Што е бе со манијациве на форумов? Океј да имаме по некое машко за разменување мислења, НОРМАЛНИ, на само на тема секс, ама ова е веќе претеризам. Преземете си нешто админи, или преименете го форумов во maleina.
Пријaвувaј слoбoднo ќе се рaзгледa и ќе се пoстaпи кo штo требa oд стрaнa нa aдинистрaтивниoт дел oд фoрумoт
Сакам да кажам дека напрајв детална генералка на цела соба, вклучувајќи и прередвање на плакар, со секции: фрлање, давање, па после подкатегории на среденоста на плакарот. Туку, зошто уште ми се смеј со јас од 2009 и јас од 2019 на @Feminka192 уште ова да напишам: Јас во 2009 кога врвев низ емо фаза: Јас во 2019 кога заостанав во емо фаза ама сум возрасна:
Една година помина, а толку нешта се сменија, но благодарна сум за се` што се случи и ми го промени животот. Среќна сум, слободна и уживам во младоста, а свадбата до 30ка минимум ќе почека. Cheers
Реално голем чекор во животот, и убаво си размислила и си постапила пред да го преминеш прагот. Ти посакувам се најдобро сега, и да бидеш со тој што ќе те заслужува
Е вие сте разврзале за облека, свадби... Јас на плажа отидов, ме касна медуза, ми се закачи албанец за врат. Леле колку се напорни и нападни, буквално ме влечеше за рака. Уште и сакаше да ме баци, избегав. И така денот заврши, сега ноќта нека почне.
Смееме да знаеме што се случи, и зошто олку нагло се премисли? Прашувам зошто искрено кажано ме изненади кога пиша дека ќе се венчаш. Те следам долго време и не делуваш како девојка која сака брак.
Не би сакала да навлегувам во детали, едноставно сфатив дека избрзав и тој човек не беше за мене, што ми го покажа во многу наврати тие неколку месеци по запросувањето. Од денешен аспект-дефинитивно не сакав брак,но можеби од страв да не го изгубам се согласив во тој момент. Иако беше болно искусво, научив многу за себе, се засакав, започнав да работам на себе и едноставно ме направи да сфатам дека треба да си бидам на прво место и дека мојата среќа е најважна. Мило ми е што собрав храброст и не дозволив да се впуштам во нешто што секако ќе завршеше, дури и многу полошо од тоа што заврши. Се распишував, но, ова нека биде совет за сите девојки кои можеби поминуваат или ќе поминат низ нешто вакво-Ако гледате дека не оди, застанете и размислете што понатаму.Бракот нема да ги реши проблемите,само ќе ги продлабочи. И секако, сакајте се самите себе, со сите свои мани и добри страни, сакајте се секој ден..
Глупоќата на македонецот ќе ја видиш по тоа што седи изрешетан од комарци по дома место да си купи аутан и се жали за комарците како не било прскано. Децата бумбари, ама да се прскало. А што преземаш ти? А никаде во Европа не се прска... Ама кај нас плус се жалат од загадувањето... Мизеријо белосветска.
Девојче, се цитираш себе со мислење од пред една год, и искрено ќе ти кажам, честитки. Не се цитираше за да пишеш дека си се развела.