Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Чувството ко ќе ги најдиш старите касети во фиоката кој си ги снимала за време на ерата на касетофоните, дури немало компјутери и Youtube.
    Незаменливо :D :inlove:
     
    На bittersweet, SparkyAngel, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  2. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Леле луѓее абе разбирам дека не се сите на светов паметни и искрени, а не сум ни јас најпаметната сезнајковка ама луѓе ми се лоши од прости луѓе, што лажат и вртат очи. Ни јас не знам се, ама и не се срамам да кажам дека нешто незнам и да побарам одговор и не се срамам да го кажам моето мислење, дали на шала, дали озбилно ама битно го кажувам и не лажам и не се правдам за тоа. Ама зошто бе луѓе да лажете, кажувате дека знаете, а после се вадите со глупи изговори како сте заборавиле нешто или еден муабет го кажувате во 100 верзии, дека незнаете како сте излажале претходниот пат :^) Пример: одам на кино, земаме карти и имаше некои девојчиња што правеа анкета и едно девојче го прашуваат кој филм ќе го гледа и оваа и ја покажува картата дека незнае што филм ќе гледа :fubar: Имам турбуленции во желудников кога ќе помислам на сите глупости и лаги што сум ги видела и слушнала :^)
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Нема нешто по покварено од таксист! Кога си му во кола ќе се влече, а кога е сам вози како луд. Остај тоа, немаат никакво почитување кон пешак, а па за време на дожд да не зборам, добар туш си добив денес. Така добро ме шлапна што дури и на лице имав траги од кал. Безобразлук! :fubar: Штета што во такви моменти последно што ти паѓа на памет е да му ја запамтиш регистрацијата ама среќа што компанијата и бројот на кола ги запамтив па некогаш ќе го искористам за „гратис„ вожња. Па што? Ми должи бе!
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.863
    Допаѓања:
    23.751
    Пол:
    Женски
    Кога некој ти се допаѓа,и баш тој те прашува за името на другарка ти...Е,тоа највеќе боли!
     
    На Dog-lover, eliesaab и Adi888 им се допаѓа ова.
  5. Madilyn

    Madilyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    126
    Дека колку и да го сакаш брат ти/ сестра џабе е. Не се трпи воа па, толку никој не ми идел на живци, посебно ако се помали, како кај мене ау ти нема спас. 99 % од времето ме замара, кажи ова, кажи она, неможам. А тоа шо него му е досадно и јас треба да си трпам нема врска, оти јас немам нели попаметна работа.. :swear:
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Додека барав некои документи денес, од стариот пасош ми испадна една фискална сметка од минатото лето. Купено - chocolate croissant и cappuccino. Ех, си мислам. Ова сум јадела и пиела на 10 000 метри во воздух. Не ја фрлив, си ја сочував за спомен од едно многу убаво патување ^_^

    Летово е очајно... Денес под туш да влезев, немаше толку да накиснам.
    Просто губам желба за одење на одмор. Единствено би отишла за да се стоплам.
    Џабе ми беше денес толкав чадор и толку стратегии за одбегнување на вирчињата. Да се вози низ центар на Скопје е ужас и онака, а особено кога истура.
    Патем, до дечкото/девојката што денес полагаше гратска низ Аеродром и најверојатно падна заради грешка на раскрсницата кај Блаже Конески - извинување од дното на срцето! Се пикнавме зашто брзавме, а не смееше да нé пропушти. Отпосле кога видов дека е со комисија во кола, ептен ми падна жал :worried:
    Ако не те пуштиле - многу среќа нареден пат.
    А ако случајно ти прогледале низ прсти - честито возачка :)
     
    На bittersweet, cresa-jagoda, kala21 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Успеав да направам баланс помеѓу девојчето во себе и зрелата жена која знае што сака :geek:
    И таман успеав во тоа, Деки ми вели, кево, боља си кад си девојчица :^) :D
    Е така де, некому е судено да си е млад и во 40-те :P
    Кога си имаш еден пубертетлија и еден со една за рака, што друго ти остана освен да не заборавиш дека и ти еднаш си била млада :)
     
