Аман веќе со толку придавање значење на децата.Ај ќе умреме сите па нека живеат само тие.Секаде само слушам добро е што не му се случило тоа на некое дете.Колку брзо возат може да има некое дете.Аман веќе што е со нас останатите што не сме веќе деца?
НЕСРЕЌЕН е оној кој не се осмелил да ризикува. Можеби тој никогаш нема да доживее разочарувања, нема да остане без своите илузии, нема да страда како оние кои пред себе имаат сон што го следат. Но кога ќе погледне зад себе (зошто ќе дојде тоа време кога секој од нас ќе погледне зад себе) ќе го слушне своето СРЦЕ како му вели: - " Што ли направи со чудата со кои Господ ги посеа твоите дни? Што стори со дарбите кои Творецот ти ги довери? Ги закопа во длабока дупка, зошто се плашеше да не ги загубиш. И сега само уште тоа ти преостанува: Сознанието дека ЗАЛУДНО СИ ГО ЖИВЕЕЛ СВОЈОТ ЖИВОТ... "
Значи нешто најмногу што ме нервира е некој кога ми врши притисок за некоја работа. Тоа ми е таква демотивација, особено кога доаѓа од луѓето од најблиското опкружување. Ако знаеш дека ме нервира тоа, зошто така ми правиш? Уф, вријам .
Добро утро Утрово во 9 ипол требаше да отидам до пошта со две пријателки. Јас синоќа да си легнам во 12 па да заборавам и будилникот да го навијам па ме разбуди другарка ми кога ми се јави да ме праша каде сум тие ме чекале. За 5 минути се средив и мислам дека ова беше најбрзото време за кое сум се средила до сега
Во руска воена база кај Архангелск пред недела дена при тестирање експлодирала нуклеарна ракета. Наводно не се знае точно колку луѓе загинале, ама е одржан погреб на кој 7 души се прогласени за херои. Наводно пошироката област е прогласена за "зона" и е забранет риболов. Дали станува збор за Чернобил 2.0? Повторно чекаме швеѓаните да ја измерат радијацијата, како во 1986 г.?
https://abcnews.go.com/Internationa...sile-fatal-explosion-russia/story?id=64924383 Еве и руски извор каде што руската војска им наредила на селаните од Аркхангелс да ги напуштат домовите, за они да тестираат нешто - веројатно за да испитаат радијација, или пак за да сокријат нешто. https://ria.ru/20190813/1557455080.html Имало уште една експлозија, ама нека не те збуни, таа е сосема друга и не е нуклеарна. Еве видео од неа:
Она кога неуморно пропагираш зголемување на наталитетот, а единствен наталитет што си го зголемил во животот е тој на Фемина со креирање нов профил секогаш кога ќе сфатиш дека веќе е доволно бламирање со стариот.
Сакам да ги разгледам сите теми што се најатрактивни за мене на фемина дека дооолго време не сум уклучена, а сакам да ги следам, да пратам што се пишува и да најдам соодветно место за се што сакам јас да искажам. . . И да ви кажам еден мој заклучок , колку се трудиш да го правиш тоа што другарката сака толу повеќе си губиш време што можеш да го искористиш за нешто поквалитетно и попаметно да направиш.. Доста време губев да сфатам една блиска другарка што ми го сврте грбот кога најмалку очекував ама ниту за „близок“ човек што бил секогаш со тебе веќе неможеш да му веруваш, најубавиот избор е да оставиш и да си правиш све што ти сака душата, без да кажиш колку се каеш што си имал/а таква личност што не цени ниту една добрина онака како што треба..
Ја гледам другаркава и се плаче, па ми се стега ја гледам да пушти солза. Бре девојче, заплачи, ослободи ја душата. Блиски сме. Не е убаво да се чуваат солзите внатре. Што ако заплачеш? Небаре вештачки кукли се ние. Или па гордост е да ги чуваш солзите... Боже
Кога завршувам со работа во Сабота сум: „Леле Драган, многу сум возбудена”, во стилот имам ден и половина слободен да направам сѐ Во Недела, која е после 5 минути сум „Фак ми и Драган и сите”
Јас сум личност што памети што и рекол Ранду на Касандра на 12.03.1996, Мехмет што и рекол на Хазал 07.12.2008, ама еден ф*кинг број од почеток на јули оваа година, сум го заборавила, а утре ќе ми донесеше бенефит и ќе си исполнев лична сатисфакција.... Ми доаѓа да вриштам на глас и да се истепам самата себе, онака од бес