Човеци, топло ли е или така ми се чини ? Изгледа само јас се саклетисувам на високи температури. Седнав на Амазон да разгледам цените за боци со кислород оти не се диши на жешко. Не знам каде имам во близина некоја продавница со опрема за нуркање од таму да прашам за боца, ама најверојатно онлајн ќе си купам. Нема смисла да одам на доктор и да им барам кислород, дома си е дома . Еве го бе, најдов нешто , само ќе ми треба нешто што ќе држи подолго време.
СДК, да не се потпирате на онаа ЗАД ДОБАР КОЊ ПРАШИНА СЕ КРЕВА. Прашајте ги коњушарите, добриот коњ добро поткован при галоп ЛЕБДИ.Само "тешкашите" кои се слаби во секој поглед верглаат и дигаат прав. ...или..оставете ги некои нека дигаат прашина и нека мислат дека се добри коњи.
Ми се гади од државава. Не, ми се плаче од државава. Нефункционални државни органи. Водачи на државата - кловнови. Монструми на секој чекор. Трујат кучиња, малтретираат коњи. За образованието и здравството... излишно е што и да кажам. Менталитетот на добар дел од населението, кој се плашам дека и мене ќе почне да ми влијае. Нема да тупам повеќе набројувајќи. Не велам дека некаде е совршено, никаде не е, секаде ќе најдеме нешто што не одговара. Но, овдека проблемот е што не можеме да најдеме нешто што одговара и функционира.
Познаничка се исмеваше со една девојка што се омажи за постар човек во странство. Викаше не сфаќала како можат луѓево да се мажат заради пари или за да заминат во странство. Партнери што биле разлика 10тина години не можеле да се сакаат, туку се искористувале. Денес ми излегува слика од неа со прстенче. Ја запросил скоро 20 години постар маж кој живее во Австрија. Разведен е и има деца. Значи ако се 10 години разлика не може да се сакаат, ама затоа 20 години се таман. Сега сфатила како се мажат за да заминат во странство или уште се исмева?
Луѓе без жал, без совест не знам како да ги наречам. Чуваат миленици додека им трае меракот после ќе го џитнат некаде. Ако не сте спремни и одговорни ич не се нафаќајте да зимате миленици.
Точно!Ужас од луѓе ги земаат животните само како да се каже дека имаат милениче.Постојано ги држат врзани и на крај ќе сватат дека не го сакаат повеќе и ќе го остават некаде.
Во кој момент на животот стануваме ѕверови? Можеби затоа толку ги сакаме бебињата и малите деца, бидејќи во нив има нешто невино и чисто....Како после тоа толку скапуваме внатре .. П.с. Душо моја, почивај во мир, нема мојот последен поздрав да го ставам на фб. Нема да бидиш заборавена. Ти ми помогна кога ми беше најтешко....
Исто.Дома само ми викаат најди си некое момче,излези.Да ,ако се наоѓаше толку лесно до сега и деца ќе шетав за раце.Сакаме внуци вика .А како ми е мене што животот ми е пекол со се болести,нервози ,предавства
Си седам со мојата пријателка и си размислуваме за личностите кои заминале од нашиот живот.Дојдовме до заклучок дека не треба да го задржуваш тој што си оди.Порано правев грешка и се обидував да го задржам тој што сака да си оди но повеќе не.Сега ги ослободувам сите кои сакаат да си одат.Жал ми е што ве задржав до сега.Среќно...
Негативната енергија со која зрачат некои луѓе, психички ме истоштува уште при првиот збор. Постојано критикуваат, се жалат и сé им е тешко. Разбирам проблеми и сите имаме такви моменти, ама секој ден и тоа најчесто без причина. И само некој друг им е крив.