не ми е јасно маживе... Ко ќе изневеруваат... Да имаш жена/женска лепотица па да ја изневериш со некоја батал жена не е греота? Да ме изневерат со некоја поарна и поубава од мене да речам,да не ми е мака ама со некоја ужас? Ко ќе видам некој со каква е во врска а со кого изневерил ми се згрозува. Ако варате варајте со поарна некоја. (за некого е глупост нема врска со која ќе замине ама мене ми е грозно за гледање) пишав зашто видов на една блиска пријателка што и правеле некогаш ако сега излегло на виделина.
Као ако те изневери мт до поубава од тебе оправдано му е? Неверство е неверство без разлика дали со поубава ,погрда,полоша,подобра.
Не, во никој случај нема да е поубаво ниту понеболно. Но, што е тоа што му фалело кај едната кога имала премногу квалитети, па го нашол кај друга која пак не била воопшто подобра верзија од претходната? I totally get it. Блиска личност во опкружување, паметна, згодна, глас, став, моја професорица... беше изневерувана. Сфаќам што е поентата на мислењето. Да не ти се верува какви женишта во права, позитивна смисла на зборот можат да бидат изневерувани.
Абе јасно тоа ама не ми ја сфаќаш поентава. Поентата е како можат тоа да им го направат на некои жени, едноставно дебилски е... Не дебатираме дека е лоша постапка и дека нема запирки, само точка после таков чин!!!!
Неверство си е неверство, без разлика со кого. Ама што да очекувам од тебе кога ти си изневерувала во врската дури и јавно си седела со швалерот. Ама сигурно бил поарен и поубав од дечко ти, па така според тебе е оправдано неверството што си го правела. А не ми е јасно како ти има врска неверството во врска, а во брак изгледа може, само да не биде јавно седењето со швалерот
не,не е оправдано фала богу само ептен безвезе е. Пред некој ден пишував за една моја генерација замина на абортус се швалерисуваше со еден супервизор од на работа,тој женет жена му исто работи во истата фирма абе сите рекле жена му измислена за него преубава тој нашол некоја никаква за швалерисување,тој вика абе која било нека е муабетот ми беше толку ли не пребираат маживе? Која ќе им се даде таа нека е? истото и со една блиска пријателка. Кога послушав со кого се не ја изневерувал... Ми се Да појаснам мојата врска беше веќе во фаза на разрешување, имавме многу недоумици, Во животот на дечкото влезе една типка па јас решив да се тргнам и истовремено и јас почнав да се гледам со друг. Само што во тој момент ситуацијата беше таква да двајцата имавме "швалери" додека Конечно не се разделивме.
'Покажи ми убава жена, и јас ќе ти покажам маж, кому му е здосадено да има секс со нејзе' - и обратно. Не е до убавината... од искуство.
Се дешава. Ова исто како за многу работи во животот кога викаме готово крај, оваа грешка нема да ми се повтори а постојано ја правиме.
Сакам да кажам дека конечно и јас имам завист. Станвам и одма мислам на тоа чувство, каде шо секоја клетка во организмот неќи да функционира без него. Па ми текнува на еуфоријата, на пријатните чувства и слаткиот вкус на усните кои ми ги остава од после како белег. Мислам дека е како љубов, да станиш и да мислиш на него. Моменти кога е далеку од тебе да не можиш да се свестиш, да се нервираш и длабоко да ти недостига. Ти натежнува нешто на душата и само знајш дека со него ќе ти биди подобро. Чувствата кои ти ги буди ги бркаш пак и пак и пак. Кафе. Зависноста ми е кафе.
Сакам да кажам дека чекам Фемина да објави месечен хороскоп Спојлер Сакаме ние или не, ама сите влеговме во 9ти месец
Ги мразам утрата после лош сон. Кога се будиш со солзи во очите и сфаќаш дека е само сон, ја нема повеќе таа личност во твојот живот. И те боли се, срцето ти се кине, и го мразиш денот сеуште непочнат, и животот го мразиш што ти зеде се...
Смачено ми е веќе од лажни пријателства. Не сум таква личност што ќе повредам некого со тоа што ќе го игнорирам. Јас не сум да но повеќето луѓе околу мене се такви
Леле во брзо читање те разбрав дека веќе објавиле, па отрчав да прочитам кога гледам уште е за август дојдов да ти речам кај го најде тој за септември, кога сега читам си го чекала да го објават
Временската прогноза на Малта го прогласи денов за почеток на есен со 31 степен. Јас за есен знам ако е речимо 15 степени. И уште имам летни ствари по фиоките. Овде кога врне и грми цела земја се тресе.
А опиши ми па како изгледа една совршена жена која не би можела да биде изневерена зашто никоја друга нема ништо подобро од неа. Ако те изневери со некоја погрда од тебе ќе се разделите? Oh wait...според тебе немаше нефункционален брак.