Веќе ништо не ме изненадува. Ми пишала една од најдобрите и најблиските другарки што ги имам во мојот живот дека се верила и се спрема за свадба па да си знам дека сум поканета. Е сега некој ќе речи, епа добро де, се вљубила, си го зела за маж, што се сега мешаш? Ама реалната ситуација не е таа. Мажот е 60 годишен швајцарец, а она е моја генерација 1985. Кога ја прашав го сакаш ли ? Единствен одговор што го добив беше ; не можам повеќе да издржам во Македонија, не успеав да земам БГ пасош , а сакам да живеам во Швајцарија, па он ми беше единствена прилика. Ах бре другарке, од тебе ова не го очекував - ти беше најмирната во наше друштво, онаа со конзервативни сфаќања, онаа која веруваше во вистинска љубов. Значи стварно немам коментар. Со среќа нека ви е. Нема да ти се мешам во одлуката, ама јас не би можела така, иако сите што ме читаат знаат дека умирам за да живеам во Канада, ама не би зела 60 годишен маж по секоја цена за да останам таму. Тоа е
Најлесно во животот е да се жалиме и самосожалуваме. Океј е до некаде, пошто поттиснување на емоции не е добро, но што кога прераснува во секојдневие и води кон депресија? Што ако додека чекаме некој друг да нè тапша по рамо, едноставно не ни текне дека и самите можеме да си кажеме: ,,Можеш ти преку тоа, ќе биде подобро, не си ја мачи душата, заслужуваш подобро, прости си, те сакам"?
"...Постојаното селфување е недостаток на самодоверба..." Сашо Тасевски , тукушто прочитав статус кој го имаше објавено. Дали интернетот прави дебили од луѓето , а особено од генерациите како доаѓаат?! -Да! Дали бројот на лајкови ја зголемува самодовербата на луѓето и обземени од убавината на "допаѓањето" сликањето во секакви пози , голотии , дак фејсови , како дрога ги опседнува ?! -Да! Светот е полуден.Се плашевме од влијанието на телевизијата, а консумацијата на интернетот не ни бараме веќе да се намали.Ма скрос да се укине. Ама нема кој.И бабите имаат фејсбук. Кој да каже прв дома да се исклучи интернетот.Дрога на сите е! И застрашувачки е.
Да да, голем лајк за Сашо Тасевски indeed Му го прочитав статусот, идиотот зборува за убиство на руска инфлуенсерка најверојатно извршено од бивш дечко од љубомора, и акцентот му е на тоа дека имала провокативни фотографии („да не рече курва“, ама рекол), а решението било дека не требало да се селфуваме. Дно, како и секогаш. Полуден е светот во кој обичен сексист, вулгарно дно од човек без трошка култура и ни М од морален компас како дотичниот, може некого да инспирира да филозофира со клишеа дека интернетот ни е крив за сè!
Мајка, другар со сите деца. Додека се шетав со неа со не знам колку деца разврза муабет. И на англиски со комшичињата кои летуваат тука, а живеат во Холандија. Па и со едни палавковци што носеа торти од пелени од ресторанот, си претпостави дека се мекици во прашање, па и посака добредојде и весел живот на некоја мала Јана што се родила денес или некој ден претходно. И на крај и со едно кутренце кое го нахрани со смоки дур правевме пуш пауза. Мислам дека утре ќе го домкне дома. Што душа ќе имаше...
Ете го од пред некој ден пак муабетот. Дека не е битно што има психопат кој е способен да измасакрира жена, дека out there е животно способно да исече грклан некому и да го пикне у куфер, туку битно е што жената имала голем број следбеници и имала провокативни фотографии. Акцентот пак врз неа, за нејзиниот лајфстајл. За него ниту еден збор, ниту изработен психолошки профил нити ништо. Цел пост напишан за неа, збор за него не. Дно е овој Сашо, ДНО. Мизерија.
Ми падна во очи таа реченица и ја изделив надвор од контекстот за што му е пишуван статусот. Потполно се согласуам за тоа како го гледа убиството на инфлуенсерката , и мојот пост овде се однесува само на таа реченица која ја одделив , ок? Може така ? Или ок е да се билда егото со дак фејсови и така да растат генерациите ?
Така е тен44енце , еве почнав од себе. А ти во што се пронајде мила ? Белким не во голотија на социјалните мрежи и да си добиваш лајкови што повеќе ? А , драга Тан4енце ?
Всушност многу едноставно е да се укине интернет. Ако ти смета, не плаќаш сметки и толку...немаш веќе интернет. Колку милиони луѓе заработуваат преку интернет? Колку милиони интервјуа за работа се држат во моментов на интернет? Колку семејства се гледаат со саканите во странство на камери? Колку сродни души се запознале на интернет и колку деца се родиле заради интернет? Ама да, нека се укине проклетиот интернет, па не е битно што милиони и милиони луѓе ќе пропаднат. Работи, бизниси, контакти, ништо тоа не е битно...Битно е лајковите дека прават дебили. Светот не е полуден, туку оди напред со времето. Расте и се развива технологијата. Го олеснува секојдневниот живот на поединци. Луди луѓе секогаш имало и ќе има, а за тоа не е крив интернетот. Тоа е во природата. Интернетот е многу повеќе од обични лајкови/инстаграм/фемина, но доколку досега не сте ги увиделе позитивните страни, слободно исклучете го.
Можеби јас не сакам да ги слушам. Нека кажат на некој кој е родител (иако не е гранција дека ќе сака да ги слуша), не да продолжуваат откако ќе видат дека нема фидбек и дека ја затворам темата. Што ги наведува таков муабет да почнуваат со личност во 20-ти години која нема деца? Мене да ме интересираа туѓи деца, ќе учев за воспитувачка. И кога ќе имам свои деца, нема со луѓето да зборувам за нивните детски игри. Или правење голем настан од затнато носе, ете јас што немам деца знаев дека ќе му помине и дека нема потреба од драматизирање, не дека тие не знаат и не поминале десетици пати низ истото, ама кога не умеат нешто попаметно да кажат, мора со тантара-пантара да ми го трошат времето. Телевизиите се денес бетер. Одамна помина златното доба на телевизијата. На интернет барем во голема мера ти одбираш што ќе гледаш и што ќе читаш, на ТВ некоја будала одбира за тебе.
Добро, користам социјални мрежи и ставам слики што од мене, што фотографии од природа што го сфаќам како една занимација. А дали се разголени не е ничива работа, ни твоја. Или да не провоцирам можда ако се разголени? Патем благодарение на тој интернет по кој сите плукате сум дознала и многу корисни работи, сум се гледала со роднини на камера, сум запознала другарки, сум истражувала за теми за кои сум заинтересирана. Исклучи си го интернетот, никој не те тера да го користиш.
Сакам да кажам дека јас мавам селфиња оти мислам дека сум уба. После то клавам селфиња зошто мислам дека е греФ уба слика да не е клаена.
Ќе си го исклучам ако сакам де , исто колку и ти што можеш да си дремиш на интернет и по 24/7 , јас во мојот пост не ти забранив за да те допре толку.И сликај се колку сакаш и како сакаш, ми е гајле , од таквите како вас со дак фејсови вистинските вредности и успеси на младите и општо на луѓето не можат на ред да дојдат за лајкови Претпоставувам тука си се пронашла толку , што на раат не може човек да си напише што сака од вас , одма рипање
СДК дека користам интернет 24/7. Муабетам,објавувам фотографии,читам лекции за да добијам пошироко знаење кое е побарано од факултетските професори и читам како да си го одржувам здравјето по она што ми се случи,учам,мрчам на форуми... Животот ми е полесен.