Епа тоа е уствари најголемиот проблем. Бидејќи немаме доверба во здравството и неговиот персонал, си бегаат нашите во странство. Инаку, денес во Македонија за првпат е изведена една од најтешките операции во кардиохирургијата кај новороденче од страна на македонски лекар без било какви асистенции од странство. Убаво е да издвоиме и нешто убаво од областа на здравството.
Затоа што многу мерак имала да ја оперираат затоа легнала под нож... Како тоа не верува во здравството? Секој нормален не треба да верува во денешното здравство и во останатите институции во државава.Да почнеме да набројуваме причини?
Профил на problem solver луѓе ми требаат. За цел живот. А и јас ним, сигурно Туку, години од песната и уште ми е најубавата од сите на пејачов.
Не правете кавга од ништо. Нормално е одор да се плаши. Нормално е Алишан да и даде совет. Најдете друга тема за кавгање. Не е време.
Од секоја област има одговорни и неодговорни луѓе кои може да ја извршуваат. Нема потреба да се наоѓате навредени тие кои сте во здравство, бидејќи јасно е дека ве има и такви кои сте посветени на професијата. Но не се сите такви. А сомнеж секој има право да носи кога станува збор за сопствено здравје. Крај краева не е ни битно тоа сега, насочете енергија кон давање совет.
Не е баш страв во прашање друштво. Просто е рационална мисла. Ако некој каже дека одреден инструмент не бил стерилизиран логично е да се прашуваш дали истиот бил употребен или не доколку бил споменат при процедурата. Моментално сум со 37 температура и блага кашлица која се јави пред петнаесеттина минути. Не знам дали е настинка во прашање, најискрено не знам. Се надевам дека сте во право кога велите дека никој не би оперирал на нестерилизирана опрема. Ви благодарам на одговорите, на сите. Не ви се лутам ниту најмалку.
@Alishan30, најискрено прашање. Дали навистина на тебе, како медицинско лице, не ти е јасно зошто народов нема доверба во здравствениот систем? Зошто сите кои можат да си дозволат одат приватно, а тие кои не можат молат и подмитуваат? Исто, уште едно прашање. Да го пишеше истиот тој коментар некоја од членките во +/- 40, дали исто така дрско ќе и го поставеше тоа прашање „зошто тогаш си се оперирала“? @LiliBoz, како тоа да се најде друга тема за карање. Па барем ти имаш коментар за секоја втора тема, ама оваа, која има и потенцијал да порасне во засебна тема да ја одминеме. Претпоставувам дека си медицинско лице И не се караме, дискутираме @Nigredo Odor, ако треба позајми се, ама уште утре оди приватно и барај второ мислење. Не оставај на среќа. Едит: И пиши си ја ситуацијата во темата за здравствени проблеми, повеќе членки ќе ја видат таму и ќе добиеш повеќе различни мислења и совети.
@Nausicaa не би рекла дека сум дрска, одговорив како лично за мене, дека ако не верувам ќе препрашувам, ќе се консултурам ако треба и на повеќе места. И јас сум се оперирала, не зборувам само како медицинско лице. Убаво прочитај ми го постот, одговорив за можноста за инфекција дали постои, и да се следи повторно на лекар за било каква промена. На крај посакав и побрзо закрепнување, што е учтивост а не дрско однесување. Мислам дека имам право на дискутирање на форумов, како и сите вие, и во било која тема да било прашањево ке го поставев. Без нервози, ве молам. Нека биде се во ред со девојкава, не е битно јас што мислам, крај краева.
А ако сум медицинско лице демек одма повредена се најдов Членката настапи спремна за кавга. Не верувам дека тоа би и помогнало на одор. И ако веќе ве интересира мојот личен став за здравството, за конечно да не мислите дека бранам некој и нешто онда еве го. Толку неписмењаци се имаат набутано по клиниките што нормален е стравот кај луѓето. Но исто така, народов е познат и по преувеличување. Онион мк пишал има свински грип репорт од пред 160 год за у флорида, тие наредиле 300 коментари дека докторите се криви за тоа. На кој народ да веруваш!? Но бидејќи верувам свесни сте дека повеќе од вас знаеме и јас и Алишан како е таму - вајда треба малку кредит на тоа да дадете. Сепак има и навистина јаки доктори и не е еден туку се многу повеќе. Али ај навикнати сме да плукаме нели.. Од друга страна за што ви е засебна тема? Ѕид на здравствен срам ли!? Повелете на монолог. Немам абер да бранам нешто што не е мое дело. И јас знам да плукам кога се осеќам оштетено. На одор не и треба да оди приватно. Ме има мене. Заебала работа што не ми кажала. И да. Со врски секаде се оди.
