Срцево ми е колку лешник ... Нека помине ноќва и грижите .... Нека дојде новиот ден и нека ни донесе убави работи
Каква глупост ќе ги менувале имињата на Instagram и Whats app демек ќе биле поврзани со Facebook. Имињата ќе им биле „Instagram from facebook“ и „Whats app from Facebook“. Жива глупост.
Глуп домаќински муабет. Требало да потпишеме за реновирање неделава. Требало да почнат да работат од другата недела. Требало да се прецизираат позиции за електрика и водовод, да се избере патос и плочки. Ќе требало нормално и да се виси на мајсторите на глава... Ова требало, во реалноста значи дека јас треба Инаку имам маж, да не ме мислите. Тој оди на работа. И јас одам на работа. Тоа ви е мили деца, родова рамноправност во пракса. И за тоа ме лажеле комунистите, мме
Нормално е. Тоа е брзо. Ако сте оделе подолг период, еден месец по раскинување и одма со нова е стварно брзо. НО, ова но е многу убаво затоа што тоа ти е минато , а ти треба да си продолжиш со животот, позитивно и прекрасно како никогаш до сега. Да имаш самодоверба, и да си се ставиш на прво место. А тој кога ќе го примети тоа, тој ќе биде повреден, тоа за него ќе биде полошо отколку да те види со друг. Луѓето се лутат многу кога ќе видат дека ти оди добро без нив.
Момци, при коитус со девојка пенисот секогаш се позиционира близу горниот вагинален ѕид. И не бутате како утре да е Армагедон, а вие спасителот на новиот еон, туку внимателно, со усул. Не треба да бидете претерано нежни и романтични за да ги инкорпорирате овие две едноставни техники кои може чуда да направат за вашата партнерка. Постов апропо другарки кои се жалат дека партнерите не знаеле соодветно да го аплицираат внатре, а се повеќе ги има.
Станав татко на уште една лепотица. Уште едно ангелче ќе ме вика тато. Неизмерна среќа. Живот од соништата. Жена која ме сака и почитува, и две ќерки кои не усреќуваат постојано. Ништо повеќе не ми треба. Незнаев дека семејството толку го менува човекот и го прави волку посреќен
Некој знае да ми каже дека работите сум ги „гледал црно-бело, но и дека треба да знам дека работите знаат да бидат и разнобојни“. Не, грешка сте. Јас знам дека тоа е така, само имам граница поставено и критериуми свои за тоа кои работи треба да се гледаат на едниот начин а кои работи на другиот начин. Така на пример, кога некој се обидува нешто да ме излаже, да се обиде да ме изманипулира и да ми наштети, односно кога некој се обидува да ми продаде магаре за цена по коњ и сл, зошто (оправдувањето е стално ова) „демоните од внатре го натерале така“ не можам да ти простам. И сум брутално суров тогаш признавам. Макар и по цена и јас да страдам од таа бруталност зошто сметам дека ако на таква личност еднаш ѝ простиш дека таа пак ќе се осмели во иднина да те изманипулира само на многу повешт начин за да не можеш да го забележиш тоа. Ќе научи само да се адаптира таа личност и нема ништо да смени на себе. Некако престанав да верувам дека постојат луѓе кои се спремни на промени и слично. Луѓето не се менуваат, барем тоа го научив од животот. Затоа, во такви случаи секогаш си викам во себе: „подобро сам да си бидам, отколку да негувам некое си пријателство на стаклени нозе, само затоа што сум морал да комуницирам со некого. Кога сум сам барем сум си помирен и не си го оптеретувам срцето со непотребни глупости, кои воопшто не ми се потребни и се штетни за мене.“
Од секогаш ме инспирирале оние ликови,кој сакаат да сум на дното,само да ви кажам ВИЕ сте храната на мојот потик,да бидам секогаш успешен,и да го имам она што вие никогаш,нема да го имате ВЕ САКАМ.
Колку се очајни луѓето.Кога изгоре кровот на Нотр Дам има цела тема во која се пишува и жали за тоа.А сега кога во Сибир горат илјадници животни за кои нема спас поради нескротливиот пламен никој не напиша ниту еден збор.Браво.
Имаше таква забелешка баш кога беше актуелна тема пожарот во Нотр Дам, имаше ваков сличен коментар, зошто толку важност се дава на објект, на што некој имаше одговорено дека не може за секој еден трагичен настан да се пишува и да се искажува жалење, но дека тоа не значи дека не ни е жал и не сочувствуваме, со што и да е. Делам мислење. Исто жалиме, само не секогаш пишуваме за некој да види. А и не ни мора да пишуваме срцепарателни постови за се' што ќе не' допре.
СДК дека дојде времето кога и врбата може да роди грозје. Колку такви врби се појавија, накитени со зрели јадри гроздови. Не се нивен плод, ама китенка си е китенка
Само во Македонија кога ќе се роди дете мора да му ставиш име по светецот што се слави тој ден, инаку детето ќе има лошо здравје. Ќе ве прогонува светецот по сонови, па ќе треба да го прекрстувате. Се чудев како се уште живи луѓето низ Европа и Америка што не крштеваат деца по светци, па ми текна дека надвор од границите на земјава не важи тој закон, пошто само Македонија е библиска земја со светци и празници што се слават секој ден Не е битно дали ти се свиѓа името, едноставно мора.
Извинете што ви кршам филм, ама видеото со мечето што го гушка "пожарникарот" што го спасил, НЕ Е од пожарите во Сибир, туку е старо, аплоадирано на YouTube пред 7 години. А голем срам да им е на порталите што користат вакви трагедии за да си прават "клик бајт" манипулативни вести и со вашите лајкови и шерови да си прават пари од огласи и друга пропаганда. Е така. Сега може да уживате во видеото, кое е доста кјут.
Ова е жална вистина за Македонија, во која не се негува христијанска вера, туку попска далавера. Светците во случајов се претставени како некои нарцисоидни ноќни сеништа кои, ако не го именуваш детето по нив, ќе те прогонуваат по соновите како оној хорор филмот со Фреди Кругер што им се појавуваше на луѓето у соновите и ги убиваше таму. А на западот немаат такви соништа и стравови, бидејќи за да делува таа психологија, човекот мора да се убеди во тие глупости и да ги верува со цел да му се роди таков страв.
Јас сум така крстена (ма да скратена модерна верзија на името ми е и официјално), а сега атеист и blasphemous bitch (да ѝ ја позајмам на Лела титулата) Предавник и разочарење по сите стандарди, јбг
Тргнала куче да шета во парк преполн со народ.Кучето лае и покажува заби,и се пушта на минувачи. Иако е опасно,упорно и упорно не го врзува и не му става маска. И триста предупредувања се џабе. Мали деца наоколу шетаат,а госпоѓата гајле си нема... А,млади луѓе секој ден ги шетаат врзани кучињата,дел и со маски. А,старите рекле дека постар човек треба да се почитува оти повеќе знае и е пример за помладите. Но,каде со ваков пример? Очигледно,возраста не те прави попаметен.