*Сеад кочан примил инекција јер му се слошило оти ќе лежи затвор. Штета. Да знаел дека ќе го фатат ќе бил психички спремен и немало да му се слоши... *Сеад кочан болен легнал после една ноќ во идризово. Ударна вест. И тоа ни е гајле еве го плачеме.
Нема помакедонско од она на секој подолг застој, особено на граница да искачаат надвор од кола и да стојат до неа правејќи си гласен муабет со тие шо останале внатре. Ама некои жени своеволно се во тоа. Сакаат. Исто ко во порно индустријата.
Нормално ли е толку да боли кога ќе помислиш/видиш/слушнеш за бившиот и новата личност, месец дена после раскинување? Никогаш не мислев дека вакви работи ќе ме повредуваат до овој степен. Се чувствувам себично, никакво. Сакам да помине. Не можам.
Тоа се 10% од целата индустрија (според истражувања е бројката, не ми е од ракав извадена). Па нека се и 90%. Зарем заради тоа што има такви што своеволно го сакат треба да заборавиме на овие што се на сила влезени? Проституцијата, а и порно индустријата се длабоко мизогини индустрии. Не можам да го ставам индивидуалното добро пред колективното.
Ако ме прочита подобро ќе ме разбереше. Не вади од контекст. Не реков тоа, туку реков дека нема врска проституција со силување и дека се друга приказна тие што се влезени во бело робје со сила. Добро ај... што те цитирав па и јас.
Многу добро те разбрав, само ти кажувам дека имаш погрешен поглед на проституцијата. Ако те интересира, можам да ти ја препорачам Elly Arrow, германка која има многу истражувано за проституцијата (која патем во Германија е легализирана). Има канал на youtube, слободно отвори и разгледај и ги видеата. Има и блог. Ако мислеше дека со тоа што ме цитираш ќе ти речам "да во право си", поарно и да не си ме цитирала.
Кој знае колкав е процентот на жени кои доброволно се влезени во проституцијата. Некои се принудени да велат дека доброволно го прават тоа. Реално никоја жена не ужива во тоа. Која жена би сакала некој си три дена небањат турист да и се лигави врз телото, да ја искористи како парче тоалетна, да и фрли пари и да си отиде. А дека има некои кои го трпат ова со цел да заработат брзи пари - има. Мал процент се, ама заради нив се прави легална рамка за проституцијата. А потоа таа легална рамка се користи и за белото робје во кое се принудени многу други страдалнички и против нивната воља. Многу од ни се малолетнички. Деца! Проституцијата и порнографијата одат рака под рака. Не знам дали сте имале прилика да прошетате на ред лајт дистрикт во Амстердам. На таа улица работат околу 400 проститутки (на смени). Тоа е шокантно искуство. Жени зад решетки, заробени и во служба на задоволување на машките перверзии. А надвор еден куп народ, ги гледа, ги одбира како да се лубеници на пазар. Некои ги сликаат со мобилните (иако има забрана за тоа), па девојката ќе отвори врата и ги пцуе. А 10 секунди потоа ќе им кажува на други луѓе што се она ќе направи за 50 евра. Стари луѓе кружат околу нив како зомбија и као не можат да се решат која да ја одберат од младите девојки на излозите. Некои од нив сигурно имаат и жени дома што мислат дека они се на „службено патување“. Гадно и тажно. А најјак момент беше кога видов како една постара жена помина и се загледа во едно девојче што „танцуваше“ на излогот. Се погледнаа во очи и девојчето престана да танцува, се засрами и го отргна погледот. Веројатно погледна во жена што ги имаше годините на нејзината мајка. Ако не и постара.
Тие се 'наштимани' набрзинка да земат 50 еу. Веруј ми... Толку се профи што кој и да е нема да издржи повеќе од 4 мин. И не. Не верувам дека не се своеволно таму. Тоа сепак е Амстердам. Може кога сака слободно да се тргне од тие стакла.
И јас така мислев, се уверив во спротивното, тука се полоши @Amellie13 На работа и друштвото ми е погодено ептен, ама местово вришти од депресија. Навечер нема кај да излезиш и да се издуваш, премртво е. Да би била приморана да живеам тука, би било казна за мене. Сфаќам, менталитет поразличен, не се шетачи и живи луѓе како нас. Општо, во секој поглед се чуднички. Колку е правилно тоа "однесување" не знам, ама дефинитивно не е ни мој cup of tea. @Herrera ти симнувам капа, секоја чест за одлуката да живееш сама далеку од сите. Огромна жртва, јас не би можела така. Држ се Не навлегувам повеќе во темата, слободно фаворизирајте го западот како нешто најсвето. И се извинувам што го навредив, јбг, просто македонче
1250+ имам слики на инстаграм, 90% сум сама. Изгледа сум тешка спонзоруша оти пола Европа ја шетав сама. Ве изеде тоа гајле за туѓи животи, ноќе кошмари имате.
A slikite ti se na Ajfelova sekoj vtor den u ekskluzivni restorani i destinacii so brendirana obleka? A pritoa recimo zemas 500 evra plata?