Абе јас фина сум и срце, све тоа. Али ако некој проба да чепка у нешто што е мое има у гз со хебла да го ебам. Пардон мај френч.
Не е срам зошто ги укинале, туку срам е зошто никаде не беше известено дека за заштита ќе има само хартиени кеси од 12 денари,како што известуваат за попусти на фб, инста, реклами така и за тоа.Отиди деновиве до ДМ и гледај како посебно на еден треба 5мин да му се објаснува зошто нема кеси ,па чекај да се изнавика тој, па продавачката да се извинува, а ти си чекаш ред и слушаш караница безпотребно.Зборам за тоа дека немаше известување и малку е нормално некој да се побуни, но не до толку да се изживува на касата, сепак не ни е крив продавачот и тоа беше причина што ме изиритира и натера да пишам.
Многу мислења имам изменети денес. На ни едно не пишува "Изменето од модератор". Ај што си менуваат како сакаат и целосно се губи смислата на мислењето, туку и апсолутно не оставаат забелешка дека промениле. Во принцип, се додека админите не им замерат - секое ваши мислење може да биде изменето како што посакуваат модераторите. Само марионетки за остварување на traffic целта сме на форумот. Апслутно не е битно мислењето, ни целта, ни содржината. Битен е трафикот, бројот на прегледи, бројот на кликнувања. Тоа е многу добро објаснето во бројни истражувања на социјалните мрежи. Чист затворски модел, бесплатна работа, само за остварување на нечии капиталистички цели. Ова повеќе се однесува и повеќе ги таргетира жените. Ако се бориме против бесплатна работа по дома, зошто на отворена врата ги прифаќаме социјалните мрежи?
Доброволно и бесплатно се пријавувам да им помогнам на сите ученици да изберат која тетратка со каква шара на кориците е соодветна за секој предмет. Исто така се пријавувам и за шопинг на најубави моливчиња, пенкала, боички, хартија за завиткување и налепници за книги. Го обожавам периодов што следува. Исто така поради купот тетратчиња купени само и само од мерак, мислам дека е редно да си отворам книжара.
@Purplelilac И јас ќе донирам за книжарницата, секој семестар купувам нови тефтери или тетратки и на крај кога ќе дадат само презентации Криво ми е такви тетратки да не се искористат, со претпазливост сум ги бирала.
Знаеш дека живееш во Република Северна Македонија кога вакцина против Тетанус нема во државната болница, па те упатуваат да си ја купиш на приватно, ама во локалните аптеки, ти велат дека ќе ја имаат за десетина дена, или да одиш во соседниот град да провериш, одиш и таму ти велат дека баш денес требало да стигне, направиле порачка. А во меѓувреме, името го пуштивме низ вода за џабе, и во Република Македонија еден период немаше вакцини, терапии за ретки болести, реагенси за разно разни испитувања, ама затоа го сменивме името, нели во Северџанијава се ќе беше многу подобро и порозово!? За другарка прашував, се снајде за вакцина едвај, фала му на Господ. А за Севернава, ќе се насмееме како порано, #СетаДаЕ, само тоа и ни остана
Сакам да кажам колку сум разочаран од односот на.. не знам ни кого да обвинам ама сепак... ме повикуваат да бидам дежурен на цела фабрика, да изигравам стражар (наместо да си најмат), имаат забава на истото место и како на ниту еден колега или од вработените во управната зграда не му текна да речи да ме почестат (не дека ми дошло толку многу до пиење да сум жеден, ама човечност..) една чаша сок или пиво. И секако не ни очекувам да ми платат како што ми следува според закон ( 50% поголема дневница).. И секако за некој период ќе почнат да ми зборуваат како тоа со тек на време ќе напредувам и стигнам до местото што треба да бидам, а еве ме 6 месеци не мрдам од работното место. Се ближи крајот.
Од катиљ луѓе денес издвојуваме: мидл ејџ жени што ги мрзи да си го поместат задникот за да ти напраи место да седнеш до неа. Она е битна и плаќа две седишта, а ти си и крива што сакаш да седнеш до неа од прозорското место. Епа, Че ме извинеш, на татко ти да не е автобусот? Море, море стока народ!
