Вчера направив најспонтана одлука во мојот живот и црева ми се вртат кога ќе помислам на неа ама... одиме до крај.
Во Скопје, овие неколку дена, се дише Фала Богу. Што се однесува до мене и нека заврне. Мислев дека сестра ми и е и, ќе ме разбере, но не. Мажена е пред 2 години и живее БТ, денес ми вели : 'Ете ти сега слободни викенди како што сакаше и уживај, ќе те видам после, сега си без обврски. Немаш маж ни деца'. Некогаш оди и во сабота на работа па денес излгеда и прснала чашата. ' Немој да ми кукаш, 1001 обврска завршив од сабалје, бев на работа 9 саати, ти? Отсекогаш си била разгалена ' Јас: Да, мене ми е лесно и интересно, немам проблеми на работа, маж немам, дечко немам. Секој ден станувам во 6 и си идам во 17ч. Живеам во Скопје што значи се мафтам низ 2 буса дур да дојдам од едното до другото место. Се возам на пеколни 40 степени, психички сум попуштена, сум на терапија и мене ми е СУПЕР. ' Не знам ама ме разочара и сум разочарана.
Кога те гледаат расположена,среќна се ќе направат за да го уништат тоа ама нема.Се што може да се случи е да ми се изгубите од живптов ништо повеќе.
Не е. Не се замарај што другите ти викаат, и со тоа те замислувааат и нервираат. Гледај си ги жената и децата и нив не ги рецкај. Баш убав пристап имаш со децата
Сакам направа што ќе ми ги блокира мисливе и ќе ми го гаси мозоков во истата секунда штом почнам со мислење. Ако умрам од нешто, overthinking ќе биде. Затоа не сакам слободно време, сакам фул исполнет ден и кога ќе легнам на перница - од замор да спијам во моментот, одма. Колку помалце би мислела, толку посреќна би била.
Гледајќи ja серијата "Тhe Dark" имаше сцена каде го споменаа кинескиот филозоф - таоист Zhuangzi со неговата таостичка мудра максима. Тој еднаш рекол "Eднаш сонував дека сум пеперутка, која летка натаму - наваму. Бев свесен само за мојата среќа како пеперутка, несвесен за себе сѝ. Откако се разбудив, бев повторно јас. Но, сега веќе не знам дали сум човек кој сонуваше дека е пеперутка, или сум пеперутка која сеуште само сонува дека е човек". Друштво, овој цитат е сѐ! Животот го минуваме во полет, заборавајќи на есенцијалниот извор на нашата природа и постоење. Не знаеме ниту кои сме, ниту од каде сме. Целокупната наша перцепција се темели на бројни мозочни функции и трансмитери кои имаат задача да ни ја предочат реалноста, и направат дистинкција меѓу неа и сонот. А, што е во суштина реалност? Збир на колектирани мозаици пред нашите очи... Како да се биде сигурен дека токму сонот не е единствената вистинска алка ,,реалност"? Навистина ви ја препорачувам серијата, но не толку заради самата серија, колку ради визуелниот содржински приказ и мудроста која ја содржи. Едвај чекам трета сезона! Сега одам да се расонам, сварам кафе, зошто од кујната слушам веќе викање по мене со целосно име, не на галено, а сите знаеме што значи тоа.
Парк, слушалки, музика. Неам друштво, кој е за ајде. Комшииве ќе помислат дека сум забегала. Скоро саат време седам.
