Прајслес момент од секојдневие. Излезена на кафе, ручек, прошетка. Иде позната мелодија во позадина, природно ми е да го отпеам лириксот. Само луѓе кои ме познаваат навистина, знаат со насмевка да застанат со разговорот додека не заврши мојот музички перформанс, а потоа со истата насмевка се продолжува разговорот. Ваквите луѓе си ги чувам. Скапоценост за сите времиња.
Заклучив дека е многу подобро да се работи трета смена отколку прва. Навистина е напорно ама ги немаш барем околу себе сељачаната од менаџери на кои сите им се притресуваат како божем се способни да те претворат во зајак. И плус ја завршуваш работата со помирна глава, а и сонот е поубав.
Најтешкото нешто што некогаш треба да се направи, е да ги отвориме очите и да го видиме тоа што никогаш не сакаме да го видиме.
Среќа е на прошетка да сретнеш поспано и мило маченце кое така ти се гали што едвај можеш да се одвоиш од него...
Џабе би имале висок наталитет ако голем процент од тоа население е гладно, живее само од социјална помош, невработено, без струја, без вода итн итн. Како да помалце се битни условите... Ете ќе се накотиме пример милион и пол само Скопје, а после? Ќе има работа за сите? Ќе има доволно финснсиски средства за сите да бидат соодветно платени? Ќе има место каде да живеат? За живеење ќе има да, све зелено ќе забетонираме и ќе го затнеме Скопје од сите страни. а не дај боже некоја масовна несреќа? Да се надеваме дека нема да дознаеме никогаш ама за жал и на такви ситуации треба да се мисли. Природна катастрофа или некаков напад. Имаме доволно возила? Имаме доволно соби по болнициве? Знаеме каква беше ситуацијата кога беше несреќата кај Ласкарци, луѓе и со приватни коли носеа повредени. А да е нешто поголемо? За изумирањето на природата криви сме ние. За нашиот намален наталитет постојат многу причини. Кога на еден голем број население во голем град ќе има доволен број возила на брза помош, доволно работни места притоа да биде загадувањето на ниско ниво, тогаш зборувајте дека треба да се зголеми наталитетот. Додуша ни тогаш немате баш право да кажувате секој да има деца.
Денес ми вели една мајка на 13 годишно девојче. 'Ќерка ми цело време збори англиски со другарките, знаеш ома го има природниот нагласок на англиски од филмови' и нависитна ја слушнав како зборува и онемев. После се чудите зошто македонскиот јазик не сме го чувале. Шо демек модерно е децата да ни зборуваат англиски течно, а нашиот јазик кој го е. Е од вакви исфрустрирано-модернистички родители да ти пукне пукалото. Па ПМ сами си го правиме. Читам, немало студент на македонската катедра.. Немојте сега, ти старомодна, англиски секое второ дете зборува од 3 години. Ај малку чукнете си ги главите, живи се. Или се натпреварувате чие дете ќе зборува со најчист ПРИРОДЕН АНГЛИСКИ АКЦЕНТ. А, првин да си ги описмениме со нашиот јазик, м?
Во право си, акцентот ми беше повеќе на исфрустрирани родители кои се борат чие дете е подобро и ги фураат што поќе активности да имаат. Што ли генерации ќе бидат? Како и да е, сите еден по еден ќе си одиме, несомнено
Па како иначе ќе имаат слободно време и со што да се фалат Не пробувај да ги разбереш. Само не раѓај овде. Најотворено ти кажувам...
Не знам ова.. Денес само ми се мрчи. Не знам дали греота е детето или мајката. Ја изгубила цуцлата и на фб ја бара. Дали ако му купеше нова ќе се смиреше? ДОБРО, прекинав