Значи колку само се пронајдов во сликава, тоа чудо едно. Спојлер Е*ате времето, е*ате. Иш дождови! Иш! Ишш! Ма иш, бре! Пис, чиву... што да ви кажам? Па со усул малку. Што убаво ми тргна претходните денови, за мерак. Таман си се уфилмав, дека летово нема кај да ми бега и... ете го! Не си фер време, така да си знаеш. Ама ич! Све си замислив ко што треба, само уште фалеше све да пропадне. Ај, ништо ново. И шо сеа? Треба да дремам дома? Инаку ова лето цврсто сум решена, да не се повампирам. До минатата година, секое лето заспивав накај 11 часот наутро. А станував во 9 навечер. Кога ќе се растракаташкав низ кујна, да праам доручек... Годинава нормална ќе бидам, ветувам.
До вчера се жалев,но денеска сум позитивно расположена.Денот е прекрасен Го почуствував и морето,морам да се пофалам,конечно се разладов! Ах,тој мирис,тоа ветре,сонцето,плажата , веќе ми недостигаат Но како и секогаш,мора нешто да оде наопаку,како на пример да заспиеш на плажата и ептен да се изгориш,хаха Ете сега сета сум изгорена и едвај се мрдам,како некој на скара да ме пржел,ама баш така
Еден совет од мене за сите девојки, од искуство. Никогаш никој немојте да сакате, така повеќе ќе вредите. Така ќе ве сакаат, ценат, почитуваат. Ех јас глупава со кој памет сакав не знам. Љубов никогаш. Така само ќе ве газат.
Се прашувам себе зошто повќето луѓе, учат од лошите луѓе.Сакаат да бидат како нив. Се почесто забележувам како се имитираат едни со други. Дури и газдите.Ако еден од нив ги задржи работниците прекувремено, другиот ден друг газда по примерот на првиот веднаш ги задржува прекувремено.Но тешко дека некој ќе следи пример на газда кој со почит се однесува со своите работници и вредните ги наградува со бонуси. Ех кога добрите би служеле за пример, каков ли ќе беше светот?
Се чудам до кај може да оди женската алчност, потреба за докажување и внимание, се грозам едноставно...
Кои добри? И да служат за пример, лошо секогаш ќе има, светот едноставно не може да биде рамномерен, ист насекаде.
Знам дека ке има лошо,но кога добрите би служеле за пример,лошо би имало помалку. Светот не може да биде рамномерен, но може да биде подобро место за живеење. Кога веќе знаеме дека некој не имитира, сака да биде како нас, зошто да не му дадеме добар пример. Мене ме плаши како лошото брзо се шири.Добрината е ретка, но затоа е препознатлива од далеку. И пред се вреди, само кој како знае да процени .
Виножито, џабе е што зборуваш, сега е кој, кого да уништи, најдобро што може, па дури и да си настрада некој ни крив, ни должен.Такво време дошло, шта да радиш...и да збориш, нема кој да разбере...
За среќа Горде лугето разбираат но не сакаат да бидат добри од проста причина да не бидат повредении жално е што се повредуваат себе обидувајќи се да бидат нешто што не се. А толку е лесно да се подаде рака макар и празна,да се подари насмевка, да се избришат нечии солзи..
Има ли некој како мене што цел живот купува мали шнолички и стегачиња и кога му требаат нема ниедно зошто сите ги изгубил или неповратно ги позајмил? hock:
Животот не се состои само од радост, среќа, мора да го има и другото, ако го нема, не би знаел човек да цени, нормално е никој да не сака да биде повреден, но тоа е неодминлив дел од животот.Колку човек и да не прифаќа, па ќе го снајде тоа, бидејки едноставно треба да го има.Лесно е, ако човек сака.
Во денешно време на никој не треба да му се помага. Вчера просто останав запрепастена кога случајно видов една жена која беше постара и просеше, парите што и ги имаа некои добронамерни луѓе дадено, зема почна насекаде да ги фрла и тоа што подалеку. Имаше моменти во мојот живот кога ќе се запрашав дали постапувам правилно што на луѓето што просат не сум им дала ни 1 денар, од вчера сум сигурна дека правилно сум постапувала и воопшто не се кајам. Ако постојат добри луѓе на кои навистина им треба помош нека им помогне Господ, бидејќи само Господ може правилно да ги процени луѓето какви се и дали навистина им треба помош.
Секоја награда , која ќе си ја подариш после напорен труд , е три пати послатка одкако што можеш да си замислеш дека е!
Кога читам нечии мислења, откако ги прочитам имам ваква фаца Од едноставна причина, проследена со прашањето "Што сакаше да каже писателот со оваа мисла?" На прв поглед божем напишано нешто мудро, скоро епско, а уствари сакам кажам не знам речам
И првенствово во фудбал не е тоа што беше порано, искрено повеќе внимание му се посветува на "згодните" девојки желни за нечие внимание него ли на самата игра, девојки кои би направиле се за да бида во центарот на вниманието.Ма порано во мое време се знаеше, се зборување за кој како дал гол а сега: "Еј брат ја виде таа црнката на трибините шо беше ц*цките шо и излегоја...лелееее брат да ја имам маста че и ја извам маста еј!!" .Секоја забавно-рекреативна интернет страна е преплавена со тоа, чинам сите постанаа порно сајтови, можеби една од главните виновници за кои што не ме боли увото за првенството и не го ни следам е баш тоа...и да знам машко како машко сака да види и ц*це и се, но со исаф мајкему ...