I'm fed up to the ears with old men dreaming up wars for young men to die in... Glory comes from the actions that prevent war and the heroes are the ones who implement those actions... И мене ми е дојдено преку глава од секакви луѓе, не само стари или млади кои дури сакаат пазете, сакаат, да дојде војна за овие мрзливите и депилираните да виделе што значи да држиш пушка и да гинеш. Во превод тоа значи секој миг да ти е последен. Тоа значи да се плашиш дека никогаш повеќе нема да ги видиш блиските а не знаеш дали и тие ќе преживеат, тоа значи да преживуваш на корка леб, да фрчат околу тебе бомби, повици за помош од ранети, па се трудиш да му помогнеш ама сакаш и себе да се спасиш, со денови, месеци, да не склопиш око и мирно да заспиеш, со секој звук да помислуваш дека ти си следната жртва, да гледаш деца, невини души оставени да лежат целите во прав и рани сред пустош од рушевини гушкајќи ја играчката што им останала од целата соба која сега е срамнета со земја, да ја полеваш со солзи сликата на твоите дома откако ќе разбереш дека се убиени и да не сакаш да живееш после тоа зошто веќе животот не ти има смисла. За ова ли сонувате? Звучи сурово, звучи толку лошо...ама зборови се ништо во споредба со реалноста која и во моментов им се се случува на некои луѓе некаде и кои сонуваат да го имаат мирот што го имате вие сега. Мораме ли да се плашиме за својот живот за да направиме нешто за светот? Мора ли да постојат злобни луѓе за некој да гине заради нив па да биде херој за некого? Се бориш за човекови права, се бориш против загадувањето, помагаш на луѓе и животни, ама никогаш не ти профучел куршум пред нос па не вредиш ништо тогаш. И оние што загинале во војна се да, херои. Ама не треба така да биде. Не треба никој да страда. Одете служете војска, не ве држи никој. Ако избие војна? Јас ќе бегам, да, си кажувам ќе бегам. Оти мил ми е животот. Оти имам планови кои сакам да ги остварам. И никого нема да терам да гине за мене. Никој не треба да плаќа за тоа што постои злоба кај некои луѓе.
Кога ќе дадеш шанса на луѓе кои со причина си сакал да ги отпишеш од животот, но простото човечко од внатре ќе со речеш - абе ај и ќе се заебеш. Ќе се заебеш ко ќе видиш без причина дека некои луѓе уживаат да се изживуваат врз други. Ќе им дадеш малку живост и светлина и ќе ти испијат се што носиш во себе. Говна. Идеме понатака, овој пат без назад.
Еве ме , се прибрав и конечно го запознав лигушот мал. Знаете што ? Ко го видов такво мало, слабичко , невино, гревче, очи ми се насолзија. Не, не го земав во раце, само од страна го гледав, му ги оставив поклоните и си поседов на гости и назад. Сега сум 100 % сигурна дека не сакам да имам деца во мојот живот. Не се осеќам способна да чувам толку мало човече, мислам дека од толку што немам чувства во мене, спремна сум да го загушам во секој момент. Значи , големо НЕ за имање мое дете. Мака ми е што се нервира сестра ми оти не сака да цица малото, па мораат млеко во прав да му даваат од шише. А тоа што е гласно и што се наоколу ечи кога плака, тоа е друг проблем што исто ми пречи и нема да можам да функционирам ако ми плака бебе нон стоп до мене. Ништо, му реков на зетот нека ја научи прикаската за заспивање од Цацко, би требало да има ефект за малото да се смири. Животот продолжува понатаму , утре е нов ден
И да.. Ќе бидам безобразна.. ме фати инат внуци сте ми ама вие ќе ги трпите последиците затоа што мајка ми највеќе ради вас страда.. Нема со прст да мрднам... Така ќе гледам од страна. Бидејќи татко ви за мене не мрдна со прст. Дојдов сама на 18 год.. во Ск да работам и ни еднаш не ме праша дали имам или немам, дали можам или не.. Цел живот со прст покажуваше кон мене и мама дека сме неспособни, дека сум курва и дека никогаш нема да се омажам и дете да имам.. Види сега си го чекам првото чедо.. И не нема да ти правам друштво да се запишеш на факултет, снајди се, јас како се снајдов. Мало е Скопјево во споредба со цел свет.. Се надевам ќе дојде ден ова во лице да ви го кажам.
Некои насмевки се... Лажни. Само лажни. Ви се чудам како можете да глумете насмевка, а под неа маска. Џабе газда, џабе професор, џабе искуство кога културата ви е на дно. Жално што луѓето живеат за слава под маската на пријателство и лажни насмевки. Сето тоа испреплетено со финансии. Жално