Значи не за џабе рекле дека кучињата се попаметни и од човекот. Вчера како што си седевме на тераса гледам дека моето од радост почна да се врти во круг, да се исправува по оградата и пак да се врти како споулавено. Погледнав што се случува и видов дека видела дека комшиите пристигнуваат од Германија. Срце мое, ја обожавам. Комшиката од Мк ја гледа секој ден и секој ден лае по неа, не сака да ја види, додека пак другите комшии ги гледа еднаш годишно и ги обожава бидејќи и посветуваат внимание. Епа попаметни се од нас. Ние луѓето обратно си правиме. Бегаме од кадешто не сакаат, а одиме кадешто не не сакаат. и уште нешто за добра ноќ
Читам на нет за урнатите објекти до гтц и си мислам до каде ли стигна нашата држава? Да се руши објект од кој зависи животот на една личност само за да покаже владата во најдобро светло за она што постигнала во изгледот на државата? Убаво од нивна страна што толку се ангажираат за изгледот, но некој друг да има последици од тоа не е убаво.Можеби уште сум дете да се мешам во овие политички работи но имам право да го изнесам моето мислење како граѓанин на оваа држава.Јас многу го сакам Скопје, тој е мој град од соништата, а Македонија мојата држава.Колку само не ги сфаќам оние кои ќе речат ,,Не ја сакам Македонија''.Се чудам како може некој да не ја сака својата родна земја.Да, можеби Македонија е сиромашна земја, процентот на невработеност е голем, па затоа луѓето го бараат спасот по другите држави.Ама тоа не не спречува да си ја сакаме нашата Македонија.Кога прв пат слушнав за проектот Скопје 2014 бев многу мала, дури не ги ни разбирав тие планови на државата.Дојде и 2014та година кога треба тоа да го реализираат.Ми се допаѓа овој проект, фонтаната на плоштадот и не мислам дека е пренатрупано.Барем да почнеа постепено да го прават тоа, а не вака наеднаш.Незнам зошто ме погоди толку ова со тие објекти до гтц, не можам на никаков начин да го пронајдам одговорот.Само ќе кажам дека секоја добра страна има и нешто лошо а тоа е уништувањето туѓи животи за свои цели.Посакувам што побрзо да се реши ова и тие луѓе да продолжат да работат за да заработат.Но, и покрај тоа што се случуваат вакви несакани работи во Македонија, јас не се откажувам од неа.Македонија-мала , но голема во нашите срца.
Многу пати си го поставувам прашањето: дали ке успеам како родител да го не само изведам туку овозможам да остане на прав пат моето дете, дали ке запознае добри личности, дали околината ке биде добра со неа, а како, како ке биде кога ке стане тинеџерка дали бар малце ке ги слуша моите совети,дали ке цени моето залагање околу неа. Една членка од форумот беше напишала дека тогаш ако пие ке пие со мене, ако пуши ке пуши со мене, сака да проба нешто со мене ке го проба, а јас си мислам дали баш тоа ке сака со мене да проба или нормално со нејзиното друштво, сто посто нема да сака дома со мене да седи , незнам се трудам на керка ми да ја покажам реалноста уште од сега да не живее во некој сон дека се е ок, и дека се ке иде како таа сака, но некогаш колку да се трудиме ние како родители има уште многу други фактори кој влијаат како ке се оформат како личност нашите деца Што можам да кажам само Господ да го чува моето дете и да има добра судбина исто така да ги чува и сите други деца на светот. Еве една статија што баш ме расплача зошто е така се е така . Кога веќе пораснав, татко ми прв пат ме виде како плачам, како се однесувам дрско кон секого., како се претворив во личност што тој воопшто не помислуваше дека ќе станам. Не му беше мила помислата дека сега не сум само неговата мала ќеркичка, сега до мене има еден безвреден и себичен човек кој е заслужен за мојата состојба во моментот. Човек што не знае да сака, да цени, човек што сака само по потреба Го болеа моите солзи, еден ден ми рече: “Те пораснав, те одгледав како капка на дланка, како бисер те негував. За што? За сега друг да се кити со твојата добрина, а тебе да те полни со тага. За да плачеш за некого? За некој што не знае колку вредиш? Кој и да е, не можам да