Досадно е.Зошто?Имам желба да се заебавам,шалам со некого.Имам желба да се смеам до бесвест.Имам таква желба,незнам зошто.Сакам да се испосмеам,да си го продолжам живото' за негде петнаесетина години.Сакам срцево искрено да ми се насмее,не од љубов,не од среќа,не од негативност туку од нешто глупо,смешно,заебано.Да зборуваме искрено,нема некој што нема да се навреди од некоја шега на негова сметка.Било да е над границите било да е ептен шега.Си сакам некој хумористичен покрај мене,што ке можам да му ги кажам и најлошите проблеми,најлошите ствари а пак да ме развесели,да ме посоветува на хумористичен начин.Ми треба некој хумористично искрен со кого цела ноќ ке седам во темнина со една слаба свеќа и ке се смеам и смеам и повторно смеам.Ја имам ноќта,имам соба,имам свеќа имам заби да се смеам-едиствено нешто што ми фали е личноста.Неќам више длабоко допирни депресивни разговори.Го сакам погоренаведеното.И незнам зошто имам ваква желба?Претпоставувам сфатив колку е краток животот за да се замараме со проблемите.
Патолошко егоистични створења - тие се оние што ме плашат и ежат, и секој пат кога ќе наидам на некој ваков - се разочарувам до степен да се покаам што воопшто ги знам... У реду е се тоа, не вкам дека сите треба да бидеме вечни алтруисти - и постојано у тој фазон, него баш напротив, треба да постои секогаш некој баланс меѓу двете, рамнотежа, затоа што на крају краева програмирани сме така што би дејствувале најповеќе само за наше лично добро... Али коа ќе подразмислам, мислам, такви гадни створења сме ние луѓето некогаш - со големо Г, егоизмот е неспоредлив со другите срања што можеме да ги поседуваме... А ги поседуваме, ооо и те како ги поседуваме... Чудовишта сме, у најмала рака...
Убавината е во тоа кога некој ќе ти се јави да ти честита роденден, именден, слава, дипломирање, а не само на виртуелен начин колку да им` помине редот. Жално е што некои луѓе те подзаборавиле...ако не е фејсбук или твитер, нема ни да знаат дека постоиш.. Затоа си направив `чистка`, што ќе ми се - кога ни едно `здраво` немаме.
Имам солзи во очите. Од среќа. Не знам, оваа последна недела ми беше па, во најмала рака -совршена. Знам, можеби преувеличувам но среќна сум, остајте ме. Минатава недела ми беше рингишпил. Шарен. Бев дел од прекрасни случувања, запознав прекрасни, ма најпрекрасни луѓе. И не е дека немаше неубави настани но некако успеав да се убедам себеси дека се ќе биде во ред. Можам јас, вдиши, издиши. И можам, стварно. Уште сега потцупнувам од среќа кога ќе помислам на летово. Документите се пратени, а тукушто пратено е и моето првенче. Текст, за вебсајт. Не знам зошто воопшто се пријавив, ама се пријавив и од толку луѓе ме примија мене. И ќе излажам ако речам дека не е среќа, и дека не се чувствувам исполнето. Полноќ помина, а јас немам абер од легнување. Огромна шоља топло чоколадо и омилената серија. Време ми е за оддишка. Дишам длабоко, и светот е поубав. Ха.
Среќна ли си? Сонуваш ли за неа,ја бараш ли светлината во мракот? Се губиш и повторно наоѓаш.Во огледалото странец.Во огледалото ти. Забележуваш разлики мали промени во денот,развлекуваш насмевска ,купуваш соништа,чиниш на некој пазар ги има на некоја улица ќе ги сретнеш,а тие во тебе заспани,ги будиш. Денови во боја,и оние сивите денови на умор. Сонуваш за Париз,Лондон и топол чај а рекоа ќе врне во твојот град. Избледено засекогаш ми лебди во мислите. Ти секогаш ќе бидеш она,она помеѓу реалноста и се што некогаш сонуваше. А,јас во себе закопав тага да талка ја оставив на дното и заповедав. Се прашувам кога ќе се врати повторно? И тогаш што?
