Сум приметила дека некои типови што ми се пуштале на фб, кога ќе фатат девојка ме бришат од пријатели. Типов е активен 24 саати, па остава слика со девојка и исчезнува. Онака случајно по некое време ти текнува кај исчезна човеков??? Влегуваш во листата на пријатели и гледаш го нема Сега читам на форумов: На дечко ми му побарав пас. од фб и пола женски пријателки му ги избришав. WoW!!!! Што приватност? Љубомора и патетики малку поче? Значи вистина им бришеле пријатели бе Сигурно одат во пораки, читаат како дечковците молат разни девојки за кафе, па од нервози бришат. Плус мене ќе ме видат згодна, атрактивна, млада, убава и сигурно прва ме бришат. Само се прашувам дали се свесни дека ако сакаат можат секако да ги изневерат? Ни на крај памет не ми текнало да му барам пасворди на дечко ми, ни па тој мене. Ако сака да ме изневери слободно нека оди, сигурно нема да изигрувам детектив со молења и плачки. Сакајќи да го задржите, ќе го загушите и ќе избега.
Покрај набројаните убавини од погоре плус сум и домаќинка, учена, школувана, перам, готвам, чистам, добра сум во кујна и во крев... Ај доста е, ќе излезе дека се фалам Знаев и знаев дека ќе ме цитираш за тој дел
Да не беше у Џапан,ќе те зимав бегалка со електричниов тротинет после се' што ми наброја погоре Spoiler Се зезам немам тротинет,смрт за електрични тротинети
@JollyGirl Ми стигнува покана за свадба од втор братучед, чудно ми беше како на фб не видов she said yes, па отворив да видам, ме избришал мене и сите женски пријателки. Најдобар другар, исто, му е страв да ми лајкни слика. А не сум ништо од набројаните убавини... Само не ми е јасно кај ги наоѓаат вакви дечковци сé што ги слушаат и ги трпат. И јас сакам! МораФ и јас.
^ Хм, сега кога ќе размислам, и мене еден роднина (не близок) ме избриша непосредно кога се вери. А баш се мислев што му згрешив на човеков што ме избриша од нигде никаде. А откако направив фб сме пријатели. Ете, не знам зошто не ми текнало дека женска му може да има удел во тоа. Сега скоро и да сум сигурна дека таа ме има избришано. Who can blame her, не и кажал дека сум му роднина, ниту па сум некоја убавица. Комплекси премногу.
А мене нешто поинакво ми се има случено. Пријател на Фејс, со кој во живо не се знаевме и од друг град беше, видов дека женска си фатил, слики ставаше и во коментари си пишуваа еден на друг патетики. Девојчето, по неколку дена, ме додаде за пријател. Не ја прифатив, го избришав барањето. Пошто не прифаќам секого, реално, што потреба имам од неа. Во меѓувреме си продолжија со сликите и по 30 коментари колку многу се сакаат. И пак таа ме додаде. И ми се смачи од двајцата па и него го избришав. Ете мирно ќе му биде главчето на девојчето, да не го тупи со тоа која сум, каква сум, зошто сум пријател на дечко и'.
Знаеш дека си дома кога ќе задремеш во дневна и ќе се разбудиш покриена, иако е 40 степени надвор. Да не измрзнеш!
Добро еве имам едно прашање Вие што им се влечете по нозе на вашите шефови и газди дали спиете мирно? Како можете бе не ми е јасно ќе се продадете за тие да имаат високо мислење за вас а накрајот повторно најниското мислење ви се налепува. Со другите колеги се понашате како да се ѓубриња затоа што тие не се на повисока позиција.Ужас...
