Или "писмени" како нивните критичари, или во најмала рака изолирани од актуелниот тренд на бојкот на правописот од тинејџерите. Годишнина од брак - само ние уникатно славиме. Со мрсен хамбургер. Тежок е билдерскиот живот, еднаш неделно е неоходен одмор од wanna be fit амбицијата
Често пишувам огромни постови во темава, буквално си ја истурам душата во нив, и додека го завршам постот сфаќам дека веќе ми олеснало што сум се искажала и го исклучувам прозорчето наместо да го објавам мислењето. Многу работи сакам да споделам тука, но кога се работи за нешто премногу лично, горната тактика функционира совршено. Така направив и предмалку и веќе се чувствувам олеснето. Затоа, нема да зборувам за негативности. Наместо тоа, ќе ви кажам дека и покрај многуте работи што ми се случија изминатиов период, јас сум среќна. Имам се' што ми треба во животот, па и повеќе. Само да сме здрави и живи, ништо друго не е важно. Убава вечер
Ај што направивте километарски разговори за спојување на личноста на мајката и бебето, што и има смисла, ама пак како никој не ги спомна паровските соединувања? Еве ме мене Муабетов ме потсети на ваквите случаеви, а тоа е она што мене ми боде очи Глаголи во множина, заеднички ставови... па дури и заеднички профили шта речи.. Ми се случило да прашам колешка: - Еј до кај си со предметов што го спремаш? и таа: - Па до пола СМЕ со дечко ми. ( wtf?! ) Сличен случај, каде прашувам другарка што ќе носи на апсолвентска, а таа ми вика: - Па ние сакаме да сум во жолто. ( double wtf?! )
Абе не е досадно. Кога знаете да си најдете нешто за занимација да си направите да ви поминува времето нема никогаш да ви биде досадно. Еве јас си се анфажирав и од сабајле до вечер дур не си легнам си имам многу обврски , весело ми е , зафатена сум , ми поминува времето и навечер кога си легнам веднаш си заспивам.
Kaко да ги накалемам гранките на ова мое 20 годишно дрво, кога временскиот траект со брод ми го прегазува дрвениот праг? Постојат денови кога ниту омилената пита од лимон, и слаткиот шумски чај не го затоплуваат студенилото кое мава со камшик по мојата душа. Сакам југ, Ом! Доста е со северот господару, му реков праќајки му телепатска порака гледајки кон блескавото соѕвездие... Колку ли книги исфрлив од рафтовите на полицата денес за да се ослободам од занданата на минатото? Се каам, не дека не. Но, беше време да се ослободам од веќе стекнатото знаење, и спомените заврзани во црвена панделка кои како подарок висеа лежерно на секоја корица. Сеуште, ништо не го менува фактот дека минаа 3 ипол години од смртта на моја блиска и драга личност. И дека јас не си оставив прилика да го исполнам ветеното кое го дадов во себе на неговиот вечен дом. Сешто ми остана се спомените кои виреат под железната прачка за лулање во дворот. Огорчените лица кои со вперени прстови, и вина длабоко продрена како јанѕа која гриза подиво и од канцер и ги впрегнува канџите и растреперува комфортно, ширум низ моето тело. Те молам Ом, спаси ме денес. Утре, задутре. Биди со мене, погледни ме. Скрој ми среќа, макар и последна пред да заминам.
Прилично студена јунска ноќ... свеж воздух... мирен ветрец понесен од ѕвечкањето на штурците. Мирна ноќ со јасни ѕвезди и полна месечинка. Сепак не. Силна бучава што го пригушува говорот на штурците од возилата на улицата под мојот прозорец, како и мирис на штотуку испржени компирчиња во пола литро 2 недели стојан зејтин, од соседите од 3кат. Мирис кој ме тера да го одвлечкам мрзливиов задник и да го затворам прозорецот, секако, ако не сакам да заспијам како во амбиент на некоја кујна за fust food.
На денешен ден пред две години се зачленив на форумот. Точно две години поминаа. Сакам да ви се заблагорарам на сите, некои што ми помогнаа, некои што ми доделуваа добронамерни критики и некои што ме трпеа до сега Се зачленив од радозналост, бев "дете", а сега сум толку променета од тогаш... Форумот е навистина најпрекрасното нешто, за дружба, помош, за се. Многупати велев дека ке го напуштам, дека нема да се вклушам повторно кога ке се одјавам но едноставно неможев, зараза е. Сакам да кажам дека ми недостасува онаа дружење од порано, кога се зачленив. Како што минуваше времето многу постари феминки го напуштија форумот, сега ги нема тие убави и квалитетни мислења од порано и ја нема онаа дружељубивост што ја имаше порано, но тоа е... се сменија времињата... Бидете ми поздравени и имајте убава вечер. Ве сакам сите
сдк за време на фудбал жените можат слободно да шетаат и голи по улици додека мажите зјапаат во телевизори и викаат гоооооол... сдк нема што друго дасекаже. Пак вие бидете Дами а јас Озбилна Спојлер не го тепам мојов жими мама
Има ден кога не можеш себе си да се препознаеш. Има ден кога човек оди од крајност во крајност. Има ден кога или темелно ќе се изнаплачеш или од срце ќе се изнасмееш. Како што јуни не знае да се однесува добро така и јас не знам што се случува со мене. Денес е тој ден ,таа мешавина од емоции,таа чудна вибрација во мене. Не сум лута,не сум нервозна,едноставно стагнирам. Дали во позитивна или негативна насока,ај донт ноу,бт ај ноу дека ова е затешје пред бура. охоо и те каква бура....
