Моментот кога сознаваш дека ова е убер-лоповска држава, и покрај тоа што знаеш дека е лоповска држава, е кога ќе ти земат за животно осигурување плус седум илјади денари зошто си бил пушач. Не сум пушач ама некако забележав дека земјава од монструм во годзила еволуира. Добро, и тоа е некаков напредок, се движат работите напред, кон полошо.
Можеш, на пример, да пиеш вода од чешма. Можеш и да не пушиш. Не знам како ќе ја ставиш водата во шарена платнена торба, инаку Патем, да... Ако сакаш да си ептен општествено одговорна - на Битпазар има човек што шие платнени торби за пазарување. Евтини се и ептен квалитетни. Ќерка му ги набавува материјалите од Турција, тој ги шие. Ама не се убави како кинеските, убави, шарени, и тотално капиталистички(како пластичните од маркет)
Јас на вакви им велев дека немам од малите ќесички и им давав од хартиените малечки шо се најчесто за броење на апчиња на парче. И ако ми се запнеа најлонска ќеса им велев дека за аналгин такви не смеам да дам. И не ми беше дека ќе ја оштетам фирмата ако дам, оти ни беше спомнато да штедиме, едноставно смисла не гледав за лентичка да дам кеса во која бери прилично многу. И срам не ми е за ова. Ич. Пред недела, две можи, му викам на мајка сакам да најдам негде уба торба да си имам в чанта па да не земам пластични ќеси од продавница. И мајка отвори кутија со три преееедобри торби. Па после се каравме оти не користи ни една. Ја земав најгрдата оти е најпрактична. Си има копчиња за затворање и така спакована ми седи во една преграда во чантата па дур ми чука продавачката производите имам време да ја најдам и извам. Кога одам на пазар ги земам другите две торби оти ми се полични и одам планирано да пазарам, а ова другата ми е в чанта во случај да ми притреба нешто и да влезам во продавница. Додуша и другите две се поголеми така да... Спојлер: Торбата Поентата ми е, безразлика колку неважно е дали јас како поединец ќе фрлам едно шише в канта или јас како поединец ќе живеам еко- френдли живот, важно е дека како група сме сите скапани и еден поединец ни можи да ја уништи Земјата, ни еден поединец можи да ја спаси. Ама вервам во она, и тоа искрено вервам "биди промената која сакаш да ја видиш". И јас сакам да видам иднина кај шо сите шетаме со торби, најлонски ќеси не се наоѓаат веќе во продавници. Од пазар бегаме со хартиени. Се враќаат стаклени шишиња за течности. Мислам дека е изводливо и сакам да видам таква иднина. Јас како поединец не прам промена, заедно сите само можиме да напрајме. Thank you for listen-- reading my TED talk.
Престанав да контактирам со еден другар со кој што се познававме долги години, бидејќи на девојка му му пречело, ми рече може погрешно да не' сфатат посебно девојка ми ....Господе помогни им на ваквиве луѓе, друго немам што да кажам.
"Try. Try to make the world a better place. Look inside yourself and recognize that change starts with you. It starts with me. It starts with all of us." - дел од омилениот цитат од Zootopia. И јас сум дел од проблемот додека користам пластика. А воопшто не е тешко наместо да бараме ќеси од маркет да си носиме торба од дома на секое пазарење. Не е тешко наместо пластично шише да се купи стаклено. Или наместо овошје во пластика, ќе го одберам истото без. Промената почнува од нас, а ќе се примени тогаш кога сите како поединци ќе се обидеме да го направиме светот подобро место за живеење. Јас почнувам се повеќе да ја избегнувам пластиката.
СДК1 дека користам ранец и торба кога пазарам,а кеси ептен ако треба повеќе нешта да купам. А,бре,кесите не се проблем,туку народот кој ги фрла на секој чекор наместо во канти,корпи и контејнери за отпадоци. СДК2 дека се израдував на поклон од внука ми.Се стопив ,па и јас спремив нешто за неа.
СДК дека секаде изгледа заврна само овде облаците заобиколуваат и не врни. Што сакам да почни да врни и со денови да не престани воопшто. Доста беше од сушава.
Од една страна мислам кралицата Елизабета има живот како од бајките. Моќна и богата жена. Почитувана е и од обичен народ, и од политичари, и од разни јавни фаци. На 26 години е прогласена за кралица и милиони луѓе ја сакаат само зошто се родила во кралско семејство. Има големи привилегии и богатства. Се и е на тацна дадено, плус цело поколение има безбедна иднина. Ама од друга страна, па, никој не ја прашал дали сака да биде кралица. Може сакала да биде професорка или докторка. Смешно звучи, ама сигурно некогаш помислила се да отера у пм и да замине некаде. Има многу правила според кои се однесува во јавност, а сигурно има сон кој не може да го исполни. Никогаш нема да дознае како е кога напорно работиш и добиваш унапредување. Како е кога ќе земеш прва плата или онаа радост кога ќе начекаш попуст, па си ги купуваш омилените парчиња. Како е кога имаш животна цел, па се бориш за тоа. Како е да си на дното, па полека се искачуваш кон врвот. Убаво е да си почитуван и моќен, ама уште поубаво е да правиш слободни избори и да живееш без притисок. Вторнички-Вечерни-Мисли
Сакам да кажам дека сум љубоморна кучка зошто негде заврна ама кај мене само на Pokemon Go. Се смејме со другарка ми дека можиме прогноза да кажваме, комбинацијата ако јас не дишам (облачно) и ако неа ја болат колената без да прај чучњеви (врнежливо) не прај совршени за до сега да не утниме кога ќе врни. Да се надеваме дека денес не беше лажен аларм, ми треба воздух.
Не баш. Што и да отвориш за читање на интернет околу и меѓу тексот ќе видиш многу повеќе реклами од што текст. А да не зборувам за јутјуб кој те условува да изгледаш реклами за да можеш да продолжиш да гледаш тоа што сакаш. Исто како кога гледаш ТВ и почнуваат реклами. Дури и игрите ти бараат да гледаш реклами за други игри