Смрак света било во врска да си? Тука на колку души му е смрак света?? Да ти се плукнам на мажот што се плаши од врска....
Зависи од врската и од партнерите. Има мажи кои не сакаат да се откажат од сингл животот и очекуваат сега да им биде исто + некој дејт у неделата и секс се разбира. Е тоа не оди така. Од друга страна, има жени кои откако ќе фатат дечко, сака таа да му биде се во животот, само на неа да мисли, да и пишува и да и се јавува постојано, секој ден да се гледаат, таа се лути ако тој излезе со други. Обично со ова оди и љубомора и секако мажот не смее да има другарки, не смее да пишува или да лајкне слика на другарка... е таквата врска гуши, заробува и ретко кој е спремен да се зароби во таква врска и да живее под притисок на емоционална агресија.
Да не ме разбереш погрешно, ама не секој може да прифати да биде во врска со некој кој веќе има дете. Затоа и потешко ти оди пронаоѓањето на партнер.
Во светот на зависта,љубомората која владее насекаде околу нас,почнувајќи од роднини,блиски,пријатели би можела да им порачам само ова FUCK OF!!!
Мамички врзете си ги синчињата со папочна врвца додека сте живи и океј ќе е и незаборавај да му повторуваш дека жена како тебе нема да најде. Се чудиме после како толкав здрав, прав маж неможе едно јајце да си испржи и креветот незнае да си го постеле. Епа како ќе знае кога мама го работи тоа место него бидејќи таа не му ее мајка него слуга. Сакајќи на вашите деца да им угодите ги правите неспособни личности што не знаат насоката на лево или на десно е . Во животот нема една сметка платено, во маркет нема отидено и мисли дека цел живот нема да работи ништо, бидејќи нели тој од работа нема време за ништо и појадок, кафе да си свари, да се разбереме работите по дома се женски работи , тоа мајка му го работела а татко му седел по цел ден со нозите на масата кренати и се замислувал султан Сулејман и сега син му е во ист филм. Дома горди на него како мислиш Алберт Ајнштајн или Никола Тесла е синчето нивно , момичките сите го сакале како бројот на партнерки за една ноќ да е способност, а не поим за неапособност што на 33 години незнае едно кафе да си сваре. На викенд насабајле несмее да се тропа низ дома оти лепотано на мајка спие божем синоќе работил трета смена некаде во некој рудник. Додека лепотано на мајка спие на викенд да се одмори од трчањето по секоја што има сукна вчера цела вечер, таа здрава била болна била им прави ручек, чисти, пере, пегла иако неможе несака да воведе ред во куќата оти нели ја застапува теоријата на машки-женски работи . Синчето вака задоено бара жена што ќе биде како мама со истите квалитети. Всушност тој не бара жена тој бара слугинка што ќе ги работи сите работи ќе оди на работа, а он дома ќе се замислува султан Сулејман. Сака жена што ќе му оде по газот и ќе збира пред и зад него. Додека пак на него во уста ќе му бидат зборовите како тој е изморен од работа и дека дома носи многу пари ( божем жената не работи) и на школата на мамичка на машки- женски работи,дури во кавга може да ти плесне: Никогаш нема да бидеш како мама! Епа никогаш нема да ти бидам како мајка ти немам време, нерви и живци да си ги губам на лепотано на мајка да му биде се сервирано на тацна и тој само да ужива, "способниот"маж. На тебе ти треба една "принцезичка" што најголем успех во животот и е што си ги наместила трепките убаво и си го за очи погодила тушот за очи, а најтешко и било да најде слободен термин за депилација и нокти во 5 за 12 . Кукла која само ќе ти трепка дома нема да знае да ги здипли и испегла алиштата ама знае каде има попуст и се враќа дома со пола продавница за облека купено иако пола од тоа нема да го облече. Принцезичката неможе да го поднесе мирисот на пржено дома и на манџа а уште помала е веројатноста дека ќе ѓи јаде,а најмала е веројатноста и не постои уствари дека знае да зготви нешто. Така двајцата неспособни ќе си се трпете ти неа ќе ја издржуваш финансиски таа ќе е глува и слепа за швалерките( како мајка ти ) и ќе имате идиличен брак.