    На bittersweet, Peppermint, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    9.077
    Пол:
    Женски
    Значи, ова газдите, директори, шефици и шефови се едно големо ѓубре. До каде може да стигне нивната алчност не ми е јасно. Како може кога за човек си ја работи работата како што треба, кога за доручек некои денови оди во 13 часот да викаш дека ништо не работи? И не на тој лично, туку на други колеги. Или кога се нашите претпоставени налутени, нервозни треба да им ќутиме, да не кажеме ни збор, ни шала оти ќе си го добиеме, а кога тие се расположени може да се прави муабет. Е извини госпоѓо, не е турско ропство па да ви се тресеме, може кога ти си супер и расположена, мене денот да ми е никаков или да ми излегле илјада проблеми. И што сега да ти се смешкам и климам со глава? Нема шанси!
    Срамота! Кажи на мене лично или на тој што треба, вака и вака не работиш како што треба, ова поправи, она смени, ќе се најде решение со добар разговор, ама не подобро е озборувањето. Па, кога сме ние таму се зборува за друг колега или друга колешка, битно на никој во лице не му се кажува ништо.
    Мразам лицемерни луѓе, лажачи, преправачи, кодоши, може затоа не чинам оти не играм како нив. Епа нема никогаш! Јас сум таа и не се менам за никој, на кој му одговара арно, на кој не ич не ми е гајле.
     
    На vinozito1 и T.e.d.d.y им се допаѓа ова.
  9. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    СДК

    Пак корне на умрено во теретана. :?:
    Дали е до лична хигиена, топло, или многу луѓе со изразена желба за вежбање во летно не ми е јасно искрено, али знам дека ќе се отрујам ако не се преземе нешто во скоро време.

    Инаку ја добра, убаво и на вториот факс - 9.4 просек, па си славам со шишето на степер и се надевам дека 10ките ќе ми ги вратат мускулите. Јбг мора да иде некако. Плус сфаќам дека повеќе напор се вложува секоја година да се остане во нормала, и не мислам само на смршување сало него општо у животот. Поголем тежински напор креваш за да останеш онаму каде што си, во теретана со тело, на работа со пари, на факс со оцени, а по дома ти е скурца затоа што на 14 години повеќето мислеа дека ќе ги соберат парталите и на 18 и ќе заминат од дома. Аха!
    Денес се фатив со мислава дур дремев со правосмукалката по дома, а ќелавоно куче на тросед ме сипматизираше зашто и тоа остаре. Неделава ќе полни цели 5 години.
    :inlove:
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Јас се нервирам кога 20 пати сум проверила и на крај ќе видам дека сум напишала: Среќен Роднеден. :wasntme:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Џабе се сите ветувања. Сѐ е џабе. Кога се нема желба за нешто, нема да го има..
     
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Вие потенцијалните дрољасти појави на кои се сопкам на секој чекор имате некоја цел во животот настрана од тотална изолација од ризиокот пи*ниот отвор еднаш во живот да не ви биде затнат ?


    Бре, опрај се. Забуна меѓу покачено либидо и чиста досада на погрешна локација.

    Ова и вас ви се случило или само јас го подвраќам повратеното кога ќе пријави присуство некоја ваква :puke: ?
    Неможам, неможам да ги смислам ми смрди на простотилук, недостаток на амбиција и самопочит во нивна близина. Ми се гади, ме поткрева, во продавница, на факултет, на работно место, во парк, на улица. Живеат за флерт (секс сумулација, да појасниме реалноста е таа ) и ги спречуваат нормалните луѓе да ги обават секојдневите активности. Уплатила дневница во теретана и мислев дека тука заврши, ама следен пат пак ја видов, со глупавите другарки, на истата справа која сакав да ја користам наместена во поза потпучено бугарче си прави муабет на телефон легната - на справата. Е нема крај, ќе ја погубам :@ .
     