дозволам да те гледам несреќна покрај него. Ќе продолжиш со животот како што живееше кога беше само моја. Правиш се, а тој не те забележува. Ти ѕвони, ти обрнува внимание само кога на него ќе му биде здодевно и кога ќе ги нема другарите и оние неговите… Кога те погледнал во лице и ти кажал дека те сака? Кога те галел нежно по косата и те бакнал во чело? Кога те изненадил со нешто, кога си почуствувала љубов од него, ќерко? Го прави ли тоа што го правев јас за тебе? Ти купил ли некогаш поклон за роденден? Ти признал ли некогаш колку вредиш? Не ќерко… знам дека цел живот за тоа мечтаеш, но не го добиваш. Во што се заљуби? Во човек? Тој е човек? Тоа себично куче… На што си го трошиш времето и љубовта… Јас мојата ја потрошив на тебе, но те сакав и чував. И ти твојата подари ја некому што ќе ме замени мене. Ќе дојде денот кога ќе ме покриваш со цвеќиња, сакајќи да ме вратиш, тогаш сети се дека има некој сличен на мене. Тој што ќе биде до тебе кога мене ќе ме нема. Во тој што ќе ја бараш последната надеж и утеха. Тој што би го дал и последниот здив за тебе.“ Сега кога веќе се се смени, сето она што го имав, кога се смени и времето заедно со мене … како да му блеска сјај во очите како да се радува дека го имам она што го имам сега , како да е горд на мене…
Oва ме потсети на нешто што мене ми се случува во исклучителни околности со пажливо избрани личности. Си имам еден бивши, не некој си со стаж, онака light-бивши. Живееме блиску, но не се гледаме нешто често низ маало, АМА кога и да го видам јас сум во фазон: зашто-ме-људи-избегавају ...де убрзана, евентуално покапана со кафе/сладолед, де во домашно руво да фрлам ѓубре или нели секако: со паковање тоалетна хартија од по 10 ролни. Абе гарант момаков кога и да ме види се срами од своето минато, ама не е ни битно зашто пак кога ќе отвори уста тој, и јас се осеќам нешто во тој стил како што претпоставувам дека се осеќа тој Така да, без гајле Џени.. you're not alone
Џени, се рчкавме во ЛП пред некое време, али да ти кажам искрено не си единствена! И јас не сум таа претставителната бре! Го знам тоа чуство коа си ко клошар облечен, во најлабавата облека, да не кажам пижами, и оп овој ко компир искочи. Дека не го сееш, таму никнува
Женска главо зошто ли сеуште го ставаш на нечујно телефонот кога ќе се вратиш дома? Демек ќе те бара некој? Да Чурко ќе ти се јави Барем се видовме синоќе т.е. вчера. А чудна работа, рацете не ми мирисаат на неговиот парфем. Ако, има тато како неговиот па самата ќе си се намеришам
Не сте единствени бре, јас у 11 саат, куса панталона + чорапи до колена и со пиперките во раце здогледувам едно типче. И наеднаш настана еден бум. Тој е или не е ? И како за инат тој беше.
Претходното лето живеев во страв. Се плашев да излезам од дома. Море, се плашев и гласно музика да слушав или да заборавам дом отклучено. Цело семејство бевме погодени од милион ситуации и немавме слобода. Но, ова лето НЕМА. Сѐ се смени. Се чувствувам како лавица. Никој не може да ме повреди, силна сум, со крената глава. А што е најважно, НАСМЕАНА. Кое чудо да ме видиш мене насмеана, еј. Но, ете , се случи и тоа. Епа штом почнаа промените, ќе ја довршат работата. Летово решив да се фатам за работа. Моите веќе стареат, а земјоделци се. Секако дека им треба помош. А во земјоделството сѐ зависи од временските погодности. Ако една година е лошо времето, нема земјата да роди, а и трпезата ќе биде поедноставна. Ќе нема нова облека, шетање и сл. А пари за сѐ требаат. Најмногу за работници. Нели, големо поле, не може татко ми сам да го обере цело поле пченка. А да не го заборавиме и гравчето. Затоа, летово ќе си го заслужам лебчето што го јадам. Кога ќе дојде време за берба, на поле со тато. И јас ќе добијам поголем џепарлак, а и тој нема да мора да плаќа и храни работници секојдневно. А ако не помагам, што ќе правам цело лето? Ќе дремам на Фемина и Фејсбук? Е да бе, немам попаметна работа. А и на поле млку ќе ме фати сонцето, ќе зајакнам, а и ќе можам да се глупирам додека одмараме. Имајте пријатно лето.
