Има нешто посебно во тоа да се шеташ низ центарот на градот со корнет сладолед кој никогаш не си научила да го изедеш без да си ја разубавиш и облеката со истиот За мене само Радост, па мака да си немам
Абе у право си, не велам не. Ама ете, си им се нашла на патот. Д поинт ис некад не зборат за да се чуени. Туку да си кажат што им лежи.. Ич не барај логика зашо тебе ти збореле..
Едвај чекам да се мафнам од оваа Германијава. Ајде уште нецелосни два месеци и чао тути, ова с*ање од земја не можам да го поднесам. Единствено нешто што ме мотивира е враќањето дома, да би била приморана да живеам тука би цркнала. И да, ние балканците сме злато во споредба со овдешниот гнилеж од народ ( со чесни исклучоци ) . Ама нели, поубо е да се плука по своето секако. Кај нас е се грдо, просто, лошо, заостанато. А јас моментално пишувам седната на ладните скали во ходникот, прибидејќи на ценетата ретардирана газдарица и текна да ни го исклучи нетот од инает. Кога сме кај интернет, пола места кај што баравме смештај се без нет. Сакавме да си земиме месечна карта за на фитнес. И упс, сум морала годишна да вадам. Болница не работи навечер, ако ми се случи нешто скрајада, не знам кај би одела. Немој ни случајно да ти се пријаде нешто после 10,11 часот навечер, све е под катанец. Небитни процедури полно. 21ви век, живела Немачка. Али не, кај нас не чини ништо.
Тоа шо газдарицата ти го исклучила нетот не е оти е Германка, него оти е луда. Или има некоја причина за тоа, сеедно. И те молам кажи ми кај имаш нет кај нас коа идеш под кирија. За другарка прашуем. Друго, имаш дежурна болница, имаш и брза помош. Месечна карта за фитнес нема, ама нема ни годишна. У глобала имаш неделна, или па треба да платиш едно 60 евра на годишна чланарина, и плус да си плаќаш месечно. Сегде е така у свет. После 8, евентуално 10 саат работат само Мек, Бургер, Сабвеј, Кфц, оти тоа е Германската култура, се знае коа и колку се работи, се знае коа се одмара. Исто и у Недела ништо не работи, па затоа сите купуваат ден два предходно. Само пред да идеш негде, треба да се заинтересираш шо, како. И, да баш поради сите причини шо ги наведе, и уште мал милион други Германија е у 21 век, а Македонија у 16 пред наша ера.
Братучет мој е во Германија,веќе скоро 3 месеци,и има само пофални зборови,и да работи во Мекдоналц рмба како коњ,но рмба за убави паричиња,плаќа кирија со нет секако,никогаш немал никаков проблем.Ако си платила смештај со нет,ке ти биде со нет,ако плаќаш а го немаш,имаш полиција пријави слободно,па ке видиш што ке и се случи на газдарицата.Само да те известам дека ти супер поминуваш,јас во Хрватска преживеав невиден пекол,луѓе ме молеа да викам телевизии и полиција,да се снима што све прават газдите,али не сакав до таму да ја терам,работев по 18 саати за е*ани 500 евра,јадев на 2 дена еднаш,спиев по 4 саата на ден,ти си супер чим имаш време на форумов да седиш.
Чек сеа следи она фамозното „да не може човек да напише пост без да му се нафрлат“. Инаку скроз се согласувам со ова што го пиша.