Најубав роденден, со најмилите луѓе околу мене, преубава ноќ со друштвото, и ноќ и сабајле со љубовта моја. Преубав почеток на оваа година
Еднаш еден човек ми рече - “Земјава е психијатриска болница на Универзумот”, се насмеав. И после неколку минути се растажив бидејќи беше во право. Трудејќи се да преживееме полека се убиваме себеси, но и меѓусебно. Секојдневието ни станува трка за предметите и вредностите кои сами ги измислуваме. Не е доволно што сме живи, ни здрави, ни целосни, секогаш уште нели? Бираме цели кои не уназадуваат, имаме соништа кои не упропастуваат. Измислуваме игри заборавајќи дека правилата некој друг веќе ги поставил. Па стигнуваме до крајот запрашувајќи се како сме стигнале до дното и каде се скалите за нагоре. Зар некој некогаш помислил дека има се што му е потребно? Зар некој се задоволил со она што е, она што го носи на себе и во себе, она што го одржува во живот?
Одбирам да бидам човек... Да простам, да го заборавам лошото, а да запамтам добар гест. Да признаам кога ќе погрешам и да го кажам оној најтежок збор: „Извини“. Се чувствувам подобро како човек... Поради некое добро дело и убави зборови, дури и ако другата страна не ми возврати. Нема врска... поубаво е вака... Убаво е чувството кога ќе легнеш ноќе во креветот и лесно заспиваш, бидејќи нема темни сенки што те прогонуваат поради лоши дела. Чистата совест е од непроценлива вредност. Добра ноќ
Многу "мразам" кога некоја книга што ја читам е толку интересна и немам мир додека не ја завршам цела во еден ден.После тоа не знам што со себе да направам. Amen to this my friend,amen !
Сакам да кажам дека многу среќно ќе го завршам денов и ќе си заспијам најубаво со звукот на дождов Добра ноќ феминки
Па не знам со кој памет сум седела лани кај тоа швабите, бог да чува! Да знаев дека може да биде и вака, и дека не, не сме робови ако одиме во странство, ќе се спакував и ќе дојде овде. Пешки, ќе препливав, ќе автостопирав бродови и авиони. Гад блес Америка, да не се подречам, ама фино да ти било тука. Е сега не е дома, нема маме и тате, некои прилично тешко го поднесуваат тоа дека треба сами да се грижат за себе, треба да работиш и тоа многу, ама сепак се чувствувам мнооооогу, ама многу убаво. Имам се' што ми треба и што немав лани. Не знам, некако кежуал и опуштено пристапив на целава ситуација и тоа е тоа што треба да направиш откако ќе го затвориш куферот. Малку почиња фазата на нејадење, неспиење, ненормално слабеење, ама, хаха, бринг ит он! п.с. Њујорк е прекрасен, и тоа малечко, минимално делче што имав време да го видам. Морам да се вратам барем на еден ден, да видам тоа што ми остана.
Еден од знаците дека дошло лето е звукот на авионите кои запрашуваат.А бре летаат толку ниско што мислам дека ќе ми го видат разголенот газ во кревет. Вчера се изнервирав и изнаработев .Главава се почесто ме боли,се изналокав апчиња од сите видови.И така зашеметена во дворот почнав со лупа да го барам таканаречениот пркос.Еј,3 кесички насеав ама едно никнато цвеќенце не најдов.Ми тера тој на мене инает многу повеќе,а баш го сакам онака кога ќе се отворат цветчињата во разни бои. И така,изигрував пронаоѓач,ја исчистив летната кујна,ручек,пери,пеглај,чисти,бриши,а синоќа дури и излегов со комшивката на шеткање.И се жалам за моите се почести главоболки,а таа ми вели,знаеш сум чула дека има некој маж што баел по телефон.И демек одма поминувала главоболка,се смеам викам којзнае каков бизнис развил дотичниот и какви первезни работи има кажувал на жените ,па веднаш им поминувала главата.А таа одлепена дава предлог ние да сме отвореле таква линија за баење,малку хот малку оче наш,има да наплатиме добро.Вели ако не друго низ годиниве научивме добро да стенкаме. Луда жена. Списокот за купување е готов само не знам со кои пари ќе купам тоа што е потребно.Уште 2 дена принцезава татина заминува,а јас ќе останам да си ги грицкам ноктите. Имајте убав,свеж со мирис на липа,ден.Мојов така започна.
Ако слушнете на вести девојче ја отруло својата фамилија да знаете јас сум тоа Денес ја имам таа чест на домашните да им зготвам ручек Денес хороскопот ептен ми го погодиле. Ми пишува да стојам подалеку од нештата што ме прават носталгична за минатото и дека ќе се повредам повеќе ако дозволам старите рани да се отворат А јас денот си го почнав со песна баш што ме потсеќа на минатото Ќе сум запознаела личност што ќе ми покаже дека новите почетоци можат да ги избришат старите спомени. Е баш да видам. Ако некој го направи тоа ќе има частење Се прашувам која ли е таа личност? Требаше другарките да се збереме кај една другарка, ама јас не отидов, оти нели треба да готвам И така не ми се одеше поради неколку причини 1) Деновиве едвај имам енергија да го наместам креветот. Дали и ќе стигнев до куќата 2) Ќе јадевме сендвичи, а јас сум на должност да ослабам 3) Дома имам и книги и филмови, пак нема да се мрднам од креветот (не дека не сакам, не можам)
Let's not kill the karma Let's not start a fight It's not worth the drama For a beautiful lia Can't we laugh about it It's not worth our time We can live without 'em Just a beautiful liar