Мене второ мислење ми го спаси животот. Ако некој се сомнева во квалитетот на првото мислење,нормално е да побара второ. И меѓу медицинските лица има совесни и несовесни.
Народот нема доверба во здравството затоа што немаме основни услови за живот во државата. Како да покажеш дека си добар ако немаш основни инструменти за работа, дијагностички апарати, соодветни услови? Сакате да кажете дека лекарите во Систина и приватните клиники се далеку подобри од тие на државна? Ма немој молим те, за истите луѓе станува збор, само различна здравствена установа, попристојна плата и подобри услови за работа. Патот до дипломата е многу потежок отколку што изгледа. Лекарите молчат, а постојано се деградирани и омаловажувани. А ако нешто проговорат, дрски се. И треба да бидат дрски со оглед на тоа што се преживуваат.
Уште со првиот дел од твојот пост, ти проба да и го оспориш впечатокот и причината за страв Препрочитај си го напишаното. И биди најискрена кон себе, некоја од -/+40 да го пишеше истото исплашена и видно загрижена, дали твојот одговор ќе беше ист, од збор до збор. Исто, Епа ајде сите што ќе ни реплицираат, а не ни се допаѓа напишаното, да им ги окарактеризираме постовите како нервозни Ти викаш си учтива, ама мене ова не ми е баш толку учтиво На Одор ќе и помогне лекар. Ние останатите сме тука за дискусија. Членката ок си пиша. Ако некој прв настапи спремен за кавга, тоа беше @Alishan30 со прашањето зошто се оперирала тогаш. И пристрасна си. И тоа е во ред, само нареден пат кога ти ќе пристапиш „спремна за кавга“ на некоја тема, види реална дека на тој другиот може тоа му е подеднакво болна точка.
Без везе ти е ставот и далеку од тоа дека членката настапи ко што треба. Да цитирам до утре не сакам и немам потреба. А за пристрасност одамна се знае чива е и од кај иде. Поздрав.
^шо ми се закачивте бре? Колку коментари доби одор, но вие мене ме најдовте пристрасна, па сега удри ај. Ок, смеам да ви кажам добра ноќ? Или и тоа не е во ред
Легни си докторке. Тебе ти е мирна совеста. А тој што си ја има мувата на капата.... Пациентот е покриен со терапија, нема простор за паника! Добра ноќ
@Peperutce1115, кон кого треба докторите да бидат дрски? Кон пациентите или кон оние чиј збор нешто значи во државава? Нека протестираат за подобри услови, за нови апаратури, јас во прв ред ќе бидам. Ама нешто многу тивки се, освен кога се коментира дека платата им е многу мала. На државна, моментално работат трета генерација доктори од исто семејство. Прво бил дедото, па синот и снаата, сега се внукот и невестата. Другарка ќе ми отидеше од заборавена газа. Ете зошто немам доверба во здравството кај нас. Не се сите доктори лоши, далеку од тоа. Ги има предобри, внимателни и се гледа колку сакаат да помагаат. Ама сум имала толку лоши искуства, толку згрешени дијагнози што едноставно немам доверба. Нема да раскажувам жалопојки, само сметам дека секој од нас има право да каже дека нема доверба во нашево здравство, без да добие подсмешлив коментар за возврат. @Alishan30, ништо лично кон тебе. Форум е, дискутираме. Те имам читано во темата за здравствени проблеми каде се трудиш да дадеш совет и тоа е за пофалба. Ти кажав отворено што не ми се допадна во твојот коментар. Сакаш окарактеризирај ми го мислењето како дрндање на кретенка, сакаш разбери дека ја имам видено и грдата страна на здравството кај нас. Ти посакувам добра ноќ и пријатен одмор. Без иронија и цинизам зад желбата, навистина го мислам тоа.
@Nigredo Odor колку и да се сомневаш во докторот и персоналот општо не вервам дека би користеле нешто нестерилизирано. Ама, за да имаш мир во душата оди и на второ и на трето мислење ако треба. За внатрешен мир. Со помин!