Точно. Ама е општествено прифатливо дека се за деца. Не за друго имам нудено и возрасни кога земам и ми велат: „не е то за мене, за децата нека јадат“. Или пак некој да ми се смеј дека сум слегвала надолу него да сум одела нагоре. Лично, не ми смета, ама се случва и се случва многу често. Или да ме прашат на каса дали имам внуче, за дете не ме грешат. Не треба да е нивна работа ама ... ете ти. Сем за плазмата, арно бисквити не се социјално определени. лол.
Чим ова го пишуваш и те како се замараш. Научете да прејде те низ човечката простоќа ако сакате да се издигнете. Или замарајте се доживотно. Ваш избор. Производите не се стриктно за деца. Кој што сака нека јаде.
Така де Лили, Херара пиша и се надоврзав како детски производи зошто доминантно се купват за деца и општествено се прифатени како такви. Не ми смета да мислат луѓе дека одам надолу, @gjoker4e тоа значи да се намалуваш т.е. од поголема возраст да одиш кон помала. Сакам детски работи и вреднувам детски игри и искрено не ми смета. Дали ми смета дека мислат дека работите не ги купвам за мене, дали имам внуче, дете, и било кој дел од моја приватност - ми смета. Не го кријам тоа Лили. Прилично транспарентна сум за работи кои сум решила да ги споделам.
Вчера рабoтејќи на шалтер ми доаѓа еден млад дечко,некој 20-23 год преку сила,со 6 мали дечиња на возраст од 8 до 10 години (кој имаа сите по некоја говорна мана) а беа преслатки,одма ги приметив дека се од некоја установа,деца без родители или слично нешто такво.Ми побара да јадат 2 помфрита големи,секако јас им ги спремав,им ги дадов и си седнаа,дечињата јадеа како да немаа никогаш јадено пржени компири,толку беа радосни и насмеани,што мислиш светот си им го дал на дланка.Го повикав дечкото да дојде,на шалтер културен дечко,го прашав од каде се дечињава?Ми рече со насмевка,децата се без родители,и живеат во Ново Лисиче,државата им плаќа стан,а јас волонтирам во Црвен Крст,па денеска решив да го поминам денот со нив,му реков браво има сеуште надеж во младината,седни си му реков фала ти за информацијата.Земав направив веднаш 4 големи помфрити,ги повикував и им ги давав,се виде како им светнаа очињата,насмеани радосни,а мене срцето ми се стегаше,солзите само што не искочиле од очите,ме боли душата што сеуште има луѓе кој трпат за храна,за парче леб,а овие беа посебни,малецки невини души,со чисти души.Дечкото доаѓа испаничен и исплашен,ми вика,ама дечко не нарачав 6 помфрити само 2,немам пари толку да платам,му реков момче ич да не се секираш,све е од нас,немора ништо да платиш,нека бидат само насмеани денеска и целиот живот,дечкото се натажи и зема ме гушна и стисна силно,ми рече ова е реткост во оваа скапана држава,фала ти како Господ,фала ти многу,му реков дека нема никаков проблем,и секогаш кога ке сака,да ги зима дечињата и да доаѓа кај нас да јадат,нема никогаш ништо да платат се додека сум јас таму,толку ми беше благодарен што немаше зборови како да го искаже сето тоа,се најдоа,напија сокчиња,и дојдоа сите едно по едно да ми се заблагодарат и кажат чао.Колку мали гестови а уствари толку големи,мали ситници кој срце кршат,дај боже да прераснат тие мали човечиња во ГОЛЕМИ,и да бидат успешни И НИКОГАШ ДА НЕ ТРПАТ ЗА ХРАНА.А јас си се пикнав позади шалтерот каде што никој неможе да ме види,си се изнаплакав како мало бебе,душата ме боли.... А ТЕБЕ МОМЧЕ ГОСПОД ДА ТИ ДАВА,ЗДРАВЈЕ,СРЕЌА,И СЕКОГАШ ДА ПРАВИШ ДОБРИ ДЕЛА. П.С ПИШУВАМ И ПАК МИ ТЕЧАТ СОЛЗИ,ЖИВОТЕ ЖИВОТЕ....
