Наскоро полудувам,али дефинитивно полудувам,немам веќе живци за никој.Само ве молам сите да ме оставите да живеам,да живеам како што сакам,само ова го барам.И онака животот ми е сје*ан,бар бателете ме да си го досј*бам.
„Независно дали мислите дека можете или мислите дека не можете – во право сте и во двата случаи“, мудро рекол Хенри Форд.
Го знаете периодот кога сите во близина ве нервираат?Е тој период ми е мене сега,мразам што сум на ова место,мразам што никој не ме разбира,мразам што немам со кој да се дружам,мразам што сум толку опседната со неколкуте другарки,а никогаш не се тука,тогаш кога се најпотребни..мразам што сум во таква ситуација,мразам што не гледам излез од моменталното чуство и моменталната горчина.Ќе има ли ден кога полесно ќе дишам?Ќе има ли ден кога конечно ќе видам дека полека се средило се??Би сакала магично да летнам на некое друго место и да не се вратам никогаш повеќе!!!
Ми фали куќата на баба ми. Крај на јуни, секоја година. По цели денови да бидам низ дворот нејзин, цело време жалејќи се колку ми е топло и досадно, а моите да не ми даваат друга опција освен да се соочам со тоа. Да ме тера да берам домати со неа во градината, и дуњи, а потоа да ги лупиме заедно за слатко. Мислам дека беше единствениот човек кој искрено, од душа се интересираше за мојот живот, не и’ беше колку да прави муабет туку за да ме ислуша и да анализира. Ми фали да ме прашува за останатите членови на семејството и моето друштво. Ми фали да ме прати во продавница по сок, во најголемата жештина. Ми фали да се труди да ме научи некоја вештина како плетење или готвење. И овој пат да прифатам. Сè би дала да прифатам. И да отидам по сок. И да береме зеленчук. И да јадеме. И јас неа да и направам некое едноставно јадење, а таа да ми дава комплименти небаре сум врвен светски кулинар. И да и’ ги лакирам ноктите, и да дадам нега на нејзините измачени раце. Прво лето без баба. Не знаев дека волку може да боли. Не знаев колку врежани и топли ми останале наједноставни мигови и активности.
Кога ќе видам некоја со големи нокти како канџи ми се повраќа , воопшто не се секси такви нокти многу се гнасни.
Знаете она чувство кога гледате некого и не знаете што попрво да му направите? Дали да го изедете, искасате, изгушите, истопите. Епа тоа, стално да ви е. Не заслужувате помалце од тоа.
Колку и да си добра и мирна личност генерално, некогаш стварно е потребно да им покажиш заби на некои личности. Чисто да знаат каде им е местото и дека не смеат да те газат и искористуваат како сакаат. И дека не си толку наивна како што мислеле. И не, не те прави тоа лоша личност. Те прави посамоуверена и личност која има самопочит.
Понекогаш љубовта не е доволна.Треба многу повеќе од тоа.Но јас не добивав ништо само давав а веќе немам што да дадам.
Ќе речат не очекувај многу од луѓето ќе бидеш посреќен. Ама што со тоа кога очекувам основни/општи работи од најблиски луѓе и не го добивам ни тоа? Сакаат робот да си, без чувства и емоции, само прави како што ти е кажано, нит со причина нит со објаснување - така било кажано.
СДК дека сите во животот понекогаш запловуваме во море од негативности, но најважно е да знаеш кога ти студи, веднаш да излезеш. Настинката од ваквото ,,капење,, тешко се лечи.
И после пеколното сонце и високите температури дојдоа облаци и ветер да не разладат и да ни покажат дека ипак некој не сожалил малку од малку. Редно беше и ова да се случи.
Нема да дозволам да ми ги наметнете вашите животни ставови, никогаш. Само учам да глумам дека нешто прифаќам. Едвај чекам да се ослободам од вас.
Може имам пишувано, ама единствениот некој на кој му завидувам и му се восхитувам е мојот хендикепиран мачор Таа волјa, безгрижност, упорност и весела енергија се факинг срцезатоплувачки и мотивирачки