Мачкава што ја хранам ме сака повеќе од некои луѓе. Можеби и од сите. Благодарна е што се грижам за неа и не ми суди за ништо. Штом ме види, трча до мене. Ме гледа со очињата и преде, па го трие главчето од мене. И после 25 години, нема да престанам да верувам во љубов ни во добрината на некои луѓе, но дефинитивно ништо посебно веќе нема да очекувам од нив, а едно животно секогаш ќе го гледам како поспособно да сака.
Фала ти. Имам нешто пишувано во слободно време, за себе и блиски. Бар онаа експресија од емоции што ја имам да ја пренесам на нешто што ете ќе може да се прочита и присети во иднина. Иако тоа е ретко, многу ретко. Најчесто тие мисли остануваат таму каде се створени. А овака за нешто комерцијално, не. Немам што добро да понудам на светов. Доволен е форумов, како еден дневник и потсетник на она што сум решил да го чкртнам тука. За сега.
Колку е само убаво кога ќе си станеш од спиење наспан, па ќе се излежаваш уште пола саат, па после кафе на тераса заедно со денешното ветерче, па еден добар туш, па искачање на појадок со другарка. Милина ми е.
Откога се воведе МОЈДДВ, неможеш пред КАМ и СТОКО поштено да најдеш фрлена фискална и да се офајдиш од туѓ трошок Добра испадна меркава и за заштита на животната средина
Времево во Грција се расипа...доаѓа невремеАма сега е некако најубаво.Мириса на море а ветарот те разладува.Водата е прекрасна
Тоа е тоа балканското у нашиов народ, отидов на тераса да си пијам кафе, од спротивната тераса ене ти ги комшиите, ги оговараат новите комшии што се доселија летово кои биле, што биле, па со колку биле, па кај работеле и 300 глупости.Па ете ти, немаат попаметна работа, земаа и мене да ме прашуваат, кај ќе сум запишала факс, дечко дали сум имала, а еднаш у 6месеци на добар ден сум ама да се соберат информации за следното пиење кафе и теми за оговарање други комшии нели... Налет и кафе и све, да не може човек на сопствена тераса да си одмори на мир.
На кого кога ќе си легне му доаѓаат мисли дека ќе умре и дека е болен од нешто и наеднаш осеќа насекаде болка? -Секако дека јас.
https://tera.mk/во-делчево-бесплатно-ќе-се-склучува-бр/ Во Делчево нема да се плаќа тарифа за склучување брак...тоа гарант е дека веќе нема кој да се мажи/жени па си викаат ќе се ислаже некој сега кога е без пари Кој знае дали и Берово ќе ги следи стапките на Делчево
Денес од посабајле си видовме згодна маж во кратки пантолочичи и јаки мускули Ау бејби. Баш ми го напрај дено.
Вчера касно, одиме три другарки и еден другар по тротоар. Ние три најблиску до улицата наредени, другарот највнатре на тротоарот. Проаѓаат 2 мотори со 4 машки се на се на нив и успорија блиску зад нас и ни свиркаат со моторите. Другарот ни заврте глава да види што е работата, и една од моите другарки му се развика да не се врти затоа што ние веќе три знаеме што е работата. Интересно како ние сме навикнати/знаеме за такви нешта а другарот појма немаше. Хм.
Сдк Порано одев во зоолошката затоа што премногу ги сакам животните.Веќе не одам затоа што премногу ги сакам животните.
Лутината ми поминува многу брзо само заради едно...Постојано се чувствувам како да немам време.Се чуствувам како ова да ми се последни моменти.Дали е вака и кај вас?