Заврна... Фала му на Бога врне. И не знам зошто толку му се радувам на дождот што капе на прозорците. Кога би можела само да се исплачам... Ете ми се плаче, а на дожд „најубаво“ се плаче. Ама не можам, можеби сум си ги потрошила солзите. Полошо е кога сакаш да плачеш, а не можеш, затоа што солзи не ти доаѓаат. Би сакала да почне да грми, да светка. Не за нешто лошо, туку така за мерак, да се изгрми и тоа да се испразни. Што ми е? Не знам... И покрај пријатели и семејство се чувствувам осамено... и тоа многу осамено. Имам некоја празнина во срцето, што ми смета. Се надевам ќе ја исполнам, бидејќи без една половина тешко се живее. Само дај Боже утре т.е. денес да врне и да можам да шетам на дожд. Да ми олади главата, да ми се смири мозокот. Фиоките на мојот мозок се преполнија, па сега е се во хаос. Колку ли убаво ќе се спие додека врне. Би сакала да сум надвор сега.
Сакам да ви раскажам една убава вистинска приказна ... Денес е 2 годишнина од брак на моја пријателка. Пред 2 години беше тотално разочарана, луташе секаде сама, викаше јас никогаш нема да се омажам, за мене љубов нема повеќе. И, си оди еден таа во маркет со скутерче, си накупила што и треба и со работите кои ги ставала под седиште го заборавила и клучот, и си го затвара седиштето, се најнормално кога ооопп.... Гледа скутерот заклучен, клучот, новчникот, мобилниот се внатре... Помош побарала во соседната фабрика наспроти маркетот, и дошле 2 момчиња, го отвориле некако едвај, па се запознала со двете момчиња, но со едното уште од првиот момент кога го видела таа вика ,,Ми процутеа цвеќиња во градиве кога го видов,,. Се пронашле на фб, излегле после 2 месеци си остана бремена, и еве ги денес си слават со прекрасно детенце пораснато Пресреќни се! Затоа не треба да се губи надеж за ништо , некои работи ни се дадени како на тацна од Господ, само треба да ги препознаеме дека се за нас, и да си ги земеме, додека не ни ги собрал некој друг од пред нос. Се се случува со некоја причина во животот!
Јас искрено си го сакам дождот и неговиот мирис.Обожувам да го гледам како се слева по прозорци, ама ќе видиме ли бре лето оваа година? :'( Само врне :geek: Не му е време сега,нака светне едно сонце,да не огрее,да ме развесели а не вака ilent:
Suavemente, besame que quiero sentir tus labios besandome otra vez. Suavemente, besame I love what you doing to me But keep it suavemente
Bastard sons beget your cunting daughters Promiscuous mothers with your incestuous fathers In great souls condemned for all eternity Attained by immoral observance a domineering deity!!
Она кога те гледаат како од Марс да си паднал додека се снаоѓаш на дождов и ти иде да им кажеш: „Дааа, све ова за да може да имате вие претстава, не од шо си иам мака. Стварно. Да не претпоставев дека ќе ве видам ич од дома не излагав. Какви неодложни обврски, какви бакрачи...“ Брее, сеирџиство.
Цела ноќ и цел ден врне, претера веќе Како е низ град, слушам имало гужва, застој во сообраќајот, уште тоа ми фали, да не може човек саглам да се врати дома. Не беше јуни создаден за вакви дождови и грмотевици. Јуни е за одмор, сонце, плажа. А не само времето, туку и луѓето се ептен заебани, гнасни, превртливи и злобни. Не сакам да сум дел од ова ковање завери, а се наоѓам на средина со погледи вперени во мене и очекување нешто да издадам за некоја страна. Одјебете вие искомплексирани, фрустрирани, ладнокрвни пијавици, одјебете и оставете ме во она малку кое си го приграбувам секојдневно, како мал дел останат од нормалното и пријатно чувство на дел од нешто чесно, морално исправно. Да сакав да бидам како вас, ќе изберев друга професија, ма ќе изберев друг живот, можеби на сериски убиец или силувач. Вие го убивате човечкото во луѓето, од вашата мизерија пати народот, недолжен а осуден да се најде на вашата раскрсница од болни заговори. Со вашите сплетки го силувате трпението на секој кој ви се наоѓа на патот. Вас ни дождот нема да ве измие, ниту громот ќе ве погоди. Вие сте родени со таа цел, да јакнете нечии нерви или да ги кинете истите. Останете во сенката на вашата глупавост и неписменост, се надевам дека никогаш нема да излезете од таа сенка, удавете се во неа.
Прoсти им нa oчиве штo ги бaрaa твoите. Прoсти им нa усниве штo ги пoсaкувaa твoите. Прoсти ми мене штo те сaкaм сaмo тебе.........!