Моментот кога ќе сфатиш дека на одреден член, цело време погрешно си му го читал името. Не пратам фудбал искрено, али барем за момент бев раат. Јест да ме сецнуваше, постојано тивко, тивко и наеднаш: - ГООООООООЛ! ГООООЛ! Али подобро тоа него ли ова сеа што ги слушам репризите од турските серии.
Не зезај. Баш сега ти текна целата да се исфрлиш. Што ти се пошекна па сеа?! Треба да идеш на базен наредна недела ма. И нов костим за капењ треба да купиш. Мислам, хелоу. Тело бе, оти си такво? Знаеш ли колку е ужас да имаш брумчиња летно време? Па и тоа на рамениците?! Абе ако изгорам на сонцето, готова сум, ќе умрам пискајќи.
Што има толку интересно ако жена ракува со бормашина? Копче стиска и машка и женска рака. Ако знам да се снајдам на најновиве електронски помагала ега знам да стегнам бургија или штрафцигер на една едноставна одамна измислена машина, едно клизаво копче е само за ротација на одврти или заврти, и тераш. Мислиш слон на точак виделе па те зјапаат од патот додека штрафиш број на врата Во весник видов оглас неодамна. Rent a husband. Бог да чува. Ми иде да го најдам бројот кај му е. Кога ќе праша што треба, полици за закачување или мебел за склопување, да му речам не, за чистење и пеглање ми треба некој ако си слободен два саата. Гарант ќе ми поклопи. Ај деф тоа. Туку, колку е чудна фобијата луѓе! Од било што. Синоќа, додека не ми се гледаше и мене фудбал, си залеав винце во кујната и вртам на програми што сум зачувала за во кризно време. Документарец, за агресивни кучиња. ОК, од топка што се тркала поинтересно ќе е сигурно. Ситуацијата - викаат шинтер да земе некое агресивно куче од нечија куќа, доаѓа женава до вратата, овоа лае ненормално, ја подотвара вратата за само луфта, да го види, заби оволкави, се задава кон вратата, влези да те видам, жива ќе ја јаде. Оваа ја подзатвори вратата повторно и се врти накај камерата и кру и само вика дајте некој нека го докачи пајакот на ќошот од вратата, не можам да влезам додека го гледам таму. Јас ваква
Пред некој ден прочитав една реченица што мислам дека би им била корисна на многу луѓе во нашето општество. Гласеше: Птиците не се плашат дека гранката под нив ќе се скрши, затоа што не се потпираат на цврстината на гранката,туку на способноста на своите крила. Така и ние луѓето,треба да го почитуваме заедништвото,но да се трудиме да сме самостојни единки што веруваат во себе.
Посебни се деновите кога без никакви грижи излегуваш натенане, без некаква причина, на прошетка под чадор и без оглед на времето не се брзаш никаде, ниту пак нешто може да те изнервира. А потоа следува резервираната книга за со леден чај, покрај отворен прозорец уживајќи во свежината и звуците на птиците после дождот. Можеме да кажеме со полна уста дека сме среќни кога летниот дожд наместо мрзливо расположение и намуртени лица, напротив, ќе ни влее спокој и релаксација. Имајте убав ден.
И покрај времево надвор, за мене денеска започнува летото, вака понеделнички. Чекам резултати од последниот испит и ако биде како што планирам, ова ќе биде долго и забавно лето. Спонтаноста може комотно да одмара на некое време.
Многу мразам алчни и лигави деца! Човек од нив не може на раат едно редче чоколада да изеде! Исто така мразам кога на ФБ ќе ме адне некој си си што немаме ниту еден заеднички пријател ии.. КАЈ СИ МЕ НАШОЛ БРЕ? Брат ми, ко за чудо почна да си слуша рок музика! Што така му истекнало не знам. Кога дојде некој од далечен пат, после мн месеци, цела фамилија иде да го доброса, но јас не чуствувам потреба дека моето “Добредојде“ му значи нешто. Едноставно не сакам ни да одам. Си ја знам фамилијата каква ми е. Прво те засолнува кога си во тешка ситуација, после збори за тебе наоколу како си за грев. Тоа се новостите за денеска. До гледање.
Колку сум само среќна што имам братучед, како што имам. Толку многу си го сакам. За џабе не рекле дека крвта не е вода. Му викам дека кога ќе се жени, нема да го дадам на невестата од што толку го сакам. Се деле со мене, без врска дали е храна или сл. Душа моја најмила.
