нив.
    Ако, гледајте си сите за себе.
    Ако, јас уште малце на лексилиуми ќе живеам.

    Cheers.
     
  11. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Форумов ми стана, Сакам кажам, не знам речам.. Ретко да најдам некој пост од омилената феминка и да си се изначитам убаво.. xx :)

    Инаку, нели имаше едно девојче памелче? (мислам така беше потпишана) Кај загина? :o
    Од врснициве само нејзе ја читав, сега и неа ја снема :?:
     
    На Dvolicen и aaaaa им се допаѓа ова.
  12. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Љубомора и само љубомора. :x
     
  13. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    од глата си патиме... |(
     
    На Umbrella22, LittlePinky, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за речников што ќе го употребам... али убаво се осеќам упм. :rofl:
    Убаво ми е, бе. :rofl: Све е до психата лујџеееее. :rofl:
     
    На kala21, anuskaNESTLE, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    СДК дека вашите позитивни или поучни (сеедно) постови ми го развеселуваат и најтмурниот ден. Понекогаш кога без причина се однесувам како да е крајот на светот, ќе прочитам мислење на некоја феминка и сфаќам дека не само мене ми доаѓаат такви моменти и чувства, сепак женски сме. :D Исто така сфаќам и дека не треба да се преувеличуваат работите и дека треба да се ужива во секој момент, бидејќи ниеден од нив не се враќа. И дечко ми понекогаш не ме разбира, и како да разбере кога тој никогаш не доживеал ПМС. Фала богу заврши, си се олеснив денес. :D

    Сакам да кажам дека ми е мило што сум дел од форумов, досега ми влијае многу позитивно и ме одмара психички од секојдневието. Имајте пријатно попладне. :)

     

    Прикачени фајлови:

    • Coffee_C0531.jpg
      Coffee_C0531.jpg
      Големина на фајлот:
      371,7 KB
      Прегледи:
      463
    На Viktorijaaa5, Ketrin.Moon, ku4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.101
    Пол:
    Женски
    Патеки што водат кон една цел..Живот,мечти,емоции.
    Конфузни моменти кои се прикрадуваат како странец во ноќта.
    Чекорам по зацртана линија во боја на виножито.Сонцето далеку допира со своите зраци.
    Луѓе,суети,остри движења на асфалтот...
    Се прашувам кон која патека итаат?
    Секој е во потрага на својата приказна.Таинствена и неповторлива.
    Дали и мојата е една од оние што оставаат трага зад себе?

    И ти беше дел патниците што ја бараа својата потковица.Меѓу толпата погледи на перонот,го забележав твојот лик.Го чекавме истиот вагон,оној што одненадеж се појавува,не трогнува до дното на душата и срцето,ни го опседнува разумот и не носи кон едиснтвениот пат.
    Некои упорно го бараат,а ние интуитивно зачекоривме по него.
    Кај тебе е синиот дел.Јас ја пронајдов црвената половина.
    Само еднаш од искрата вивнува пламен.Среќата ретко доаѓа на дланка.
    Ја одгатнувам содржината на приказната и ја живеам целината.
    Погледот што ме растреперува ме прави среќна.
    Совршенството го наоѓам во искрената прегратка.
    Ја испивам голтката што ми ги засладува деновите.
    Наздравувам за чудните,несфатените,различните.

    И ти скрој си план што ќе го живееш.
    Создади си цел за да имаш вечност.
    Одгатни ја желбата.
    Таа е најубава секогаш.
     
    На WaffleGirl, Katerinceee, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека си сеуште дете во душа, кога ќе се фатиш како го нагласуваш она ипол во одговорот на нечие прашање колку години имаш... :wasntme:
     
    На WaffleGirl, bittersweet, cheetah.girl и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Како што годините поминуваа порано или подоцна ќе дојде момент, во кој за се што сум се борел-кариера, пари, власт...ќe гo изгуби своето значењe и за мене нај важното ќе биде да имам топол дом, вкусна вечера, жена и дечина до мене, кој знае во студените зимски вечери со колку лажички шеќeр ќе го пиеме чајчето :$ ...
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Животот нема правила ,животот е правило само по себе :|
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.729
    Пол:
    Женски
    Моментот кога си го преуредувам гардероберот и наоѓам нови фармерки ^_^

    Само си се чудев од кај ми се,зашто знам дека не сум ги купила...и буквално останав ваква :o
    Не можев да верувам,моите омилени фармерки.Доаѓа сестра ми,ми вели: ,,еее јас кога ти велам од пред некој ден да си видиш убаво,може некое изненадување ќе најдеш‘‘ , јас пак ја мислев се шали. :wasntme:

    **
    Ахх петок 13 ми беше ептен возбудлив ден.Баба ми ја среќавам на патот ми вели,дојди помогни ми да одам до матичниов да си ја земам книшката.Отидовме,седнавме таму,доаѓа сестрата и баба ми и расправа дека донела две книшки (една стара и една нова што ја вадела пред месец-два).Сестрата се умори од барање,арно ама само едната книшка ја најде, и и вели зошто извадила нова кога во старата уште имала место и уште и важела.Баба ми се заинаети и убаво и вели дека две книшки донела (малата била во поголемата книшка ставена),а оваа веќе почна да се нервира.И кога извади од книшката мала електронска картичка.Баба се израдува, и вели: еве ја, ја најдовме. :clap: Само што имаше мала грешка, и’ го заборавила името дека е електронска картичка па си ја кажала книшка :rofl: Добро,битно се разбравме на крајот :lol:

    Имајте убав остаток од денот :hai:
     
    На ColoursOfTheRainbow и Lella им се допаѓа ова.