Имаше оваков случај кога од заталкан куршум го загуби животот една девојка на плоштад на дочек на Нова година. Ептен одамна беше ова, пред 15 години можеби. Оној момент на веселба, се претвори во момент на тага зошто на некој идиот му текнало да пука во воздух. Јас би вовел уште построги казни за носење и поседување огнено оружје. И се чуе ли истрел некаде, одма полиција на врата да им чукне. Мора овој врв на сељачизмот еднаш засекогаш да прекине.
Најстрашното нешто што го сфаќам е дека пред нос ни поминуваат милиони малечки одлуки кои имаат потенцијал да ни го сменат цел живот, а не сме ни свесни за тоа. Пред година ипол ако не направев една мала и незначајна одлука, буквално цел живот сега ќе ми беше поразличен. Како некој што не верува во судбини, ме јадосуваат сите шанси кои знам дека сум ги пропуштила, а особено фактот што не можам да знам колкав ефект би имале. *пеперутка емоџи*
Моите животни одлуки, некому се чудни/смешни/неморални/непотребни/нејасни/додајпожелба Туѓите пак животни одлуки, не ме интересираат. Ако тебе ти е арно, мене ми е уште поарно.
Во НЛБ и давам пари на вработената на шалтер, парите беа по големина наредени , само 2,3 банкноти беа свртени обратно со лицето и она ми вика СЛЕДЕН ПАТ ПАРИТЕ ТОЧНО ДА ГИ НАРЕДИТЕ И СО СТРАНАТА ИНАЧЕ НЕМА ДА ГИ ПРИМАМ. Добро, нормално ли е вакво однесување со клиенти?
Не е нормално, ама следен пат да и речеш да си седи дома, ако не и се работи. Има многу невработени што молат за работа.
Хахахаха моето мислење во темата Курва беше избришано Моето мислење е дека таа тема е глупа.Кои сте вие да одредувата кој е курва.Проста македонска работа. Нигде не гледам иста тема за машкиве. Ајде чекам да биде и ова избришано само тоа правите. И да кажам во моето мислење немаше навреда.
Здраво ,нов сум на форумот па неможам баш и да се снајдам ,со една другарка сум скаран веќе 8-9 месеца па би сакал да ја изненадам со мал подарок,да го испратам по карго,ве молам за помош,дали тоа да биде рачен часоник.некој златен ланец,нараквица или незнам ни сам што да биде тоа, ве молам девојки помогнете ми,благодарам од напред .поздрав
https://www.theguardian.com/environ...esponds-to-aspergers-critics-its-a-superpower Грета Тунберг со своите 16 години по ум, срце и пасија вреди повеќе од пола гласачко тело низ светот кое ги бира највлијателните лидери што ја кројат судбината на планетата. А некои од нив што можат да ѝ бидат родители/баби и дедовци, стигнале да ја критикуваат за својата возраст и изглед (им личела на уште помала)... ама тоа е, никогаш не е лесно за такви луѓе да бидат lowkey засрамени од младината, посебно женскиот дел од истата. Само напред девојче, покажи им каде лежат вистинските вредности!
За некој ден треба да држам презентација пред многу луѓе и нормално имам трема. Што е најтрагично уште од денес ми се повраќа, цела се омалаксав и немам ич апетит. Му кажувам на колега, а тој ме теши: -Зошто толку се нервираш? Сети се дека за 100 години никој од денешниве луѓе нема да биде жив и никој нема да сеќава на тебе или твоите презентации. Опушти се...За 100 години сите ќе бидеме небитни и на друг свет. Во право е Ќе се обидам да се сетам на ова кога ќе ме фати трема
Леле, човек да не може да пише ништо на раат во темава без да го критикувате сите. И по дифолт сите го цитирате, осудувате... Како за вас да зборува или како што кажа некоја членка, не е проблем на членот што вие сте се препознале во мислењето. Оставете ги луѓето на форумов да си пишуваат што сакаат и не ги замарајте со цитати и не се препирајте веќе. Не знам како си дозволувате да зборувате за некој човек и да се мешате во приватни животи, врз база на нечии мислења и во други теми. Така го користите сѐ едно нешто што ќе го сподели на форумот против него? Не можам да се изначудам. Може сега да почнете да ме камшикувате и мене поради ова што го пишав, слободно. Душогрижници.
Цитирањето во темава беше забрането,но модераторите не се замараа многу. Се отвори СДК без цитирања за слободно изразување и се толерира цитирање овде. Но,тоа не значи дека треба да го цитираме секој пост. Ајде,во ред е кога е некоја општа фрустрираност која ги зафаќа сите луѓе,па да се надоврземе,да си дадеме поддршка и совети.Ама,не е во ред кога некој/некоја член/членка сака да го исфрли бесот пишувајќи,веднаш да биде нападнат/нападната со преостри критики.
Денес видов слики како првачињата кога излегуваа од својот дом за на училиште, туркаат со нога чаша вода, за момент се навратив во детството, ми се стопли душата некако, бидејќи и мојата покојна баба ми намести чаша вода кога тргнав во ново училиште Интересен ми е тој обичај со туркање на чаша полна со вода, и зетот и невестата во мојот крај го прават тоа на нивната свадба.
Srcevo me boli sto kjerka mi nema da se sekjava na svojot dedo,a tolku go sakase,a i toj nea. Surov zivot
Иста судбина како и мојата Мајка,сакаше од мене и сестра ми да види дечиња,да биде баба,но за жал почина,и после 5 години се роди внука ми,и цело време внуката кога ја гледа сликата од мојата Мајка,вика Вујче еве ја Баба,а мене срцето ме стега,колку сакаше само да види дечиња од своите деца,колку ке беше среќна да беше жива,и така да и викаше внуката со тоа детско пискаво гласче БАБО .Но животот е суров,и е таков каков што е.Останува да се сеќаваме секогаш на убавите спомени со нив,и да ги збориме додека сме и ние живи,само така меѓу зборењето ке бидат СЕКОГАШ ЖИВИ ЗА НАС,СЛАВА ИМ.