Колешката и практикантот нешто се зарчкаа и дискутираа некои 2 часа.Едниот држи до своето, едната сака да го оправи.Мене глава ми пука ама си траам.Не слушнав во тие два саати ниту една навреда од типот кој ти ја даде дипломата или некоја пцовка(или ова модерново одјеби).Колешката е обично до 14:40 на работа и си оди порано со цел да го фати превозот до нејното место оти има превоз на секој час.Минува 14:30 тие уште дискутираат јас чекам да престанат.Па околу 14:40 им се извинив што ги прекинувам и и кажав дека и е време да си оди.Не можеше да си отиде зошто каснеше и има мозочен удар па не се движи најбрзо и остана 1 час плус.Дискусијата беше прекината без решение.Треа двајцата наредниот час, а пред да си отиде жената,практикантот и се извини 5 пати зошто заради него останала подолго, а таа му кажа дека си е самата крива што не пазела на саатот. Да бев јас или некој од кај нас сигурно едвај ќе си правевме муабет по толкава кавга, а да се извиниме не би ни текнало сигурно, а и ќе летнаа сигурно неколку навреди. Воспитување и почит на ниво
Завчера една чуваше место за колешка. Не им дозволи на две жени да седнат, а прашаа дали може. Колешка и се качи после 3-4 станици од кога јас се качив, а и пред тоа кој знае од кога го "чувала". Ми идеше мене да се испокарам, не дека и другите не промрмореа. Без осет и без срам.
Свемирко, звучат како 1987ма. Добра година. Блажена состојба. Лечат од нејасен здодевен августовски ден. Ти праат пеперутки у стомак. Последно така се осеќав на 17 кога ги открив Prefab Sprout. Лажам. Вака ме скокоткаа гитари на Cocteau Twins, со плачење со све. На Bluebeard.
Утрово три пати слушнав како си викаат луѓево - остануваат убавите спомени, ќе се сеќаваме. Ммм јеа, рајт, управо е тој дел што не сјебува, дотолчува, гази, боли - убавите спомени. Мразам убави спомени особено кога се поврзани со луѓе кои на било каков начин ги немаме во животот. Додека лошите секогаш ме прават силна и своја.
Фемина инстаграм 1. За да имате максимални придобивки од лененото семе, потребно е да го конзумирате како мелено. Меленото ленено семе подобро се апсобира во организмот. Фемина инстаграм 2. Луѓенца не сакам да бидам погрешно сфатена, но се надевам дека внимавате на маснотиите во еден оброк. Не го кажувам ова затоа што се сметам за најпаметна, само навистина загрижувачки ми е понекогаш кога гледам колку масни и нездрави нешта има во некои оброци. Сакав да пишам директно до неколку членки, но знам дека ќе ми се налутите. Па токму затоа тука само ќе пишам, ве молам внимавајте си на здравјето. Најдобронамерно го кажувам ова. Фемина инстаграм 3. Ако @dunika реши да отвори ресторан, јас ќе ѝ бидам првата гостинка. Не се пропуштаат ремек дела од здрава храна. Ве поздравувам и се надевам дека нема да има лутење.
SDK deka sum presrekna utrovo bev do Bazaro iznakupiv ucilisen pribor,go zemav za donacija.Najsrekna sum.
Воен рок треба да се врати, младината не знаела што е ред и навика, ама синчето никако не смее да работи во кафич ко студент, срамота било за 200 евра, па и лето му е, нека одмара. Море мрш.
Ми треба совет од полициско лице, ако некој на форумов е или имате близок што е полициско лице, исконтактирајте ме во порака.
Ги земал двете деца со него во Веро маркет.Сакаат нешто благо и земаат.Овој им вели дека нема пари и да вратат нешто.Децава го послушаа.Им вели не тоа,земете чоколадно млеко.Таман тргнаа да земат чоколадно млеко,им вели дека не може чоколадно млеко,демек дома имаат,па им вели да земат сладоледи. Нели немаш пари,бре,човеку? Може,не може,може,не може... Мали деца се и не разбираат колку пари се потребни. Штом знаеш дека ќе ти бараат нешто,поарно не ги носи со тебе во маркет отколку вака да се изживуваш со нив. Некои луѓе не треба да бидат родители!
И тaкa дететo мaркет не виде дoдекa не пoчнa сaмo дa зaрaбoтувa И јaс кaжувaм штo мoже a штo не дoдекa сме вo мaркет. Дaли имa дoмa, не сaкaм тoa дa се купувa или немaм пaри, не е нa луѓетo oкoлу мене дa прoценувaaт.