Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    43.662
    Гледајки чизми на Асос у 4 саат сабајле и додавајќи ги у корпата, оти ми изгледаат многу ебачки, а карши мене на полици ко у излог стојат 10 пара чизми, јасно ми е дека дојде редно време спонзор да си најдам...
     
    На Herrera, Feminka22, Glossy-girl и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    А можеби и зошто се фаќаат еден тон болнички бактерии на државно, што знам еве. :)
    Сите знаеме како треба да е хигиената во болници, ама и сите знаеме колку не е така во пракса кај нас. Ама ај да се праиме на три ипол ако не, за да не се најде некој увреден.
    Одор, иди си на второ мислење. По можност на приватно, зајми се ако треба.
     
    На sweet-cherry, christinnn, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираат газолижачи, ке се понашаат ко шо не треба, па после пу пу неважи. Абе ако мислиш дека е крај со некоја работа,личност,ситуации стави крај и не лижи кај што плукаш. Еден момент мислат можат се сами, рипаат у облаци, и по некое време душо,срцка,мрцка, кога им треба нешто пак по наше ке испадне. Абе да им се затре тоа табиетот. Уште од сабајле една таква ден ми расипа, јас мислев ме заборавила, кога еве ја пред врата :@ кога незнам да кажам, Абе чибу од тука, така и ми треба, нека ми расипуе ден
     
    На cresa-jagoda, Rama, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога имам слободен ден без работни обврски отворам Фемина Инстаграм за инспирација и идеи што да готвам тој ден. 8)
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, Rama и 12 други им се допаѓа ова.
  5. mula

    mula Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    2.443
    Пол:
    Женски
    Во 8 сабајле се будиш и инстантно слушаш: Еве мојава се мажи, mula до кај е? :^) :drunk:
    Сакав да слезам така повеќе гола од облечена и да и' кажам дека јас не ни мислам на нив. Ни на неа, ни на внука и'. Зошто би те интересирало тоа? Во 8???? Нели ти се моча? :wasntme:
    Стварно станата од постела не личам на себе. :D
    Не слегов, нормално. :D
    СДК дека стар човек не може да се смени, ама ако ние помладите го исфрлиме тоа глупо прашање: "До кај е фиљан со животот?" светот сигурно ќе е малце поубав. Зар не?
     
    На christinnn, LittleChili, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    328.946
    Пол:
    Женски
    Robi да се јави на рапорт :D:!:
     
    На cresa-jagoda, Rama и Gosh им се допаѓа ова.
  7. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Актуелна е темата со покачувањето плати за наставниот кадар, па дискусијата за каков наставен кадар имаме во земјава ме потсети на нешто друго.

    Минував пред некоја недела покрај основното училиште во кое учев и баш пријатно се изненадив од промените кои се направени. Почнувајќи од нова спортска сала, па лулашки и тобогани за децата од предшколска возраст, па уреден двор со зеленило, нова ограда, онака баш како што би сакала да беше кога јас учев таму. Сепак, мило ми е што барем за идниве генерации е подобро во тој аспект.

    Моментот на кој се потсетив беше колкав стрес претставуваше одењето кај училишниот психолог.

    Веднаш помисла дека нешто си погрешила. Иако кај нас психологот често известуваше за натпревари, литературни конкурси, тестирања, еколошки акции и слично. Сепак, кај сите нас се создаваше страв од огромни размери штом ќе слушневме дека психологот ќе доаѓа да разговара со сите или уште полошо, да викне неколку деца на разговор.

    Колку погрешен став уште од најмали нозе.

    Веројатно токму од таму потекнува мислењето дека ако имаш работа со психолог тогаш си ненормален. Сега и кога го пишувам вака грдо ми звучи, а не пак кога ќе слушнам некој во живо да каже вака.
    Грдо.