Сеуште има надеж кај младите. Ни треба таква младина на светов. Имам другар, без родители, посвоен беше, му беше тешко цело детство. Сега се ожени, девојката неможе да раѓа. Посвоија деца без родители. Ги растат заедно, се им пружаат, ги сакаат, ги пазат, со толкава среќа во гласот зборуваат за нив. Планираат да посвојат повеќе. Е такви луѓе требаат.
Утрово мм си мачка нутела на лебче и ги прашува децата дали сакаат. Му викаат да. ,,А на мене?"- му викам Ладно ми одговори: ,,Ти си дебела нема за тебе" Премолчев, викам не му е денот. А он по 5 минути ми доаѓа со нутелата и лажичка во раце. Ми подава и со насмевка вика: ,,За тебе нема леб, само со лажичка чечкалицо моја, така е повкусно" Е жими се ќе го изедев, многу си го сакам
Таман, кога се решив да земам нешто благичко за мојата душа напатена која ја измачувам веќе на секаков BDSM- начин без благо, и тоа трета недела по ред, ова бев пред супермаркет:
Ти доаѓа понекогаш да си пукнеш... Не знам дали е среќа што не се појавив на настанот, или е штета. Доволни беа слики за да ме заскокотка пак срцето, не издржав. Не е тука си велам, не го мислам. Ама навечер пред спиење, знае уште еднаш да ме разбранува. Од друга страна, сета болка која ми струи низ телово кога ќе го видам, и сите недоречености кои прават само повеќе да се повредуваме, ми ствараат одбивност да го видам. Ќе го гледам наредниов период се почесто. Не знам како да се однесувам. Силна сум, ама слаба. И тогаш, од внатре некоја сила, пак: силна сум И пак преостанува само насмевка Периодов ми се погоди ваков, со среќа и тага, се во едно. Се чувстувам некако изолирано, сакам да одам на забава и да танцувам додека можам Ама не ми е друштвото такво, пензионери се Ај оставам за Скопје со друго друштво, поопуштено и повесело. Моменти каде што мислам дека не си го знам патот, а чекорам. Нормално е, ме задесија големи промени. Но волја и желба да се продолжи, има. Емотивна сум, си прибирам се во себе, и после ќе излезе сето. Си велам: Пушти ги Мрмејд сите, не се оптеретувај. Не дека ми е грижа дали ме сакаат, ама некои луѓе се едноставно такви, љубоморат и пробуваат да те згазат. Ама не знаат дека имам силна волја, и дека горкото искуство зад себе ме направило многу јака. Па нема да ме скршат нечии сплеткарии и игри, ниту љубоморни испади, ниту обиди за да ме згазат. А најмалку од се, да ми ја намалат вредноста на сметка на комплекс „дека тие се супериорни“. Не можете ни да замислите колку многу има што на нечесен начин се трудат да стигнат до позиција. Без ни малку достоинство, без обѕир, без интегритет, се продаваат за позиција. Само нема свест колкава мизерија носат во себе. Не сакам позиција на таков начин, никогаш. Со знаење сакам да бидам препознатлива, не со неморалност. И пак, му благодарам на Бога за се, бидејќи не е малку ова што го имам. Си кажав што ми тежи, овде ми е најбаво, и искрено, ми олесна.
Јас сега излегов и се вратив, мн е жешко, па ќе гледам барем до пред зграда, пред парк да излезам. Реков само јас да не сум чудна што излегува само навечер после 10 хах
Секој човек е од крв и месо,секој човек го боли кога ќе се исече. Има добри и лоши луѓе без разлика од кај е и што е. Но толку клетви,толку посакување зло на човек не сум видел на фб,упатени кон Грци. А тие што оделе таму да не се врателе Во живо шамар би добиле таквите,без разлика машко или женско. Насилен сум со такво мислење,но не полн со злоба. И јас си ја сакам татковината,и на мене ми пречи Грчката политика што се води,но народот не ми е виновен,има Грци што го почитуваат Македонскиот народ,и не се замараат со тоа што јас сум Македонец. А како прво јас ако одам во Грчка добивам клетва да не се вратамно на фб.