Ако некој прашува за парфем или нијанса за фарба на коса не значи дека се му е наредено во животот... Помалку споредување и завист кон другите, тоа е клучот кон духовен спокој ако ништо друго. На никој не му е се наредено.
Ако си ги вратиш постовите во темава би ти биле по редослед вака Незадоволна од себе Незадоволна од државата Незадоволна од тоа што други успеале да си го средат животот па сеа ќе ги одговарам. Среди си го и ти и единствено замарај се со парфеми.
Ако сакам можам да одговарам кој сакам, и зошто ти засмета моето мислење не знам....да не се најде и ти засегната, односно во оние кои глумат лудило и ајде јавни по фб групи ќе прашуваат
Есенски пејзажи. Прошетки во свежите есенски денови. Топол чај. Врнежливи денови. Лисја кои ти крцкаат под нозе додека пешачиш. Омилената плетена блуза. Звукот на капките дожд по прозорот од собата. Мирисот на зимница кој се шири во воздухот. Топло кафе. Филм на лаптоп под ќебе со омилената личност... Можеби е уште рано но... Fall, I am so ready.
Не ми смета. Само ти потенцирав дека треба да се преиспиташ чисто за себе. Секој пост во темава ти е полн со огорченост. Мене апсолутно сеедно ми е.
Се согласувам. И ова не е напаѓање туку е кажано за твое добро.Мислам дека премногу негативно гледаш.Животот е лош но обиди се да најдеш барем нешто позитнивно. @macencef
Еххх каков ден, некој ќе си помисли дека стварно сум ненормална, ама денес ги прошетав сите Мек Доналдс ресторани во градот заедно со еден другар и секаде кај што влеговме си порачувавме по некоја работа за јадење и на касата прашувавме има ли македонци што работат да се запознаеме. И за крај се изнагушкавме со македонците кои утре летаат назад за Македонија , тоа се цела група студенти 8 души машки и женски , се враќаат утре назад бидејќи ги чека факултетот. Душа ми омекнаа вашите гушкања, обично сум многу незгодна јас, ама мислам дека ми фалеа гушки од позитивни луѓе. Епа битолчани , среќен лет, се надевам ќе имате убави моменти за паметење. Не знам и не ги прашав дали некоја од нив го чита Фемина форумот. Женски, ако ме читате во моментот, сега ќе знаете дека јас сум Херера, онаа што нон стоп пцуе и постојано критикува за се. Абе не сум толку заникаде во живо Фала ви на одвоеното време, останете ми во добро здравје и со лесно да си стигнете дома кај вашите. Денес беше еден од поубавите опуштени летни денови..... Да го навијам алармот оти утре рано треба да станам.
Со срце или ум? Јас велам, ма удри со двете. Остави срцето да те води во длабочината на љубовта, страста, пеперутките и животот. А, умот? Секогаш. Секогаш биди свесен кога уживаш. Така знаеш дека живееш.
СДК која лична сатисфакција ќе ја добиеш ако со пиштол пукаш на сопствената свадба, а притоа си невеста Не дека оправдувам зетот да пука, далеку од тоа, и во двата случаи ми е сељачки Се враќаме во 20 век, а и како да не им е важно што баш на вакви весели настани, баш невини деца или било кој друг, си го добиле од залутан куршум
Преку глава ми е веќе од се. Преку глава ми е веќе од оваа далечина и тоа да бидеме разделени. Те нема кога најмногу ми требаш. Само да те гушнам и се ќе биде подобро.
Баш истово се прашував вчера, градов беше како бојно поле. Таа сатисфакција пред неколку години чинеше човечки живот. Постара жена загина од заталкан куршум седејќи во дворот. Камо да имаше некакви забрани за ова, иако првенствено треба луѓево малку да се освестат и да сфатат што всушност прават.
Ех камо да беше само еден човечки живот во прашање Многу сум против ова пукањето на свадби и матури, имам сосед полицаец, и буквално за сите веселби, дури и за обична слава, во двор пука како ненормален А пак кога ќе видам зет или невеста на сопствена свадба како решетат во воздух со пиштолите во раце ми се повраќа, не да уживаат во денот, тие се глупираат без да мислат на последиците, и како да свадбата нема да е свадба без пиштол во раце
Апсолутно на никој не му е се наредено! Животот до последен здив е ненареден. Ако го прифатиш како таков ќе бидеш посреќна.
