Да, така е. Ама членката кажа дека се најдобри другарки, дури и старосватици. Не е фер, од други да дознава. Значи таа можела на други да се пофали да каже, а од нејзе сокрила. Тоа не е во ред. Затоа членката треба да си направи отворен и искрен муабет со другарката.
Проклетството да се биде жена и цената што сите ја плаќаме. Не можам да помислам на менструација без да ми текне на ужасните болки. Може ли човек да остане смирен и приземен кога трпи болка од 5 и пол часот попладне до сега, до факинг 2 часот после полноќ? Не бе, за орден сме си и крај. Може мислењево ми е за испукајте се, во било кој случај, ова е она што сакав да го кажам.
Толку ми е преку глава од се. Од секојдневие исто, од нервози, од проблеми, од обврски. Од обидот да биде нешто поразлично а уствари не е. Зошто ? Затоа што едноставно не постојат никакви услови во оваа средина/држава за такво нешто. Ми доаѓа да си ја испрзнам батеријата во целост, да отидам на пауер офф и така да бидам некое е*ено време. Можеби ќе се разбудам некаде у др свет, кај што ќе биде поразлично и подобро.
Друштво, не знаев каде да го напишам постов. Имам голема мака, а не сакам да замарам луѓе зошто ..едноставно не сакам беспотребно да се грижат. Имено, вчера претрпев кожна операција на главата, извадив пет атероми и ме зашија. Меѓутоа веднаш после процесот имав огромни болки зошто зафатот се одвиваше без анестезија. Но, ајде болките ги трпам, не се давам, но ме јаде нешто друго од внатре. Нешто што не знам кому да го кажам па решив да споделам овде. Имено, за време на операцијата бев свесна и додека траеше процесот, инструментот со кој ми ги вадеа атеромите се случи два пати да падне на подот, а потоа докторот со истиот продолжи да ме оперира. Не знам дали дополнително го стерилизираа и дали од аспект на хигиена беше сѐ во ред? Ми се чини како да ја чув сестрата кога рече дека нешто не е стерилизирано или дека недостасува... Имено, операцијата ја правев во градска болница. Пред мене докторот изведе уште два операциони зафати (не знам какви). Ми е страв сега инструментите за работа да не не беа стерилизирани. Ме јаде јанѕа цел ден, башка се осеќам малаксано и не знам што ме натера, го зедов топломерот во рака и што ќе видам - 37,2 степени - благо покачена температура проследена со како што пишав погоре - малаксаност. Немам ни нешто многу апетит за јадење но, тоа го препишувам на фактот што вчера изгубив доста крв. Епилог на цела ситуација беше што денес на крај со крвави завои на глава собрав храброст, и се упатив кај матичниот доктор. Откако му објаснив што се случило, (му укажав за благо покачената температура од 37,2 и дека се чувствувам малаксано и загрижено со оваа температура после вчерашниот зафат), тие ми спроведоа рутинска проверка (притисок, срце и сл). и препишаа амоксиклав. Значи од операцијата и болката не ми беше воопшто страв иако премногу болеше бидејќи веројатно имаа недостиг од анестезија а и не сакав да ми стават, ама ова? Како да се носам со можните side eфекти, и што ако за 30 дена од вчера ме стаса некоја лоша инфекција/болест, како да се заштитам, постои ли воопшто начин?! Ве молам, немам верба во здраствениот систем и од таа причина ја пишувам оваа долга порака овде, во надеж дека ме читате и нема да добијам сепса. Ве молам за совети, секој е добредојден. Дали постојат некакви тестови, маркери кои откриваат ран можен развој на инфекции од ваков тип?
Сакам да кажам здраво на сите, нов сум тука, се надевам дека нема да смета машко плус на женски форум Инаку недела дена читам неколку теми тука ме бендисаа мислењата на некои членови па си викам зошто да не се зачленам. Ми треба женска перспектива за некои работи. Едино екипата ако дознае нема да има крај на драпањето Сакам да прашам, ако може некој да ме упати, како да испратам порака приватна до администратор или модератор, или па ако чита некој од нив да ми испрати порака. Поздрав и убав ден. Инаку секогаш брзам и не обраќам внимание на детали зашто битна ми е големата слика а не ситниците. Така и овде на форумов имало тема за здраво да направиш ама ја се акнав тука на оваа тема....
Ги гледам луѓево ретко да видиш насмеани,расположени,све нервозно,забегано,ништо чудно психијатрите да станат попопуларни од политичариве.
I da padnale instrumentite sigurno zemal drugi. Ni eden hirurg ne bi operiral so nesterilni.nemoj da se sekiras.
Многу добро кажано. In the Gospel Books of the New Testament, Jesus taught his followers that if someone wrongs you, it is imperative to forgive them seventy times seven times. This number brings us closer to the nature of God and His omnipresent, omnipotent, and omniscient nature.
Имаат куп инструменти сосема нормално е да падне некој. Нема шанси со ист да те фатил на глава. После операција секако нормално е да имаш благо накачена темп и да трае неколку дена.
Дури и да ги прашаш " како си " ќе ти речат " добро е ", а мислат, " да не си ми под кожа " зошто бе луѓе? Лажење? До тој степен сме дојдени да се "ситиме" на болката од комшијата? До степен нас тоа да не усреќи? И умре мажот, синот појде под нож, и велат "жал ми е", се вртат и се дерат "ах, малце ти е и ова", зошто ? Толку многу сум разочарана од таквите личности шо се ѓубрина! Големи ѓубрина!!!!
@Nigredo Odor Па, оди ако треба и на приватен лекар, плати и приватно и види што мислење ќе ти даде и тој лекар. Ма да искрено не ми се верува да биле до толку луди да употребуваат прибор за работа кој не бил стерилизиран ама оди си на сигурно.
37.2 е нормална температура. Нормално е ако си ја мерела температурата при крајот на денот да ти биде повисока отколку утринската. За инструментите исто мислам дека немаш простор за паника.
Како прво додека трае операцијата/зафатот ти не гледаш директно и не знаеш што точно се случило. Да е на лице/нос/образ пак ќе видеш но ова одпозади не верувам. Може да падне инструмент и милион проценти не е продолжено со истиот да работат на тебе. Болката е нормално да ја имаш по интервенцијата. И температурата е нормална појава, многу е ниска за да укажува на некаква инфекција. Антибиотик ти дале, кој превенира да имаш дополнителна инфекција, преглед си имала од матичен лекар. Немаш причина за грижа. Крвна слика би укажала на некаква инфекција доколку ја имаш. Сигурно на преврски ке одиш на два дена, ќе те следат и тебе и раните. Едно блиц прашање само-како неверуваш на здравствениот систем? а си легнала под нож за операција. Па јас не би легнала, доколку не верувам. Со помин да е, ти посакувам побрзо закрепнување.
Подгледнував од време на време бидејќи имаше стакленце позади на кое се гледаше инструментот за сечење и потоа за шиење. Воедно и чувствував бидејќи како што кажав - и самиот хирург рече дека најверојатно повторно им проследиле неквалитетна анестезија. Знам дека температурата и болката се пропратни појави ама како што кажав, ради горе споменатите ситуации немам верба во здраството. Верувам и многумина од овде немаат. Отидов зошто морав и немав алтернативна опција, не затоа што сакав. На преврски сум на десетти, никаков преглед не ми е закажан меѓувреме.