Не е астрологија. А и ѕвездата што ја следеле, сигурно не била буквално „ѕвезда“, бидејќи ѕвездите не се движат на небото во таа смисла да застанат пред шталата каде што се родил Исус. Тие биле вавилонци (Вавилон бил источно од Израел), најверојатно следбеници на пророкот Даниел кој порано живеел таму и кој многу добро ги упатил тамошните во пророштвата за Месијата. Според изјавите на мудреците, очигледно е дека многу добро го познавале Стариот завет. Има пророштво во Стариот завет (Во 4та Мојсеева) дека ѕвезда ќе се издигне пред доаѓањето на Месијата. А пророкот Даниел исто така го предвидел и времето кога ќе се појави Месијата, а пак пророкот Осија го предвидел точното место (Витлеем). Така што мудреците очигледно ги следеле овие библиски пророштва и само го чекале Божјиот знак на небото. Бог ја љуби вистината, но ја мрази лагата, а особено ја санкционирал онаа лага што можела да го заведе избраниот народ - евреите. Па така Бог имал свои пророци (библиските), но со смртна казна ги казнувал лажните пророци, бајачи, гатачи, астролози итн. бидејќи тие продавале милозвучна „вистина“ (лага) која била погубна за евреите. А зошто Бог се грижел за чистотата на верата на евреите, тоа е затоа што тие му биле „избран сад“ кој требало да го претставува Него низ сите народи, а и од евреите требало да дојде Месијата - Исус - Кој што требало да биде, а и биднал Спасител на целото човештво.
Значи не можам да разберам како за секој логичен факт вие имате нелогичен у кој толку цврсто верувате под оправдание дека тоа е God's plan..
Токму затоа и ти пишав, за да ти остане убаво и да ти продолжи убаво да ти биде Сфатив дека ти на шала пиша, ама другата форумџика пропродолжи во насоката на астрологијата. А бидејќи ти го спомна Господ, претпоставив дека си христијанка, па затоа ти го пишав тоа. Ама извини, требаше да те прашам дали си христијанка. p.s. Ај некој нека му стисне лајк на @John Snow погоре за да не му биде залудно пишан постот. Не можам стално ја да му ги лајкам постовите
Значи!!! Ако девојка според вашиот вкус изгледа згодна, а не носи тесни и кратки и “младешки” алишта не значи дека мора да сугерирате што да облече или какво парче да додаде на аутфитот! Не мора! Прво, многу е плитко тоа “ако има, нека истакне” размислување. За кого? Зошто? Каква потреба има “да се истакне” било каков дел од телото? Второ, ствар укуса е. Ако за еден пар очи изгледа убаво, за друг не. As simple as that. И најбитно е како изгледа во очите на оној кој одлучил да се облече вака или онака. Сè друго е излишно. Ќе си носам здолништа до глужд, ќе си носам долги маици кога носам тесни пантолони, ќе ја закопчувам кошулата до врат, и ќе се чувствувам удобно и своја. И привлечно ќе се чувствувам. И ќе привлекувам и погледи и внимание и сè што сакам. Нека не се секира никој за моите неистакнати “атрибути”. Кои не се ни атрибути, туку едноставна генетска предиспозиција.
Многу ми е жал за деца што не се сфатени дома од сопствените родители. Скоро секој ден читам по странски форуми и гледам видеа колку многу има депресивни тинејџери/млади луѓе само зошто немаат поддршка од дома. Го гледаат детето дека не излегува од соба и наместо да разговараат за да видат што е проблемот, тие го притискаат: - Оди излези шетај, оди фати дечко/девојка, сега ако не шеташ кога? Што си се затврил во соба? Абе ти имаш другари? Сам си цело време. Ова е најлошо нешто што можеш да му го кажеш на дете што е затворено во себе. Мислејќи да му помогнат, тие само го нервираат, го повредуваат и дупло полошо прават. Не знам каков родител би била, само знам дека ако моето дете пишува по форуми дека не го сфаќам и дека е тежен/на заради мене, никогаш нема да си простам. Никогаш. Од родителот ако нема поддршка сопствено дете, тогаш од кого ќе има? Дом е место каде што секоe дете и тинејџер треба да се чувствува пријатно, топло и сигурно за да сподели што е проблемот, а не да се затвора и да пропаѓа во себе.
Прекрасно е чувството кога ќе се разбудиш на планина во природа, кога надвор утрото е свежо и уживаш во вкусот на утринското кафе заедно со шепотот на птиците и дрвјата кои ветерот ги размрдува и создаваат одлична музика за душа. Колку е само голема разликата од урбаните гужви и галами, до смиреноста и релаксираноста во природа. Само треба да знаеме повеќе да ја користиме чуваме и негуваме оваа убавина што ја имаме. Добро утро, убав народе.
