Мајка ми е најсладок цар у светот. Си пуши цигара на тераса, се лади и го гледа мачето како се бања и и рецитира песничка за чиста Дана - уши, лице таа трие... Значи не можам со женава колку ме разнежнува, восхитува, засмева, а понекогаш ме лути, ама ми поминува.
Во право беше другарка ми кога кажа дека некои зборови не треба да излегуваат на површина,после тоа ништо нема да биде исто...
Колку се покварени луѓево, тоа е чудо... Место да си ја гледаат својата работа си ги пикаат носовите каде што не им е местото.
Ај ем најнтин, луѓе!!!! Ај ем конфјузд. Чувството е исто, знам дека така ќе биде и преку цела година ама убава работа се родендениве, некако се чувствуваш дека твој е денот и имаш мала привилегија затоа што тоа е денот кога си донесен на свет не по своја волја. Да, дефинитивно како битија заслужуваме еден ваков свој ден, ден каде што треба да ги уживаме сите нешта со поголем ентузијазам и да се радуваме на претстојните денови што следат без да броиме години, туку да собираме искуства. Да, среќна сум. Животот не е совршен, секогаш ќе имам тажни моменти за да не се добие дисбаланс... ама ќе сум среќна на мојот ден. Секогаш. И кога ќе се навикнам дека имам 19 години и тек тогаш ќе славам уште една цифра плус. Ах, животецу. Ве поздравувам сите, пијте на моја сметка.
Jaс како што знам себичност значи повеќе да мислиш за себе а да не ти е гајле за друг. Ако немам деца, према кого сум себична? Дете што уште не постои? Кој всушност страда од таа моја себичност? Исто како со она за абортусот - а замисли да те абортираа тебе...
Пред малку гледав еден филм на сител the dreames се вика филмот и целата сум збунета некако... Го има гледано некој??
Ќе доживеам ли ваков фризерски салон да видам у Македонијава,каде од прва ќе ми излезе платинесто руса и ќе имам совршено шишана кратка коса? Или вечно ќе си шетам со подникнат црн корен и жуто-наранџасти врвови во цик цак форма
Ужасно е да бидеш разбуден од вресоци од семејно насилство од соседна улица, ама уште поужасно е што некој минува низ истото.
Не ми е јасна што е таа еуфорија кога некој ќе ве побара за жена? Па статуси со зачудување, у смисла како неверување лелеее биднало работа, готово, од моментот ко сте рекле ДА, се е поинаку. Најчудни ми се оние на Youtube што буквално врескаат, воздивнуваат како којзнае што да се случило. Еве еден пример од пред 14 часа, прикачено ново видео. Мене повеќе ќе ми биде еуфорија да добијам на лото па така да реагирам отколку тоа запросување. П.С. до сега одбиени 2 понуди за брак со вклучено запросување во нив.
И мене, ептен груби и грди модели ми имаат, не би фрлила ни денар за нив. Мислам не би ми се вклопиле во стилот, не сум спортски тип за такви баш да носам. Изгледа ствар на вкус ќе да е.
Многу си младолика, донт бери гајле. Ама најсериозно, кога ти го прочитав мислењево, помислив на тоа како мислев дека имаш 25 години...
Какви граѓани, такво општество. Секој втор ден по некоја нова вест од црна хроника одекнува на новинарските наслови. Најновата, 17 годишно дете прободено со нож. Децата се испуштени, оставени сами на себе. Наместо да се борат за знаење, за утре да имаат подобар живот, школото го стекнуваат на улица, стануваат се поагресивни и раздразливи. Наместо да се трудат да постигнат нешто, со труд и работа, чекаат на мама и тато. Малолетници, секоја вечер пуштени до 3-4 саат сабајле, да шетаат, неприкладно облечени за нивни години, со алкохол и цигари во раце, ножеви, на клупи во паркови и по темни улици. Па на распуст биле децата. Каков црн распуст, нели гледаат тие родители што се случува со нивните деца? Како можат мирно да спијат кога нивните малолетни деца скитаат по улиците во ниедно време? Камо авторитетот на родителот? Драги родители, школото и воспитувањто од дома доаѓаат. Доста се замарате со постирање слики по социјалните мрежи и бистрење политика, сте створиле човечки живот, потрудете се истиот да го изведите на прав пат, а не да дремите со скрстени раце. За вашите деца се работи.