Леле аман доста замарате више. Да, има луѓе шо един проблем им е шо боја да се фарбаат или каде кафе да пијат. Да, има луѓе на кои се им е наредено. Е сеа шо се препознавте, тоа не е наш проблем. И членката шо и скокна прва, у темава доаѓа само да мрчи, исто ко ја сеа шо дојдов, и на неа све нешо не и чини, и на секој еден цитира, она да му каже шо како, оти нели е многу задоволна и она од својот живот, исто као сите ние останати мрчатори на форумов, па има многу слободно време и един проблем и е шо некој кажал у темава. Па уште и се завлекува муабетов ко на сите се по список да ви опцу женава. Аман.
Добредојде Септември. Неофицијално добредојде есен. И вие драги, добредојдовте на мојот D.E.M.O.N.talk! (D)etermined (E)motional (M)otivational (O)ngoing (N)agging Talk! За што сакам да зборувам денес е нешто со кое сите се сретнуваме скоро секојдневно - конфликти! Некој ни опцул мамата? Сите дома го сакаме последното колаче? Непознат, анонимен лик ни се меша во приватност? Конфликт, конфликт, конфликт! Ама, за да можиме да збораме за нешто мора и да знајме шо е, доколку не беше јасно од примерите. Конфликт е судир меѓу двајца или повеќе лица кои применуваат сила и сакаат да го повредат соговорникот и да наштетат. Пример: деца во училиште многу често при вербална навреда возвраќаат со физички удар и нанесуваат физичка повреда. Од друга страна пак, форумски лик извршува психолошко насилство врз соговорникот ригидно држејќи се до своето видување. О не. Многу е важно да се знај какви чувства буди една конфликтна ситуација - негативни. Анксиозност Чувство на помала вредност Тага Несигурност Повредување Страв Чувство на загрозеност и сл. То е така зошто.... Така не научиле од дома. Би сакала да си играм мајтап ама... Меѓу: Бегање од конфликт Спротиставување и Комуницирање Ако можиме да искомбинираме две, сите знајме шо бираме. Ај да избегаш за некој шупак да не те плесни па после да збораш - одличен избор! Ама, колку е почесто некој или скроз да се повлечи од ситуација и да треба да си преиспита цел идентитет додека другиот игра по свое и злоупотребува моќ и позиција за свои цели? Не одговарајте гласно. Колку често еден поединец ќути дур е угнетуван само за да се смири топката, да спаси брак? *гледам во теми за семејно насилство* И не е во ред, воопшто не е во ред. Не е во ред да треба да пазиш шо збораш за да не јадиш ќотек, него да пазиш шо збораш оти имаш почит. Ако бегаш си секогаш во "шах мат" Позиција, а ако се спротиставуваш си секогаш во позиција каде имаш две кралици. А, сите знајме дека клучот е во балансот и дека уствари треба да - КОМУНИЦИРАМЕ! Шо ни овозможува комуникацијата? Позитивни чувства Ширење видици Разбирање Поврзување на повисоко ниво Нови пријателства Но тоа не е се! Доколку избериме "комуникација" Како метод за решавање на конфликти сме ослободени од цел ментален терет кој доаѓа со самиот конфликт! Океј е сите да имаме различно мислење, крај краева сите луѓе сме свои индивидуи оптегнати на еден камен и летаме. За некој плоча, тое. Ама, сите на работите гледаме субјективно и индивидуално и кога седниме да читаме нешто само на две минути е фер да се прашаме "зошто" Спротивната страна го вели тоа што го вели. И многу често ако сакаме вистински да најдиме одговор веќе ни е кажан и до сега сме го игнорирале. Од минатото не се бега. Дали јас сум истиот човек како лани кои тресеше глупости? Не. Дали јас по една година ќе бидам истиот чоек, само шо тресам различни глупости? Не. Ама, дали јас не мислев на иднината и напрајв непромислени грешки кои сега ми сметаат во даден конфликт? Да. И безразлика шо не сме ист човек од година за година, добро е да мислиме како ние сега си штетиме на ние во иднината. Пошто, колку и да е пожелно некој да не го судиме по минати грешки, мораме да гледаме минати грешки за нели, да не се зафркниме. Заклучок: компромис. Белешки: ајде да се сакаме. Добра ноќ и ви благодарам што присуствувате на мојот DEMONtalk!
Ако немаш глас, врескај. Ако немаш нозе, трчај. Ако немаш надеж, измисли ја. Што ако сè беше возможно?