Ова беа најдобрите 2 дена off во животов. Опкружена со плажа, луѓе, па и некое младо мевце, мх мх... А сега бек то рили.
Колку сфаќам дека сум уште дете и колку посакувам да можев да си останам дете. Time to put my big girl pants now
Мамо , добре дојде во Германија за прв пат во твојот живот - ехх мамо, ти цело време ми викаше колку ја мразиш Германија и само цигани живееле тука , еве сега лично да видиш како се живее, ти посакувам убав престој на гости кај сестра ми во следниве 2 месеци, ти секако си поблиска со сестра ми отколку со мене, си го имате муабетот, плус ќе и помагаш сега ко ќе се породи. Јас ако имам време , ќе наминам да се видиме, ако не, ќе си го терам животот мој со работата што ја сакам , на која ти и тато сте против.....а тоа што си приметила дека сум ладна, е за да имам мирен живот, освен критики од вас, немам осетено поддршка. Фала му на дечко ми, срцуш мило ми е што те најдов на форумот, само ти ме поддржуваш во сите ризици што ги правам, фала ти на бескрајната љубов од твоја страна, сонце мое си ти, позитива во мојот живот, да дозавршам мило уште една битна работа, па ќе ти резервирам авио билет да дојдеш на гости , ми фалиш, сакам да те гушнам. Ти си премногу добар за мене, не знам и дали те заслужувам. Од сабајле сум во многу лошо расположение, на плачење....ај ќе ми помине, ќе бидам добро.
Сакам само да те храбра девојко. Уште во една друга тема каде се сретнавме и имавме спротивни ставови ти ми остави ептен силен впечаток ти ги обожавам постовите. Те гушкам силно најсилно
Во лето би се преселила во Охрид да живеам, ми е смачено од ова никакво и пеколно Скопје. Цели 3 месеци би била таму. А не е лошо и на Копакабана пример
Имав денеска еден клиент кој ми се јави на телефон и ми пушти на диктафон една информација за да можам да сфатам што бара. Човекот инаку ми кажа дека беше слеп. Срцето ми се скрши. И се задржав повеќе од потребното со него за да му помогнам. На крајот, кога ми се заблагодари и ми кажа дека сум компетентен човек; можев во неговиот глас да почувствувам како тоа го кажуваше поискрено и од мало дете. Ми го скрши срцето но и успеа да ги собере срчите и да го залепи повторно и да направи плус да се чувствувам убаво во текот на денот. Подобро едно искрена благодарност отколку пет сувопарни благодарности, колку ради реда да се каже нешто.
Кога работодавецот на работодавецот му кажав дека фаќам температура, дали би можела да седам во канцеларија да се напијам апче, ми рече дека сум била силна и ќе издржам на терен цел саат, макар што таа и другата колешка можеа да ме заменат. И така, од нервоза, добив ми се сврти и ќе добиев несвестица, ми падна шеќерот, колешката ме држеше. Претпоставената наша и рече да ме остави и да оди кај клиентите. Ме оставија сама, добро беше што еден клиент беше доктор, па ме придружи и ме прашуваше што ми е. Така си прснав од плачење и не можев да запрам. Едвај со него појдовме до канцеларија. И се сокрив за никој да не ме виде, каснав нешто и се напив апче за смирување. Ете толку се грижи приватниот за вас. Потоа следуваше извинување од претпоставената дека морала да ме игнорира заради новите клиенти. Реков, ќе заминам и одовде. Не трпам вакви тортури и ставање вработени во средина во некои ситуации.
Луѓето се помалку знаат да ценат, да почитуваат, да љубат и незнаат што значи некој да сакаш и да те сака. На некои луѓе навистина треба да им се покаже што е тоа ЉУБОВ.
Oбјaвилa нa фб нештo зa нејзиниoт хoрoскoпски знaк, кao нaјпaметни, нaјшaрмaнтни, oвoј знaк е нaјдoбрa мaјкa, сoпругa, се нaј нaј...и нaпишaлa -живa вистинa. Абе дa земиш сo мoкaр чoрaп пo глaвa. Или рoдените вo месец мaј...дрн дрн, истo се нaј нaј...и вaквo смaјли кao се' пoгoди. Oние сo икoни и "спoдели зa здрaвје" не ми сметaaт, aмa oвие врв ми се. Пa и пoдoле кoментaр -тaкa е цуци, чoвек кaкo тебе еднaш се рaѓa