Сакам нов почеток во животот, нови луѓе, малку среќа, и храброст да мрднам од мртва точка. Од сето тоа ми фали храброста која ја немам... Други советувам себе си не знам да се средам. Отстранив многу луѓе во животот бидејќи ме труеја со негативна енергија, црпеа од мене позитива и сега се претворив во ќенкало кое се плаши да ризикува и спротистави. Не се препознавам. Позитива денес ми е успехот на моја блиска личност на работа, унапредена на повисока функција, прегратката на мачорите, и добивката на татко ми на спортски тикет висока сума на пари.
Oкеј е да си богат/да се стремиш кон тоа, да имаш удобен живот и да уживаш во материјални добра, тоа не те прави автоматски лош човек. Не е океј кога ќе почнеш да се расфрлаш со филозофии "travel, you're not a tree", исмевање луѓе што носат фејк верзија на брендови и сличен мајндсет со кој ги навредуваш оние со многу помалку средства. Има разлика.
Со тек на време учиш да бираш. Бираш луѓе. Бираш места. Бираш со кого и што ќе споделиш. И не е осаменост ниту надменост. Созревање е. Слобода е.
Како треба да изгледа ситуација кога има два шалтери од кои еден во моментот не работи: Како кај нас изгледа ситуација кога има два шалтери од кои еден во моментот не работи: Причина 4521487 зошто не ја заслужуваме ЕУ.
Не можам да седам дома, во истиот момент полудувам. А, не можам цело време да скитам, ако е распуст... Ме полудува тоа што немам обврски и ништо за учење, а кога ќе ги имам - ќе ми се слошува... Сега не ми се прави ништо дома, џабе да си барам некоја занимација, кога некоја апатија ме дрма. Знам дека е период, ама што знам... сакам што побрзо да помине ама од друга страна и не сакам. Сакам затоа што ми е убаво да бидам корисна и времето да ми е исполнето до максимум, а не сакам затоа што тогаш значи обврските стануваат посериозни. Ама и тоа треба лагано да се фати, да не се притресувам уште отсега зашто сфатив дека во секој момент може ништо да не остане од моментов и џабе долготрајните планови, секирации, чуда. Значи life rule no.1 : Живејте го моментот! Тоа нека е приоритет.
Значи мора кога среде ноќ ќе слезам за во ВЦ по гаќи и проѕирна маица без прслук, да излезе од некаде брат ми и да ме види.
Епа ај да пишам и официјално, си имам внуче. /me feeling old Се слушнав сабајлево со сестра ми , ми вели си олеснала, се родил лигуш од 3200 грама па 3 дена ќе седеле во болницата. Ми вели кога ќе сум дошла да ги видам, ааааа систер јас сум на работа , ќе видам у недела имам 1 слободен ден, па ако наминам. До душа толку сум изгубен случај што поима немам што се носи на новородено бебе , до сега не сум била кај ниедна другарка на гости кај нивните бебиња. Овој пат ќе мора да отидам оти сестра ми е во прашање. Ај ако ништо друго ќе го запознаам и лигушот, чисто од култура. Убав ден на сите
Сестра ти се породила (а не некоја комшивка од седми)и ДУРИ во недела ќе одиш да ги видиш?! Јака ти душа,како кожа те држи... Честиткиво...животен настан,еден од најубавите е... Извини ама твојата реакција ич не соодветствува на поводот... Ама ти си знаеш...
Нивото на радијација во Архангелс се искачило на 16 пати над дозволеното, а Норвешка детектирала радиоактивен јод во воздухот. https://mms.mk/90880/норвешка-регистрира-радиоактивно-зр/
Ќе си средат ако имаат проблем, Норвешка е, 2019, не е Украина -1986. Уште сте под импресии од филмот.
Секој си изразуваа емоции, или недостаток на емоции, на свој начин затоа што и сите односи со браќа и сестри не се исти. Ниту пак сите се потресуваат толку многу за бебиња, па и за внуче. Има мајки што не чувствуваат на почеток поврзаност со своите бебиња, зошто да не и тетка која е во сосем друг филм и не обожава бебиња? Може кога и вашите блиски би биле тотално искрени со некои од вас, би признале дека понекогаш и вашите деца ги нарекуваат -лигуши и мочковци На галено, де.