    На bittersweet, SparkyAngel, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.854
    Допаѓања:
    101.612
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме,ги сфаќам и верниците (во чија група се ставам) и атеистите,ама не сфаќам кога некој одеднаш на сите ѕвона ќе објави дека се свртил кон Бог.Сметам дека таа наклонетост и љубов треба да е тивка,мирна ,без фалења...Овие кои одеднаш се фалат дека дале не знам ни јас какви дарови ,веднаш ме асоцираат на тоа дека нешто матат или имаат путер на главата.
    Лицемери.
     
    На bittersweet, ines.h, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  14. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    Многу луѓе би се исплашиле ако во огледалото би го виделе својот карактер наместо своето лице!!
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Пустава моја среќа... :^)
    Чим ќе се решам да испаднам - одма ќе заврне. |(
    Неам зборови за времево, просто сум фасцинирана. :clap: :|
     
    На minika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    ХАХАХАХХАХАХАХАХАХХА исто како мене хахха ... :D :D
     
  17. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Само мене ли ми годи дождов?
    Го сакам. Ми дава некакво чувство на удобност. Кулминацијата ja достигнува во оној момент кога ќе го искомбинирам со добра книга ^_^

    А изгледа сум единствена на форумов која не го сака летото. Пеколно е, ме тера да се затворам во сопствените мисли и да отидам beyond the Wall, кај Jon Snow. Добро де, се заразив и јас со GoT и сега засега запрепастена сум од неговиот лик :$

    Нејсе сакам да кажам дека не го мразам, но попрво би ја избрала зимата.
    Летото ме гуши, ме прави немоќна и мрзлива. Ме тера да се затворам во соба и да не видам бел ден додека климата дува во позадина, а мајка ми се лути затоа што е уклучена на 18 степени.
    Не сум јас за одмор на егзотични места со бескрајни плажи и овошни коктели.
    Попрво би се затворила во дрвена куќичка на некоја снежна планина. Со друштво. Добро друштво. Моето друштво.
     
    На eliesaab, sweet-cherry, Nana19 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Доста Јуни се понаша како Ноември.
     
    На Lella и butterflysk им се допаѓа ова.
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    Можеби собата не ми е уредена по нај нов мебел и не е најубава на свет но за мене е најубава...
    И кога би можела да имам нај модерен намештај и се друго јас тоа не би го сакала.
    Ова е мојата соба ова е моето нај вредно богатство кое не би го сменила за ништо. Така по мое е подредена што по цел ден со мерак си седам во неа.
    Во неа имам работи кои што јас сама си ги имам направено и за мене тоа се најубавите украси .
    Бидејки секоја промена е убава така и мојата сиоба си доби нова промена. Нколку ствари разместив и како да имам сега нова соба...
    Но моето биро на кое што си пишував некогаш домашно и сликите на бирото се нешто нај значајно за мене...Играчките во собата кои сум ги добивала од моите родители како мала се уште се тука и кога ке имам 50 години нема да ги тргнам тие за мене секогаш значеле и ке значат нешто вредно....

    Толку многу обврски завршив овие денови што мислам дека некој друг со месеци би го работел ова што јас за 3 дена... Си го ценам својот труд и се гордеам со тоа.
     
    На SparkyAngel и H.VAGA им се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    91.991
    Пол:
    Женски
    Нека потрае дождов барем до утре вечер да можеме двајцата да уживаме повеќе еден до друг.Слушајќи како надвор врне а во позадина да се вртат нашите омилени песни во кои има безброј незаборавни моменти испишани во секој нареден стих.
    Нема ништо поубаво од тоа кога до тебе е човекот што го сакаш,човекот кој ти дава сила да продолжиш гордо да чекориш напред без да се плашиш од ништо.
    Несакам ништо само секогаш да го гледам насмеан и среќен,неговото гушкање секогаш да биде најубавото нешто што сум го доживеала и почуствувала...
    Нека е вечна љубовта :inlove:

    Ви посакувам сите да ја доживеете вистинската љубов,да доживеете убавини кои неможат да се раскажат туку можат само да се почуствуваат :angel:

    Убаво ми е ... среќна сум :wasntme:

    се разнежнив ептен :tmi:
     
    На zarah, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, SparkyAngel и 6 други им се допаѓа ова.