19 степени, истура дожд , свежичко време, милина Нека продолжи така времево, го обожавам дождот. Аууу романтики ми се вртат у глава
Извини да не се случува ова во Аеродром? Прашувам затоа што има една жена околу 40-45 макс,има црн лабрадор стар е 1-1,5 година,кучето лае на се живо и диво,не каса (и мене ме има лаено),али пошто сум кучкар повеќе од 15 години,не се плашам од ниедно куче.Жената неможе на ланец да го додржува кучето,многу пати паѓа со него,и цело време повторува како не напаѓало,али си лаело луѓето да не се плашеле,јас искрено и отворено и кажав,затоа што многу зборувавме за кучињата (имам куче скоро 10 год),и реков дека мора да го носи на дресура,бидејќи неможе така на секој човек да се пушта и лае,и она ме убедува дека е ок тоа,затоа што тие што ги лае биле лоши луѓе,и реков 2 пати до сеа,ама џабе не ме слуша,и кажав ако не го направи тоа ке има голем проблем со некој човек,затоа што кучето и се откачува од рака и се пушта дирекно на луѓе и лае.
Среќна сум оти ми дојде супер идеа за поклон.Прејако ќе биде само што немам пари па ќе си почекаме до првата плата следнипв месец.
Ми се оди во Охрид. Го сакам тргнувањето од Скопје, убавините по пат измешани со чувство на еуфорија, превртување на стомакот и носталгија. Пријатна ми е западна Мк, со планини, со зелено со се. И кафе, храна и милка на стража. И нескафе во охрид, со бургер со палачинка со се. И гледање во езерото, и залез на Канео, и неговиот поглед, неговите раце, прегратки, чувството на припадност...и мостовите, и местата и ноќите на тоа место, како да не е од тука... И сега кога се е минато пак кога ќе се сетам, кога ќе поминам на место, улица или доаѓа овој период од годината ми е убаво.Нека боли ама ако. Можеби некогаш нашите души повторно ќе се пронајдат во дивината, како од песната, знае он на која мислам До тогаш Охрид ќе го гледам на слики, ќе патувам насекаде како што се изнашетав овие години низ многу земји, но празнината боли се повеќе, годините и времето од ден за ден се по болни, по тешки, болката е поголема секој нов ден.
Од комшии не може човек да здивне дома. Се оди во комшии ама треба да се има усул, а не да се седи со саати и да ги гледаш во меѓувреме како пуштаат корења и го пробиваат подот.
Ви се случило да не ви оди ништо, ама баш ништо, одреден период од животот, за после одеднаш се да тргне ко подмачкано? Мене ми се случува и ми делува неверојатно. Сум подзаборавила како е да се живее животот со леснотија, па сега кога се местат коцките ми изгледа се невозможно. Ова е или тоа што тргна меркур директен, или Господ ми спрема некој prank.
Почнаа да се редат планетите. Јупитер и Меркур го прекинувале ретроградното движење, што и да значи тоа. Е сега главното прашање е кој ден од месецов ќе е најповолен за да си ги посакам трите желби.
Зависи у кој Господ веруваш Ако е христијанскиот, тогаш овие две (астрологијата и Господ) не одат никако заедно. Во старозаветното време (времето пред Исус) кај евреите, Господ заповедувал смртна казна за астролозите. Целта на смртната казна била да ја очисти Израелската заедница за да не забегаат по таквите ѓаволски учења. Очигледно Господ бил силно против астрологијата и немал толеранција со таа појава.
^Ама тројцата мудреци следејќи ѕвезда пронашле каде е Исус кога оделе да му се поклонат. Тоа не е астрологија? Ми го мати умот тој момент доста. ------------------------------------------ Он топик, Многу ми беше полесно у животов коа бев Мадам Мимоза, најосетлива, најувреџена во друштво. Сега на игли одам, на црви седам. Особено зашто личноста у моето окружување е душа од човек многу е добра, ама многу чувствителна и мноогу стратешки и со мислење треба да избирам теми за разговор. Колку толку тука ме знаете колку сум внимателна како се изразувам, колку нејќам никого да навредам, некои погрешно си го резонираат како борба за лајковање. Е сеа и покрај толку пазење кога ќе повредам некого, ми се повраќа од тешко и склет и све и сега нема да можам да спијам. Кога ќе седнам да се напијам нешто со неа, се осеќам како да играм шах. Посакував да не ми беше толку гајле за чувствата на луѓето.
Зошто? Сите животи му припаѓаат на Бог. Се што суштествува му го должи своето постоење на Бог. Тој дава, тој зема живот. И Тој најдобро знае дали и кога треба еден живот да биде одземен. Божјото Царство би немало никаква смисла доколку Бог претходно не ги истреби сите непокајани грешници. Тоа што во минатото Бог одземал неколку десетици илјади животи, не е ништо во споредба со иднината кога на Судниот Ден ќе одземе милијарди човечки животи. Бог е љубов, но Бог е и свет и праведен и не прави компромиси со гревот.
Трипови. Не ми е јасно зошто ваквите халуцинации не подлежат на санаториумско третирање. Лудилото на еден човек е..лудило, додека лудилото на голема група луѓе општествено прифатено е како религија. Огромна неправда.
Fun fact: Зборот Бог е употребен шест пати во твојов пост. Ама ич не ми е убо што после моето мислење на темава започна муабетов, пошто друго ми беше суштината. Ти како прав религиозен човек полн со емпатија и разбирање, се фати баш за реченицата на шала што ја спомнав. Иако не ја обелоденив целата приказна, споделив олеснување, товар што ми паѓа од рамења, дека убо ми е на душата, дека животот ми тргнал на арно, дека убај работи ми се случиле - мислам нема потреба да се дообјаснувам, пошто нели човек навлезен во религија разбирањето му е јака страна. Ама ништо, теорија 5ка пракса - кец.