Боже, боже, КОЕ ДНО во новинарството во Македонија. Ме привлече насловот: извор: http://www.plusinfo.mk/vest/140645/Pet- ... -kako-brod па за кои Србинки правиме тука муабет, неписмени едни: 1.Моника Селеш е родена во бивша СФРЈ, ама по потекло е УНГАРКА!!!!!!!!!!!1 2.Славица Еклстон е ХРВАТИЦА значи во денешно време секој може да залепи некаков текст и да истресе глупости....цццц...срамота
На мои четириесет и кусур, можам да кажам дека ги имам минато сите форми на женски мазохизам (читај разубавување), освен пластична операција. Сум носела по 8-9 часа ненормално високи штикли, ненормално тесни фармерки, ненормално непријатни пуш ап градници. Па сите форми на скубање, чупања, малтретирање на масни ткива... Последниве години се откажав од многу од нив и реков никогаш повеќе. Не, не одам со брк или неиздепилирана пазува, но во однос на облеката, фризурата и шминката сум онака, опуштена. Неодамна се подготвував за една свадба, но фустанот кој планирав да го носам ми го истакнуваше стомакот, некоја фалта на грбот. Негодував дека не ми стои фустанот онака како што сакам. А една пријателка ми понуди решение - МИДЕР и имаш два броја помалку. Искрено, мидер немам никогаш носено, па малку истражував и сфатив дека сите носат мидер - и Џенифер Лопез и Бијонсе.. И така купив. Вечерта пред одење на свадба се заклучив во спална (она маж ми да не ме види, па после да се чуди што згодна жена имал). Облекувањето и навлекувањето на мидерот траеше околу 30 минути, добив тахикардија, се препотив, растурив фризура, размачкав шминка, и псуев и псуев. Свадбата беше одлична, а јас го осеќав желудникот кај белите дробови. На прашањата што сум така укочена, одговарав дека нешто ме боли кичмата. Не, ни помислував да одам во тоалет, а сташно ми се одеше. И така под оправдание дека ми е лошо, ја напуштивме свадбата порано. Право во тоалет-го исеков со ножици и го фрлив во ѓубре. Земав длабоко воздух и реков -никогаш повеќе. Само жена може вака да направи будала од себе.
Од минатиот понеделник имав фрлено пик на едни мали мачиња, ама тие беа само 5-6 недели стари и многу беа приврзани за мајка им. Само што ќе им се доближев да ги погалам тие бегаа, страв им беше, немаа доверба во никого освен во мајка им. И така се заинатив дека кога тогаш ќе успеам да ги погалам, да видиме кој е поголем инает. Вчера успеав да погалам едно т.е Кармин (од што беше слатко му дадов и име), но само на кратко, бидејќи повторно ми побегна. Другарка ми па цело време ми викаше аман ти со мачкиве, што толку гледаш во нив, другарка ми па се плаши да ги гали ќе и пренеле крлежи, не биле чисти и уште мал милион изговори, она повеќе сака кучиња. Вечерва седнавме на клупите во близина на мачињата, а до нас дојде едно мало маче, само не беше од тие „дивите“ друго беше мило, мало, слатко и гладно. Сакаше да се гали, го земав во раце и го седнав до мене на клупа и и викам на другарка ми дојди погали го, прво не сакаше ама кога виде какво е, мало слатко се стопи. Цело време мјаукаше дури сакаше да ми ги гризе прстите, па така и викам на другарка ми и викам, ај јас ќе го чувам тука мачево, да не избега, на ти пари оди купи паштета види го какво е срценце мало, само мјаука. За тоа време му смислив и име, видов машко беше и Маци си го завикав (има значење за мене тоа Маци затоа и му го дадов името). По 5минути дојде со една голема паштета, јадеше што јадеше, ама малечко беше и многу ќе му дојдеше ако ја изеде цела паштета, па пола и повеќе од паштета остана, го галевме, но после си отиде кај мајка му. И тука беше приликата, КОНЕЧНО да ги погалам дивите мачиња. Ја земав паштетата и се доближив до нив, прво не доаѓаа, но после се потргнавме на страна со другарка ми и дојде мајката и викам сега оваа ќе ја изеде паштетата, па отидов и ја земав паштетата и ја ставив на друго место. Потоа дојдоа мачињата и успеав да ги погалам, но остана и малку од паштетата, се најадоа мачињата и тек тогаш мајката го изеде остатокот. Малите мачиња стекнаа доверба во мене, па и на нив им смисливме имиња со другарка ми. Имаше едно црно т.е омиленото на другарка ми тоа го крсти Пикасо, едно портокалово - црно го крстивме Стрела, црно - белото го крстив Кармин иако беше машко, но сепак и тоа има некакво значење за мене, едно портокалово - бело - црно другарка ми го крсти Облак, едно сиво го крстивме Глупчо, бидејќи само тоа не јадеше многу и другото сивото го крстивме Сивко, и едно портокалово го крстивме Жучко, а мајката ја крстивме Мајка Тереза. Од денешнава случка не само што нахранив 7 мали мачиња и 1 мачка туку сфатив дека секоја мајка СЕКОГАШ ќе гледа да има прво за нејзините деца, а ако остане потоа за неа (има исклучоци не викам не). Дефинитивно ден што ќе го паметам е 16.06.2014, исто како и 16.06.2013.
It's so easy to be social , It's so easy to be cool Yeah it's easy to be hungry When you ain't got sh*t to lose And I wish that I could help you, with what you hope to find But I'm still out here waiting watching reruns of my life When you reach the point of breaking know it's gonna take some time To heal the broken memories That another man would need Just to survive
Значи не знам што „марфиев закон“ е ова ама под итно треба да престане да ми се случува! Ќе се средиш како човек и кога ќе излезеш од дома нема да сретнеш никој, излегувај така цела недела никој нема да видеш. Е сега, една вечер ќе заврне па ќе мора да си облечеш една широка дуксерка да ти топли и хеланки и целосно изгледаш како дилер на дрога, е тогаш ќе го сретнеш симпатијата. Што среќа ќе бев. Ах бе, мајко, од кај ваков малер мене ме снајде. Па после зошто машките не ме сакале. Па мислам лол, очигледно дека универзумот е против мене. Не сум претставителна у п.м.