СДК што е ова никој немат Дај цитирајте ме, пишете ми, нека се дешаваат нешто на форумов. Дебатирајте бе луѓе!
Срдечен поздрав до " патриотите " кои се кријат позади тастатурчињата и кои први би " дувнале " ако недај Боже пукне пушка
За жал ја имам истата болка скоро една деценија,тешко е,но мора да сме силни.Биди јака,сочуство до целото семејство...
Сочувство до тебе и до твоето семејство. Тешко е, ама мораш да бидеш силна ти ја разбирам болката.. Бог нека го прости
Тешко е,знам. Со заминувањето на секој близок од фамилија на оној свет,ми се руши овоземниот на милион парчиња. Срцето стега,пече и боли. Но,се трудам да издржам знаејќи дека оние кои заминале не би сакале да сум на дното,туку силна и исправена на врвот. Луѓе,колку и да боли,не се умира со умрените.Мора да се издржи,да се истрае. Потребни сме им на оние кои се уште се со нас,потребни сме му на овој свет.
Во среда и четвртокот беше издадена трегова да не се влегува во морето поради високите бранови (од 4 до 7 метри). И синоќа читам по групите дека сите ја игнорираат треговата и некој Србин го загубил животот бидејќи бранот го голтнал. Зошто бе луѓе ризикувате се за едно капење има и други денови. Прошлата недела загина Македонец на работно место од струен удар. Малку повеќе свест да се има. Бог да ве прости.
Има тука кај мене едни мајстори кои прават зграда. И им даваме често ладна вода зошто знаеме дека на овие горештини е тешко да седиш во место, а не пак да бидеш качен на некое скеле и да местиш фасади. Вчера, доаѓа нивниот газда, и им вели на работнициве, во ФИРОМ (по ново северџански) стајл: „ако ви се работи - работете, а ако не тогаш да ве нема“. Мајка ми седеше во двор со мене и го слушна тоа. Репликата на мајка ми беше прајслес: „Море мамето да ти го ебам ја на тебе“.
Лош татко ме прави тоа што кога детето ќе падне наместо да трчам, да го кревам и да му се дерам зошто одело таму, скокало, трчало и слично јас го оставам само да се научи да стане, и без викање да го гушнам и бакнам кај што го боли??
А твоето прашање зезанција е? „Дали ме прави лоша мајка тоа што не си го тепам детето туку со збор му објаснувам?" Не, само патетична.
Не,добар татко си.Малите деца не разбираат дека не треба премногу да скокаат и пребрзо да трчаат,па треба да научат од возрасните.Се разбира со зборови,со пријатен,нежен тон. Детето подобро се чувствува кога е прегрнувано.
Кога ќе сватиме дека среќата е околу нас, толку блиску што таа сама ни се нуди да ја прифатиме, а ние упорно ја игнорираме ? Некогаш сме толку слепи што не ја гледаме среќата колку е блиску до нас туку ја бараме на друго место. А тоа друго место ни носи само несреќа и ништо друго.
Лош татко те прави ако го претепаш детето од ќотек притоа, се изживуваш врз него, вака не. Ништо лошо немаш направено.