Баш си седевме пред малку со мајка ми, во друштво на нашиот босилок, намачкани со Аутан, ама, глупоќата белосветска по се изгледа ги привлекува комарците. Тоа е. Фала ти што не просветли ни требаше ваква информација.
Јас: умирам од притушност и жешко и се топам како шо лежам на кревет како сладолед. Исто така јас: се покривам со фротирка на нозе оти инаку чудовиштето од под кревет ќе ми папа нозете. Ова баш на душа ми лежеше да го кажам. Шо уствари сакав да кажам е, драмата е најуба ко ќе си дел од неа и ја одрасниш и успеваш како возрасен да ја перцепираш ситуацијата. Па од таму, преѓе седевме, по редослед: јас, бившата на бившиот, бившиот, сегашната на другар на бившиот, другар на бившиот шо е бивш на бившата на бившиот. Ок, ново омилено ми е другар на бившиот шо е бивш на бившата на бившиот. Брзозборка.
Добро, македонскиве медиуми не знаат ли да вработат лектори, кои ќе ги поправаат во правописот новинарите нивни кои ги пишуваат текстовите и колумните? Една од причините зошто ги следам македонските медиуми многу ретко. Никој не е совршен ама кога ќе отворам некоја веб-страна на некоја телевизија тоа текстовите ми го оштетуваат видот.
Претседателот на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници на стори на инста става видео од рандом девојка која си оди по улица без да се посомнева дека манијак оди позади неа и ѝ го снима задникот. Утре овој истиот ќе ви излезе на ТВ и ќе раскажува како тој се бори за најдоброто за жените заглавени во проституција, ќе продава приказни за морални граници и ќе ви кажува како ако се легализира проституцијата ќе тече мед и млеко за жените заглавени во неа, дека магично ќе исчезне дехуманизацијата и насилството врз жените заглавени во проституцијата. Гајле му е нему и за жените и за дехуманизацијата и за насилството. Нему му е битно да му тргне бизнисот, да се зголеми работата, да се продава сексапилот што така желно го собира од рандом девојки од улица. Бљак, ми се згади. Ужасно ми се гади кога помислам кој ги застапува интересите на тие жени.
О, Вие светици, каде сте сеа да се испотресете за неосетот у темата "македонските јавни фаци"? И после некои од вас немале ништо лично против мене?! Нејсе, сеуште сум на ставот дека конкретната дебела шалтеруша е одвратно суштество.
@Rebecca_R Јас лично се согласувам со тебе на 90% од темите, но сепак тоа што го кажа ми изгледа невкусно и неочекувано од тебе. Инаку штом и понатаму го спомнуваш и ти се врти во мисли, значи сепак можеби размислуваш дали со кажаното си била во право. А ако го спомнуваш водена од потребата да докажеш дека си во право, тогаш еве јас ќе бидам првата која ќе ти каже Браво Бека, супер беше кажаното. А за темата Македонските јавни фаци имам и претходно пишувано дека е одраз на се' што не чини во нашиов менталитет.
@Purplelilac јас сум свесна дека е невкусно и не се обидувам да се оправдам. Реков дека имам злобна жичка и одредени ситуации во кои биле повредени моите чувства и моето достоинство така влијаат на мене. Можеби и не сум во право, ама со навредата се почувствував ослободено од негативната енергија која ја имав во себе тогаш. А сметам дека моето мислење немаше потреба да добие толку внимание и разглабање. Секогаш внимавам како се изразувам, па и конкретното мислење не е напишано случајно. Дежурните ми се нафрлија, ко одамна да чекале прилика да ми кажат нешто.
Сосем ми е јасно колку понекогаш тие гадни однесувања од рандом личности може да повредат и верувам дека оправдано си лута на жената. Не верувам дека си лоша личност Бека и тоа си го докажала во многу наврати, само ете твојот пост повреди и други личности. Целосно се согласувам дека реакциите се понекогаш пребурни. Се претерува кога 15 луѓе му објаснуваат на една личност. Ми се има и мене случено и знам точно како е. Како и да е, да не должам понатака. Се надевам дека не ме сфати погрешно.
Sugar rush: му се истура тортата уз печење надвор во шпоретот и загорва. Јас, инвестирана во тортите:
Се радувам кога повторно почнувам да инвестирам во себе Денес почнав да вежбам јога. Се чувствувам одлично, убаво. 30 дена предизвик правам, ама знам дека нема да останам само со толку, познавајќи се себеси и својата истрајност. Имајте убава вечер
Таман ќе се пофалам некому за нешто што набрзо треба да се случи, така ќе се искомплицира стварта, што почнувам сурверна да станувам и да мислам дека моето фалење ми е баксуз
Што ружен ден... Кога не знаеш што е проблемот? Не знаеш што да правиш?! Облациве како да ни тежат на раменици.
А не ни навивав за нив, другата торта поќе ме бендисваше ама ме заболи кога му се истури оти заборај да стабилизира кружните калапи. Едит. После ова гледав кога правеа лустер торта, ја редеа од помали спратови кон поголеми и ја обесваја да виси и така ја сечеа. Никогаш толку немам гледано нешто без воздух.