И јас имав неубаво искуство во Германија како студент и знам како се чувствуваш... мене лично ми беше мизерно таму. Мизерно на работа, со мизерни колеги, мизерни луѓе... колената ми се до ден денес оштетени од тоа што возев еден скапан велосипед. Живеевме во едно село во пустелија, немавме ни маркет, моравме да си купуваме тоалетна со точак или автобус од едно скрооооз друго место. Но, една работа ќе ти кажам. Верувај дека ти таа Германија што ја доживуваш сега, не е вистинската Германија. Вистинската Германија е многу, многу поразлична. И поубава. И германските работни навики и германската дисциплина ќе ти помогне да стигнеш многу далеку во животот, ако успееш да ја преџвакаш и да научиш нешто од неа. Тоа што ти е чудно оти се' е затворено навечер е оти така треба да биде. И тие што работат по продавници и други сервисни места се луѓе. И во Љубљана се' е затворено, и во Виена, и во Прага.... а во Италија и Шпанија дури и по неколку пати на ден, пошто сиеста. Така се постигнува здрав баланс помеѓу работата и приватниот живот и така луѓето остануваат здрави, долговечни и продуктивни. Ова нашето е погрешно, не нивното. Ако ти се случи нешто, никој нема да те остави да умираш. Колешка имаше сериозна сообраќајка, сосе операција, сосе хоспитализација од неколку недели и се' помина во најдобар ред. Не плати ни денар за тоа. А да... купи си УСБ со стик за нет, ги има во Алди и ќе имаш нет на лаптопот. Пред 6-7 години беа 60тина евра сосе Интернет за цел месец, после само Интернетот се доплаќаше уште 30тина евра. Мене ептен ми заврши работа ова, плус не ти треба договор. А ако сакаш Интернет на телефонот, купи си германска СИМ картичка и активирај ја, ќе имаш 3г и 4г, а можеби и 5г. Мислам дека и за тоа нема да ти треба договор, прашај во Лидл и Алди, имаат евтини пакети.
@christinnn те разбирам потполно. И јас имав прелошо искуство во Германија, затоа и се вратив многу порано од очекуваното. Газдата беше гад човек, рмбавме од утро до мрак со 2-3 саати пауза (а во договорот беше само 8 саати). Работевме се, и еден човек мораше да работи работа што реално двајца или тројца треба да ја работат. Да не зборувам како очекуваше одма да се навикниме и да работиме со исто темпо како тие што си биле со години таму, не ни даваше шанса да се навикниме. Работев од сабајле во кујна работа за двајца, ми викаа дека сум бавна. После од 30 степени в кујна надвор да бришам прозори на 10 степени ветер дури дува. Се испоболив едвај оздравив од ко се вратив. Па и јас на ова би рекла златна Македонија (иако е далеку од златна). Ниедна сума на пари не вреди повеќе од моето здравје, физичко и ментално. А, и не бев доволно добра за газдата па ми се дереше ако не ми чинело да сум се вратела Македонија. Интернет немавме во апартманот. Купивме сим картичка германска но за активирање мораше со video call и мораше на германски да зборуваш. Дм се обиде на англиски да зборува и дрско му исклучуваа. Не само што не знаат англиски Германците, горди се на тоа и не сакаат да чујат за друг јазик освен нивниот. Барем од мое искуство. Исто така имам чуено дека источна и западна Германија се разликуваат. Западна Германија е поразвиена. Имам другарка што работи на остров во западна и многу повеќе и е погодено од колку мене што ми беше. Ние бевме во источна во едно запуштено село, жив човек немаше по улица. Од време на време по некоја кола. Ghost town буквално. Нема ни маркет ни аптека ни ништо. Сите рмбаат од јутра до сутра. И времето такво грдо, меланхолично се ми делуваше, малку фалеше во депресија да западнам. Знам дека битно е да се работи, ама па по цел ден не. Тоа не е живот според мене. Јас сакам да работам за да живеам, а не да живеам за да работам. Не велам дека секаде е исто, сигурно има многу поубави услови некаде. Ама ете таквиот лајвстајл не е my cup of tea. На посета би пошла пак Германија, има многу убави градови и градби, ама за работа никад више.
Она кога појасот у кола си го савам на стомакот за да визуелно го смали и притисне. Смеја сум значи. А најсмеја сум шо побарав вињетки на бензинска. Македонија сме... И колава што ми е како да живеам у неа. Среќа ѓубрето редовно си го фрлам, ко по дома исто. Ама затоа резерва гаќи, шминки, два пара кондури, пар патики, пар фармерки и маица. Ќе си закачам тои тои за да биде комплетно. Исто така убаво ми оди и се смејам што колешката го вади најдоброто од мене.
Тебе дефинитивно не ти се погодило во Германија па плукаш тука по Германците. Сите заедно од балканот држави не вредеме како еден дел од Германија.