Најдосадниот дел од денот е вечерта.. Да не знаеш што да правиш. Пукам од досада. Седам ко да не сум жива додека надвор врне и ја пиам 3-тата чаша цедевита.
СДК Тоа што пишувам на секс теми и сакам да пробувам нови работи не значи дека сакам да ги пробувам со вас фемина бојз. И не сакам да ги гледам вашите голи фотографии затоа што не ме занимаат. И ако не ме интересираш не значи дека сум дете. Посебен поздрав до @Robson
Сакам да кажам дека не е фер што бришете мислења без да јс кажете причината. Нит навредивме некого со членката, нит исповоциравме
Мислам дека не е дозволено цитирање у таа тема ама сепак мора да ти стигне нотификација со причината зошто те избришале. Модератори нека не ве мрзи да образложите
Сакам да кажам дека ми фали. И дека јадам навечер затоа што ми фали. И дека ме нервира шо е рамнодушен. Мме негово.
Ви беше испратено известување дека е забрането цитирање во темата, мислам дека е доволно добро известување.. Згора на се, во тема како што би му кажале, логично е да не цитирате никого ... освен ако не си ја препознаете жената/мажот како сака да каже нешто на швалерот ете тогаш имате благослов и од мене да цитирате..ма да во тој случај подобро е дома да се разберете
Си лежам и го слушам глувчето под мојот кревет(кого мајка ми го видела пред некој ден но потоа неможевме да го видиме и мислевме дека некако избегло надвор)како си оди.Добра ноќ на мене вуху
Последните неколку денови ме следат само разочарувања. Се прашувам дали другите се толку променети или тоа сум јас. Или едноставно само сум одбегнувала да ја видам вистината.
Лесно е да осудуваш,пробај стави се во негова кожа. Таков народ сме све некој друг ни е крив за нашиот неуспех,и најлесно е да најдеш оправдување поради тебе не сум тоа што треба да бидам,ти ме уназади.
Поголема лага од "ВРЕМЕ ЛЕЧИ СЕ" не сум чула. Шипак лечи. Оние кои имаме изгубено драги личности во живот пак се присетуваме на нив, повторно се осеќа празнина бидејќи не се тука покрај нас. Не ми е јасно зошто пак те сонував. Присетувања на убавите моменти, подготовки за на одмор, заеднички планови и зборовите кои болат - секогаш ќе бидеш моја, а јас секогаш ќе бидам твој - И за џабе потрошени години за на крај да ме изневериш со друга. Зошто бе пак те мислам ? Нели бивши си ми? Нели си имам сега нов дечко ? Зошто ми се појавуваш на сон ? Ништо не лечи времето. Пичка му матер едит : само кучево може да ме развесели, фацичка една
Зошто пмс от мора да биде толку комплицирана работа?Незнам што да кажам повеќе...така ми се навлекува под кожа.Сакам да се карам со сите,постојано сум нервозна.Како ѓаволот да влегува во тебе.Помош
Саати потрошени во пребарување хотели, некои имаат категорија геј френдли, некои соодветни за деца, некои исклучиво без деца... Е целиак френдли нема Врти, сучи, сексот продава. Другото не е битно
Незнам кај им текна ама се организирале 15 души да дојдат кај нас. Тетки, стринки, баби, чичковци, братучеди. Некој првпат ги гледам не ни знам што ми се. Ама битно дошле. Океј тоа сакам запознавање со фамилија ова она ама они за друго се тука, да солат памет. Седнавме сите и они почнаа: -Детето ако се роди на втори илина мора да се вика, не е убаво тоа име што сте одбрале. -Женава ич не и гајле дека е бремена, сигурно за ништо не се грижи -Види каква е со твоето дете, не го сака -А со тебе па? Ти ли ќе чистиш, неможела да те испегла? Чекајте бе малку луѓе. Туку така судите? Стоп малку Тоа е наше дете, ние си одбравме име што ни се свиѓа, се договоривме така да е, наше дете наш избор Не се грижела за бебето во неа? Епа не сте со неа секој ден за да знаете. Она секој ден овие девет месеци читаше се и сешто. За бременоста за пораѓај за се Ќе ме викнеше и ќе ми објаснуваше, ова сега се случува со бебето, ова е потребно, треба да се конзумира повеќе, ова треба да пијам, ова да јадам. За се читаше и многу пазеже, беше загрижена, само јас знам кога ќе дојдеше и ќе паничеше да одиме на контрола, чувствувала нешто, сакала да го провериме бебето Не го сака тоа бебе? Абе ајде Цело време беше со раката на стомак, ми збореше постојано какво ќе биде како ќе го чуваме, растеме. Моето дете е веќе и нејзино, го сака и се грижи за него, го сака како свое. Љубовта се познава За мене не се секирајте. Супер ми е. Единствената жена на која и е грижа за мене. Која прашува како сум, секогаш ме ислушува, советува, сака. Нема да ми падне круна од глава ако исчистам, испеглам, направам ручек. Срамота било, абе ајде. А не е срамота на 30 години мајка му уште врвки да му врзува и во тањир јадење да му става. Па мажот само за секс ли е? Она да неможе да се мрдне од болки а јас да и викам ај стани испеглај ми ова, напрај ми она. Тоа ли треба? Ептен се изнервиравме и двајцата. Мислам ќе се породи од нервоза. Друг пат веќе нема гости примање, само оние искрени пријатели и роднини, со кој ни е пријатно, никој друг.
Друштвото не ме вика сабота за ислегување - јас во 2009 година punch: - јас во 2019 година - поарно шо не се јавија
Купувам во специјал од тие ролованите со фил + лиснато + чоколаден мус. На продавачката и викам "За тука". Се чуди дека се е за мене и очигледно имам намера се веднаш да изедам и ми вика "На човек поскапо му е тебе да те нахрани него ли да те облече". Story of my life.
@Feminka192 Јас 2009 - немам другарки и никој не ме вика за излегвање - Јас 2019 - имам една другарка и конечно замина на одмор малку да поседам дома Како и да е ме пресмеа. Сакам да кажам ... ПМС.