Denes slucajno na rabota dojde drugar na brat mi . Dolgo vreme go nemav videno . Nekako mi deluvase deka ima nekoja iskra od negova strana. A bogami i od moja . Ama sepak toa e drugar na brat mi . Bi bilo glupavo da bide nesto poveke .
“You can build something beautiful from stones that are put in your way.” ― Erich Kästner Еден од цитатите од кои црпам секој ден енергија за да не пропаднам во сивилото на денешното општество.
Да си совршен во своето несовршенство, веројатно е подобро отколку да создадеш импресија дека си совршен во своето совршенство. Hо, свесноста за своите неуспеси не не` прави поголеми, само можеби потрезвени, порационални, и со врамени очекувања.
На паркинг или на споредна улица со коли паркирани од страна во населено место се вози со намалена брзина и се гледа внимателно да не некој сака да помине или да истрча дете. Не се лета со максимална ако немаш убава прегледност околу тебе. Исто така, мотор/скутер/веспа или како и да се вика е моторно возило и не се вози било каде и со било која брзина. И да, пред пешачки се застанува ако некој поминува. Џабе е строго при полагање градска кога после не ги боли таквото за несовесни возачи
Немам ништо лично против поранешно ВИП(на него сум уште кога почнав фа користам телефон), ниту против блогеркиве македонски. Само која е поентава да даваш бесплатен телефон на некој што има и телефони и апарати, а ги запоставуваш долгорочните корисници на ВИП, пардон ми, А1. Не дека им дошло до телефон ваш и на тие и на тие, ама скрос е неправедно и безврска овој ваш гест. За нас, за обичните смртници. А, да не зборам дека некој и не може да си го дозволи тој телефон, единствено и не може да си дозволи да се слика и да биде блогер. За него: no gifts.
Е,да ви се плукнам во паметот што го имате. Долго време работите со човекот,а сè уште не знаете дека презимето му е без буквата „в“,а јас го познавам само неколку месеци,а одма му го запамтив презимето,научив што сака и на што се радува... Го оговарате,а тој е предобар кон вас. Немате ни грам од неговата добрина.Треба да се засрамите! Можеш да направиш милијарда добрини,но не очекувај дека сите ќе те ценат. Светов е за никаде,пресуров!
кога си мртов ти не знаеш дека си мртов,, само другите страдаат поради тебе... Истото се случува и кога си глупав... И како "добронамерно" да му кажеш на ограничениот(глупавиот),,, дека е тоа што е... да сфати ,,и да почне да работи на себе... наместо да се противи и спори ..
Има мобилен од 40 000 денари а не може да ми се изначуди како тоа сум дала 3000 за преглед. Приоритет ми е здравјето, храната која ја јадам, производи за нега и хигиена, а за луксузи колку имам - толку. Ако скап мобилен не е оптоварување за џебот - супер, ама ако скап мобилен значи да се маткам по државно здравство, никад нема да го купам.
За два дена имам испит и СДК дека немам чувство дека треба да полагам. Секогаш сум била прилично смирена личност, без претерани стресови и паника, но сепак имав некаква трема пред испит. Дали оваа на крај ќе излезе добро или лошо, останува да видиме.
Што е поентата да криеш од најблиските дека започнуваш нешто ново во животот, убаво пред се не е за лошо? Се работи за мојата најдобра другарка, старосватици сме инаку. Од дечко ми дознавам дека утре стартува со работа бизнисот кој го започнува. Слушнав и претходно дека можеби ке започнува нешто, ама ништо сигурно. Си молчев најнормално, ако бидне работата за кажување ке каже. Видувања често, муабети отворени за се и сешто, ама за ова ни збор. Ја прашувам што има ново старо, ништо пак. И сега стварно не знам како да изреаирам, баш сакам да и честитам и се, ама како? Сакам да ја прашам зошто крие и не кажува, ептен без врска од нејзина страна, баш глупо се осетив. Како би реагирале вие?
^ Ме потсети на мојата најдобра другарка од средно и слични дешавки. И купија стан во градов, и не кажуваше до последно, криеше. Разбравме преку сосема трет некој.Поентава инаку беше дека ние неколку најдобри другарки, цимерки ќе сме. На крај излезе, сама ќе седи и не викна никој. Настаниве се за частење, не за криење.
После премногу кажување предвреме работи, сфатив дека колку потајно, толку потрајно и посигурно дека сè ќе биде како што треба, според планираното. Од премногу зборење предвреме како да се избаксузирував, па после криво ми беше кога нешто ќе се случеше и ќе ми пропаднеше планот.
Ептен се согласувам, само што не е таков случајот. Веќе на свршен чин, кога сите знаат, се зборува за тоа , се части......Тоа не е само план или идеја.
Облаче, јас да сум на твое место би ја прашала зошто крие, би и честитала предвреме, би и рекла слушам и од други зборуваат, само јас не знам, велиш дека сте ептен блиски, а таа започнува свој бизнис и не ти кажува, ептен е глупаво и нема потреба од криење. Велиш дека си слушнала и претходно, а таа значи абер немала да ти каже, ептен неубаво од нејзина страна, и што ќе прави утре, да не случајно ти се јави и од нигде никаде те викне на частење. Таа со месеци планирала и дошла до свршен чин и не сака да сподели со најблиската другарка, како да ти ќе и ја расипеш работата, Бог да чува еј, ама ништо веќе не е за чудење
Цреша се согласувам со тебе сосема и јас го имам истото искуство како тебе, ама ова не е таква ситуација. Повеке од месец дена се знае работата дека е сигурна, а утре стартува дуќанот со работа. И толку блиска личност да не ми се пофали е стварно глупо. @Rama Ке ја прашам и ке и кажам секако, со блиски луѓе не сакам премолчувања на муабети и зад грб работи, сакам да си кажеме што имаме. Е баш така се чувствувам како сите блиски да знаат само јас не.
Би ѝ честитала и би ја прашала зошто други знаат,а не го споделила тоа со мене.Нели најдобрите другарки си споделуваат речиси сè? Ајде да крие вакво нешто недела-две би разбрала,ама подолго... Да се работеше за бременост,би го разбрала и она 3-месечно криење,ама за ова не требало да крие од тебе.
И јас си ќутев до последно за бизнисот. Само кажав утредента да повелат на пијачка неколку души откако отворив и тоа е тоа. Живееме во средина кај што наместо “со среќа” наидуваш на “овде ли ќе отвораш фирма, сите бегаат ти ќе работиш, кој ќе го купи/користи тоа твоето” итн, а ти само си се трудиш да обезбедиш иднина за себеси и да не зависиш од некој работодавец. Затоа ќути си-дупи си е најубаво.