Ги сакам луѓето кои ме полнат со позитивна енергија и кои ме прават среќна. Обожавам да сум опкружена со оние кои и најтмурниот ден успеваат да ми го направат сончев Неколку се, ама вредни, не би дозволила за ништо да ги изгубам во животов Со цело срце ги сакам и сè би направила за нив
Тера на тв спасувачи на плажата. Имам чувство дека е лето, конечно, на крај од лето. Сега си мислам и на распуст сум. Сум ги прочитала поинтересните лектири, еве уште да ја чекам другарка ми да дојде да си гледаме на кафе и чувството е ко да се вратив 15 години назад. На пладне ќе си читам и Тин Шема и Таа. Вечер ќе свртиме круг низ населба и ќе седиме по некој школски двор или во градинката. А можда и ќе вртиме ролери по улиците. Пубертетот ми го дал првиот замав, па ќе ми се удвара некој постар сто посто, а јас ќе се вцрвенам од срам. Дечко не фаќам, мала сум, ама сите удварачи уредно си ги бројам и корпи им давам. Другарките као демек сеедно им е, други сакаат они, ама пак криво им е. И ете го, најинтересниот од сите постари доаѓа, опа иде накај мене, леле кај да гледам, шо да правам. Ми се обраќа. Срцето у уши ми отишло. Ме прашува од каде искочив у населбава, колкава сум, дали сакам да свртиме кругче. Викам не, и као демек со носот небото го парам, им викам на другарките да си одиме, да се одржи тој сатус на недостапност, а у себе срам, срааам. Си одиме, а он довикува - поубаво девојче не сум видел, а јас се топам ама од внатре. Мајка ми ќе ја чекам со ручек од Мекдоналдс, зошто да јадеш грашок не е тоа-тоа. А можда о на пат е, па ја чекам неуморно да ми донесе триста партали. Во некои денови и генералка и праев по дома, више као голема сум. Ааа да, се гледам во огледало - леле ама сум дебела (дури 45 кг), зошто задникот ми станува толкав, тато ми вика дека треба да вежбам за грбот, ама јас треба да вежбам и за задников, ОГРОМЕН Е!!!! Ах да си прилегнам и да си замислувам како сакам да пораснам, да сонувам со отворени очи, на 30 години каква ќе бидам. Колку би било убаво да ми купат и друг мобилен, овој мојов нема змија, а баш е интересна играта. Вчера каква порака добра добив: Посакувам да сум гостин во твоите мисли, посакувам да сум вино во твоите усни, посакувам да сум бисер во твоите очи и засекогаш да останам во прегратките твои. Стварно не знам од кого е, мора многу да му се свиѓам. Ееех временска линијо... да можам да те вратам назад. Од една серија, сто работи ми текнаа.
Абе како може некои жени да го трпат несоодветното да не кажам простачко однесување на нивните сопрузи.Молчат секакви навредувања само затоа што така им било кажано или затоа што не сакале да прават кавги и да ги слушале комшиите. Абе не само комшиите цела држава нека ме слушне ама сопругот мора да те почитува и да знаа како да се однесува кон тебе во спротивно бај бај...
1.Сите ние брзаме да станеме возрасни. Заборавајќи колку е убаво да си дете. 2.Никогаш не биди жртва во животот, колку и неубави нешта да ти се случиле. 3. Секогаш ама баш секогаш имај време за себе. Не преокупирај се премногу со работа 4. Работодавецот никогаш нема да ти рече ФАЛА. Вчера, се враќав од Охрид од 19 ч и и реков на газдарицата, дали би, можела да закаснам, незнаејќи кога ќе стигнам бидејќи Гостивар имало гужва, можно е да стасам во 1, а сабалје сум од 8 на работа,што значи од 6 треба да дтанам. 3 дена си ги искористив за Илинден. Ми дозволи само саат време,наводно требало колешката да не биде сама. Плус, ете закаснив саат време, дур и порано појдов. Се жртвував себеси, пазарев, носев ќеси на работа. И хаха 500 ден смешни минатиот месец, плус. 6. Помагај и релаксирај се, никој не е поважен од тебе и твоето здравје.
Добро бе дали има еден нормален на планетата кој знае што сака и планира и се држи до планот што е најважно.Или сите се кај ќе ги однеси ветрот.МИ СЕ СМАЧИ ВЕЌЕ ОД НЕКОЈ ШТО МЕНУВА МИСЛЕЊЕ СЕКОЈ ПОЛА САТ И НЕ ЗНАЕ ДА ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕ ....
Или за децата...А така уште полош пример даваат на тие деца дека треба да потчинуваат и да бидат потчинети.
До кај дојдовме ама ако за "газдите": Се бара работник во кујна за пиц мајстор а не мора претходно раб.искуство. Едно време и за хигиеничарка бараа најмалку 3 г раб искуство... Кај да е кога ќе дојдат гастрабајтериве ќе мора сами да работат за да се услужат.
И јас не сакам обврзувања, деца, брак и гушење. Не сум знаела дека сум машко 21-ви век, women can actually buy their own diamond rocks