Досадни луѓенца кои само џаболебарат се причината што се осеќам затапено кога ги слушам/читам. Ај во живо што мора да ве трпиме, ама мора ли и по форуми да ве има и да ги претварате во некоја бедна варијанта на Фејсбук и Гламстик? Беше еднаш времето на дедо Киро Глигоров кога се знаеше форуми што се и каков народ ги окупира. Ве имаше и вас досадните, ама во неспоредливо помали бројки и не се силевте со право на говор ко сега зашто ве решаваа по брза постапка. Мене вака ме загрижува оваа едвај писмена генерација, овие Богородици што затруднуваат преку папок, оние возрасни жени што останале во тинејџерски години, ситуацијата кога некој пола ден го минува лепејќи сликички од тоа што јадел денеска и расправајќи како некој три дена носел исти гаќи и со колку флеки биле. А вашите смартгаќи се самоперат и мед и млеко ви тече. Земете бре прочитајте нешто подлабоко од деколтето и статиине како да изгледате ко (пардон) ороспии за да им ги здрвите на мажите за 20 секунди. А на Америне се смееме демек. Јебеш сé, кога некому не му е срам што е глуп по сопствен избор. Хесусе драги, ако ова е сегашноста и иднината на човештвото, кажете навремено да бараме лек.
Само здравјево да ми служи... Паднат имунитет, ама да ви кажам и добро се држам. До негде. Градите ме болат, шмркам, добиено имам, кашлам... Ама се смеам.. Се смеам на неговиот повик. Се смеам на тоа што сум цела расеана и не можам една проста дипломска да ја составам во еден дел. Се смеам на работа. Се смеам со другарите, другарките. Се лечам со смеа, со среќа.
Интересна вечер. Ниедно време, гужви, гласна музика, малку алкохол, непознати луѓе, и кога гледам позната фацка, ми требаше време додека да ми текне од каде ми е познат... That awkward moment, кога случајно на забава преку рандом познаник на несврзан муабет го запознаваш типот што пред неколку месеци ти привлекол внимание на рок свирка. Он секако појма немаше дека постојам и дека го имам приметено предходно додека сега официјално не се запознавме. Се беше како што треба муабети МУАБЕТИИИ како да се знаеме цел живот. Што ти е Скопје мал град врти сучи, секој со секого се знае... и се беше супер додека не дојдовме до тема години... Се на се убав провод.
Цвеќенцето Октомври 2009 година кога од Америка се вратив во МКД и си го зезнав животот.... Се вратив поради личност што ме уништи психички и сеуште ги трпам последиците... Ех да можам да го вратам времет о
Очајно ми фалеше ноќ како претходната. Весело друштво, вино и гитара до раните утрински часови. Попрекрасно не можеше да биде. Не очекувани работи ми се случија деновиве. Се работи за добри работи, ама некако не можам да ги прифатам. Барем не за брзо. Не би се решила на толку големи промени, иако цело време зборувам како сакам промени. Ама таква сум јас. Цело време ќе се стремам кон одредена работа и кога ќе дојде време да се исполни, ме фаќа толкава паника и страв, што на моменти посакувам да се откажам и да се тргнам засекогаш. Се` повеќе и повеќе се фаќам себе си како ги гледам работите од поинаков агол. Онака како што никогаш и не би помислила дека ќе размислувам. Се` се менува со тек на време. Така и мислењето кон одредени работи и личности. Околностите во кои се наоѓам ме натераа да бидам таква каква што сум сега. Откако почувствував и сфатив дека на одредени луѓе не им сум потребна и не мислат на мене, почнав полека да ги бркам од мисливе и колку толку да се обидам да не ми бидат дел од секојдневието и додатно да ми го рушат расположението. Од постапките на луѓето можеш да процениш што сакаат од тебе или дали воопшто те сакаат во својот живот. А јас, го приметив тоа кај одредени луѓе. Се осеќа разликата. Некогаш и сега.
