Често му викам на мајка како само лоши работи земам од неа: главоболки и завист од кафе. И денес кога си праев утринското ми вика: "едно кафе до 11? Не биди слабак напрај го дупло." И кога го допив и пошто ми е малку одам за второ за да почнам да функционирам, ми вика да пазам желудник да не ме фати. Ни се води ни се тера.
Добро ма може си има наклонетост и кон жени па ја возбудува мажот и да си го онади на згодни госпожици. Што и се с'сна одма. Шала на страна, каква сака нека е и Анџелина Џоли, неверство е неверство и нема никакво оправдување за истото. Секој по свој пат. А јас да паѓам толку ниско и да решавам неверства со швалерај и да го оправдувам истото ни у краен случај.
Сакам да кажам дека следниот што ќе ме праша 'Дали е шишано до сега девојчево?' ќе го онесвестам за да нема можност да стигне до следното прашање 'Зошто не и ја ишишате лустер да и се згусти косата?'. МРАЗАМ НЕНАЈАВЕНИ ГОСТИ И НЕ ИЗЛЕГОВ И НЕ ИЗЛАГАМ БЕ СО НИВ ПУКАМ УФ!!! Нервозна сум до небото и назад, можеби не е соодветна тема ама тоа сакав да кажам. Фала чао
И еве 1ви Септември, време е да се спакувам и да се преселам во Австралија. Боже колку не сакам есен и зима.
СДК Старите порано велеа, Господ да те чува од неблагодарни деца.... А јас многу често сум неблагодарно дете, и утрово бев
Дали со некоја баба или со некоја лепотица неверство си е неверство Истото важи и за другата страна,дали со некој дедоили некој лепотан неверство си е неверство.
Порака во лп со наслов "Идеален партнер". Дечко, да беше толку идеален немаше да бркаш невести по женски форуми, како да ти кажам.
Не знам зошто некои луѓе го сфаќаат бракот толку сериозно во смисла дека во брак владеат сосема други правила отколку во врска. Во брак смеело односи, во врска не. Во врска може да се изневеруваат, во брак не. Во брак може да спијат заедно, во врска не, срамота било. Или срамота било да преспиеш кај пар кој не е венчан ако доаѓаш од друг град, а луѓето ти се блиски роднини и те понудиле да останеш кај нив. Во брак требало да си веќе сериозен, прибран, а во врска смееш да правиш шо сакаш. И други работи. Или уште коа ќе чујам за некои невенчани што им се родило дете како ги гледаат некои ко изроди. Се работи за потпис и фактот што законски сте поврзани и имате одредени правни бенефиции во поглед на осигурување, заеднички имот итн. Самата врска не се менува и не треба да се менува воопшто.
До народот е, а кога истите луѓе ќе заминат некаде каде што тоа е нормално и на нив му е океј, а кога се во Македонија "Ауууу срамота, што ќе речат овие над нас"..
можам јас да бидам и сериозна и нормална ама тоа ми е некако безвезе. Во право си за пишаното. Според тоа ко ќе си во брак исто како да си умрел.
Синоќа имаше многу тензија меѓу нас. Бар, пригушено светло, мирис помешан цигари и парфем, фин џез во позадина. Сиот амбиент потсетуваше на блуд. Но, јас те гледав само тебе, цела ноќ. Светеше како кристален дијамант во најмрачниот агол од просторијата. Те гледав, додека на усните ми надоаѓаше жед, во крвта адреналин, а во срцето растрепер. Додека танцував фрлав по некој ноншалантен скриен поглед зад рамена да видам дали стоиш таму на истото место, или некој те украл и одвел далеку од моите очи. Камиказе, љубов моја. Со тебе секој стрес е полесен, а секоја журка добива боја. Виножито, лек мој.
Ќе частам кога единствен проблем ми се широки пори на лицето или нијанса на фарба на косата, или сликала некој си парфем од свири%-6646, каде во мк можам да најдам ваков?? На некои луѓе стварно му е се наредено