Преку глава ми е од се, кој може да трпи вакво малтретирање. Не идам кај вас за да си лечите комплекси врз мене. Зошто мислевте дека ќе ве подржувам во вашите одлуки? И јас си имам свои проблеми, а ова од денес капак ми беше. Знаевте дека треба да избегнувам стресови и нервирања и продолживте со вашето.. Ич не ми е гајле што сум ви внука, веќе очи нема да ми видите.
1. Жени за други жени ко на чешма оговараат дека успеале во кариерата со „ширење нозе“ (се прашувам дали постои млада и атрактивна успешна жена која станала позната во јавност, а ниеден да не ѝ измисли ваков муабет). 2. Лејм машки особи се тешат со ова дека не можат да најдат девојка оти не се екстремно богати и влијателни, а само тоа пали кај жена. 3. Rinse and repeat. Магичниот круг на фиромската и балканска конзервативно-шовинистичка 'рѓа на умови...
Комшииве скроз скренале. Го пуштиле српското на најјако во ова време да ечи насекаде. Спиење? Што беше тоа.. Досега не се десила ваква "веселба" без причина и плус кога рано наутро луѓе треба да стануваат за работа.. Тоа е кога нема некој обврски и многу слободно време...
Најсилните луѓе не се оние кои ја покажуваат силата пред нас, туку оние за чии што битки не знаеме ништо.
Ќе пишев за истово. Стигнала на висока позиција со ,,продавање на газот" а после ги лечела фрустрациите на тие под неа. Ми се згрози, ваков муабет од високо образовано лице, кое се смета за напредно и интелегентно..no comment. Најжалосното беше што на крај се пофали дека и таа фатила врски за да заврши одредена работа (не еднаш, дури и повеќе пати) ама нели газот таа не го продала па не се важи нејзиното.
Лага ќе биди ако речам дека вчера во 3 не сум излегла надвор да бркам кучиња да не случајно некое маче ми забега надвор од дворот. Па таман сум легнала точно под џам почнаа да лаат пак и слушам маче квична, бегаше. И отворам џамот и викам по песојте и си заминаа. Сите бебиња ми се на број, ама не и овците во глата.
Не си ги лечи комплексите на мене ретардирана будало.Немам живци веќе, ако јас горам гориш и ти и сите твои мили со мене.Кога ќе се фатиш за орото го тераш до крај, ама комплексите не си ги лечи на мене.Не сум женска ти за да те толерирам бескрајно.
Се прашувам има ли и друг некој кој сеуште јаде Харибо (ги обожавам жабите , мњаммм ) и Плазма бискоти оти навидум биле наменети за деца. Не знам јас во која категорија спаѓам.
Преубава вест. Ми се разубави денот. Ми беше премногу мака за пожарот. Ме замисли шокантната вест. Сепак станува збор за живи суштества и растенија. Не е некоја обична градба да гори па да ми биде онака "skip" (не толку важна) вест. Иако и тоа е жално.
СЕКОГАШ. Сега има и едни за 5 денари гумени, секогаш кога треба кусур да ми врати и има 5 денарка, си земам мало пакетче гумени. Онака џебни се. Оти сите задоволства да ги остајме на децата. Да имав време и храната ќе си ја сечев во форми, цвеќиња, срциња, кругчиња. На Палачинките ќе им правев смајли фејс со чоколаден прелив. Среќата е во мали задоволства. Следен пат јади едно пакетче за мене.