Понекогаш се чувствувам како некоја баба пензионерка која просто повеќе неможе да издржи да излегува во многу големи гужви, галами, кафичи полни со пубертетлии во алкохолизирана состојба и девојки кои само те мерат од глави до пети и вртат очи. Милион пати повеќе сакам некои мирни варијанти, пример друштвото дома и ќе имаме филмски маратон а притоа ќе пиеме вино и ќе се смееме, ех да можеше на овие моиве ова да им го објасниш, камо среќа! После долго време вчера испив малку повеќе од тоа што треба, среќа не драмам под дејство на алкохол туку сум буквално истата како да немам испиено капка вино. Препушив цигари и јадов мрсен бурек со сирење. Толку ми е лошо што си мислам дека од мачнини ќе умрам. А и првпат после многу време се вратив дома во 8 сабајле па дури срам ме фати од моите затоа што малце без врска ми е да дојдеш дома кога они веќе одамна станале и појадувале и се спремаат да си ги вршат дневните обврски а од друга страна јас се спремам да спијам. Живот во безделничење, не е ова за мене. И така некој ќе станува јас стандардно си легнувам во ова време, мање-више и во останатите денови се случува овој период да се мачам да заспијам. Отидов на спиење, ако не приумрам од мачниниве. И уште нешто, недело те мразам!
Јас вака,раздразнета и надразнета,сакам да кажам,дека сон на секоја жена е да биде сакана (во секој поглед) и почитувана,од еден ист маж,зашто само таков маж ќе умее да го прифати и да го слави секој дел од нејзиното битие.Така сака вистински маж. Ме лупаат хормониве во глава
Што ти носи минута, не ти носи година. Една несреќа, и ги менува сите нешта.Не ми е гајле што имаше моменти кога толку многу ме нервираше, не ми е гајле за сите расправии што ги имавме, не ми е гајле што ми ги земаш омилените блузички, не ми е гајле што ми го потроши новиот парфем. Мило ми е што си жива,што Господ те чувал , и мило ми е што научив да го ценам зборот сестра. Те сакам дадо
Ги читам последниве 5-6 страни од темава и половина се коментари за мислењата на форумџиките.Едни велат форумов се претвори во Гламстик,други форумџиките биле ископлексирани,досадни.. Овој форум е создаден за да си ја олесниме душата,ако се ова го кажуваме во лице ке бидне војна.Како можете форумов да го споредите со Гламстик?На форумов 95% од форумџиките и форумџиите ја кажуваат вистината..Изгледате како да плашите од вистината. Доколку толку ве нервираат "бедните" мислења не ги читајте.. Spoiler Не би сакала од ова мислење да бидне караница,само го искажав своето мислење за форумов,не сакав никого да повредам или да ви кршам мислењата..
Народот е желен за внимание. Искомплексирани личности насекаде... Имам неколку другарки што ме страшно многу нервираат кога ќе кажат „не сум убава“. Убава си, мала самодоверба имаш, и не, нема да ти кажам дека си убава! И јас кога се погледнам во огледано гледам еден куп несовршености. Ама живи луѓе сме, не сме кукли да бидеме совршени. А и кој би сакал да биде совршен? Го сакам т.е го обожавам моментот кога ќе се погледам во огледало и сум задоволна од тоа што го гледам. Несовршеностите ги покривам со насмевка, ако насмевката е голема несоврешностите изгледаат помали. Илузија... пау!
Прекрасно утро започнато со шолја топол чај и бисквити.Исполнета во душичкава,насмеана го гледам светот од некаква друга преспектива,позитивна.Во потрага по нешто ново,авантуристичко интересно.Заборавајќи на реалноста,продолжувам,заборавајќи на себичните,љубоморните,лошите луѓе успевам секогаш да си ја задржам насмевката на лицето.Овојпат не лажно измонтирана,туку искрена.Па,да,не вредат тие таквите.Нема потреба секогаш да се бориш против нив за правдина,тоа обично кармата го средува. Ајде да додадеме уште малку сјај на ова одлично утро со доза креативност,упорност,музика....да го отвориме срцево да си ги дознаеме и најдлабоките тајни,кои не сме ги знаеле за себе. Ви посакувам и вам доброутро феминки, Вашата Срцка28.