Тој што сака и го прави ова во реалност не го пишува по форуми. Онака ко гром од ведро небо Се додека го правиш ова и писуваш и форумов ти е како истушен вентил ти нема да тргниш по свој пат како што ти си го замислуваш..да не бидиш мајка, да не куваш и незнам што Ке ги слушаш (читаш ) другите и само ке се нервираш и тоа нее животот ти што го посакуваш . Ај поз
Сакам да кажам ДОСТА Е вака не се живее. Ама немам глас, немам сила, се откажувам што сака нека бидеее веќе, ама чувствувам дека ќе ме нема наскоро.
Нема никогаш да ми стане јасно како некој по загуба на блиска и сакана личност е во состојба да пишува срцепарајучи реферати на социјални мрежи уште истиот ден?! Ако не стигнете да кажете колку некој го сакате дури е жив, после џабе е се.
Излегов сега надвор и што да видам некој ми уставил мало кученце пред врата.Се надевам дека сум грешка и дека е на комшиите и дека избегало.Премногу ги сакам но мајка ми не сака да чуваме кучиња но ако го оставиле нема јас да го оставам.
@piksooki можеби е дојдено да ти го разубави лошиот ден... И мојот ден е лош,и многу други ќе бидат,се додека не добијам сила.
Веќе 30 минути со едно мало црно маче се расправам. Пред еден саат ја видов мајка му како се шета. Трауми си имам од детството и многу се плашам од мачки. Мачето успеа да се заглави измеѓу два ѕида и почна да мјаука, јас сакам да му помогнам ама се плашам да не ми се појави мајка му од негде. Се затворвив внатре, а сега имам грижа на совест за мачето. Морам да му помогнам некако .
@piksooki што направи со кученцето? Си го земаа некои или остана кај тебе? @Peperutce1115 немој да имаш грижа на совест. Ако мајката не те познава има шанси да те нападни. Ама и зависи колкаво е мачето, ако е поголемо има помали шанси да те нападни. Исто така ако е заглавено, мачките многу добро знаат дека сакаш да им поможиш и ќе те остават. Ама подобро е ова да го напрај некој кој не се плаши, или човек кој мачката го познава. Пример мои мачки мене не би ме нападнале, и би се обидела со другарка за мачето, каде една ќе ја држи мајката мачка на начин на кој не можи да мрда. На standby да биди. Ако имаш другар/ка шо знај вака да држи мачка слободно сврти телефон. Ако ти е страв сама подобро не прај ништо јер стравој се сериозна работа. Крај краева мачка е, сигурно ќе се снајди.
Готово, го спасивме со еден човек заедно. Душава ме болеше како мјаукаше, ептен ми беше жал. Му реков на човекот ти гледај ако се појави мајка му од некаде, барај одма начин да ме спасиш бидејќи јас готова сум . На крај испадна 1 минута работа .
Кога станав наутро дознав дека кучето било задевено од страна на кучето на комшиите.Ногу сум тажна,беше многу мало и слатко.
Сакам да,кажам мразам песочни плажи. Детево пуно со песок едвај се мие. Песок секаде и од,секаде излегува. Цел апартман со песок, џабе чистиш. Ужас, веќе само бетон за мене. А порано толку многу го сакав !Кога бев помлда секако
Сакам да кажам , обожавам песочни плажи. Подобро на песок ќе лежам барем меко е, отколку на бетон да се здрвам целата. На млади години не сакав песок, а сега гајле немам, слободно после пливање у песок си седам и ич мува не ме лази. Мирисот на море во комбинација со ситен песок на плажа ми има посебна атмосфера. Па шетање боса по песок , покрај обала по ситен песок, абе милина. И се тоа изгледа идеално доколку температурата е нормална , а не 40 степени , ма какви 40 , па и 50 П.С. Прв ден ПМС , од сите страни ми е топло и внатрешно и надворешно, не можам да се трпам ваква.
Малку несоодветно за оваа тема но, кој може да ми објасни како можам да проверам дали дипломата од факултет која ја поседувам е признаена во Шведска или не, да ми пише. Благодарам однапред.