Штооо – не планираш да раѓаш, каков монструм си ти, ти не си жена, ти си змија, ќе умреш несреќна и сама, ќе нема кој да ти донесе леб и вода на смртна постела, па ти немај пак деца, ГЛУПАЧКА!“-(crnobelo) Морав да споделам оти вакви осудувања има и на форумов.
Читајќите низ темите, добивам впечаток дека премногу форсираш да бидеш во врска што дури не оставаш простор да ја запознаеш личноста и да дозволиш да се случат емоции доколку има меѓусебен интерес. Намали со интензивното трагање по некој за да не ја изгубиш и таа надеж што ја имаш со сфаќање дека нема личност за врска. И јас го имам твојот статус (разведена). Иако сум во поповолна ситуација (немам дете) не би си дозволила непромислен "излет". Од разводот научив голема лекција и го применувам искуството. Извесно време (повеќе од една година) ми се случува нешто убаво, ама се уште не е време за повеќе од пријателско дружење.
Не смеам да се плашам веќе, за ништо, стравот е мала смрт, а јас не сакам да умрам ни најмалку!!! Време е да се борам за себе, мој живот, мои одлуки, мои грешки, подеми и падови, ама како што ќе кажам јас!!!
Машкиве сите на почетокот се различни со различен пристап а на крајот сите се исти. Навистина чуден феномен. (кажувам од моја перспектива)
Немирот кој го носам во себе, никогаш не бил со причина. Ништо не е доволно. Секогаш има повеќе. Вчера додека го гледавме млечниот пат, ко да не беше доволно, ми дојде да плачам што не можам повеќе од него да доживеам. Така и со животов генетално. Секогаш може повеќе... и ме нервира кога не можам.
Прв пат после толку време цел ден да сум излезена. Шуќур ми текна да се приберам, утре сум на работа. Во кратки црти шо правев денес : - Преку денов бев на Sommerfest 2019 - Купивме сендвичи и помфрит и седнавме на клупа , се собраа голуби, почнав да им кинам од компирите , да им фрлам , си јадеа фино лепо - Дојде полиција и ме опомена уште еднаш ако сум им давала на голубите било што, ќе ми пишеле казна 50 евра оти мислеле дека ги тровам голубите - Бев со другарка на Кино, го гледавме Showtimes for Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw - Бев на гости , буквално дома на гости кај балканци, си поседовме, јадевме лубеница - На враќање дома ми се пријаде , си купив гиро, ич не беше вкусно како грчкото, го нема тој вкус. И ете се прибрав дома, се бањав и седнав на нет да читам вести што има низ Германијава и така налетувам на вести од типот некој на некој му ја пресекол главата со сабја во сред бел ден Man is hacked to death with a samurai sword 'by his Syrian migrant ex-flatmate' in a Stuttgart street as hysterical witnesses scream in vain at the attacker to stop https://www.dailymail.co.uk/news/ar...e-road-terrifying-sword-attack-Stuttgart.html Ај да си пуштам К 15 , да го пуштам мозокот на пасење пред спиење. Добра ноќ на сите
Дали е манијачки и чудно ако секој ден поминуваш покрај неговата куќа,за така random да го сретнеш?? Не е! Си знам јас Иначе за другарка прашувам
Сакам да кажам дека вреди видеото да се погледне. Ќе го промените размислувањето за животот. Секојдневно сме незадоволни од нешто, трагаме по нешто, се бараме да се пронајдеме, завист, љубомора а некој се би дал за да биде на наше место. Почнете да се сакате себе си, да го сакате животот и да видите дека секој ден вреди да се живее со полни гради.