    Она што ми дојде како помисла е колку ќе беше убаво ако токму на овој тип на едукација се посвети доволно внимание. Наместо сите тие натрупани часови со предмети во кои е опфатена религија, историја, информатика, најпрвин да се даде приоритет на развивање на здрави размислувања на децата во ситуации на контакт со психолози, психијатри, стоматолози, медицински лица и слично.

    Повеќето се плашат од сите набројани контакти, а кај некои ваквиот страв се задржува и низ целиот живот. Нерационално.

    Всушност само од најблиска околина имам 5-6 примери на возрасни индивидуи кои ако имаат некој здравствен проблем не посетуваат медицинско лице само поради страв кој всушност не можат ниту да го објаснат од каде потекнува, а постои голема веројатност да е создаден во рана возраст па токму поради тоа и не можат да го идентификуваат потеклото.

    Понатака, да се едуцираат децата како се градат здрави врски со околината, почнувајќи од другарчиња од училиште, па сѐ до однесување со/кон лица од кои се емоционално или физички малтретирани. Да им се каже дека не треба да се справуваат сами со булинг и да молчат поради страв дека ако кажат ќе стане полошо. Да им се помогне за излез од емоционалните лавиринти кои не по нивна вина произлегуваат од нефункционалното семејство.

    Едноставно да им се создаде пат за да утре може да бидат среќни, здрави, исполнети, дружељубиви студенти, родители, колеги, партнери. Да бидат подготвени за секоја улога во која би можеле да се најдат во животот и да не постои стигма доколку во одредени периоди им е потребна психолошка поддршка.

    Всушност идејата ми беше дека во секое училиште е потребно да има некакви создади се/ креирај се себеси за иднината часови (не ми се смејте на имево, плис :D), кои ќе бидат одржувани од психолог.

    Верувам дека напредокот за сите би бил огромен.
    А за психолозите, раце полни работа. :lol:

    Океј, тука ќе застанам.

    Ви благодарам на пажња ако некој имаше трпение да ме исчита.

    Знам, многу фантазирам.

    Ај сама ќе се испратам. :toivo:
     
    Последна измена: 5 септември 2019
    На Stephen Amell, sweet-cherry, Feminka22 и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.294
    Пол:
    Женски
    Прво, се извинувам што те цитирам.

    Јас имам едно поинакво искуство со психолог, па да споделам.
    Имено, кога бев средно, кај нас психологот повеќе важеше за: "имаме празен час, брзо бегајте, ќе дојди психологот да ни држи предавање".
    Е тие предавања ми се една од најпозитивните работи кои се случиле во средношколските денови.
    Предаваше за теми од типот: музика, дрога, и оставаше простор за дебата, секој од нас да си го кажи своето мислење на дадената тема.

    Сакав да продолжам на психологија. Се сеќавам им велев дома, ако еден ден сум психолог ваквите предавања ќе се задолжителни барем еднаш неделно, не само на празен час.
    Исто, сакав на секое дете да посветувам по еден час неделно.
    Секое дете, различна приказна, голем дел од проблемите не ги гледаат професорите и родителите.

    Мило ми е што има некој што мисли слично како мене.
    Ќе остани и моето само фантазија.:sun:
     
    На sweet-cherry, christinnn, tina-63 и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    Ми се медитира а не знам како :worried:

    Да си фатиш дечко и да ги исчука. Невоспитани.
    Или еве подобра идеа, снимај следниот пат, нека се видат на интернет. Појак ќутек нема од тоа.
     
    Последна измена од модератор: 6 септември 2019
  10. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ми доаѓа да ја прашам мајка ми зошто ме нема научено да бидам злобна, идиотка, кучка што ги гази сите околу неа без око да ми трепне.
     
    На Grasiela**, sweet-cherry, Glossy-girl и 14 други им се допаѓа ова.
  11. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
    @1992g на денешно време е престрашно да си жена..никаде не можеш да се движиш раат од никого не сме заштитени!
     
    На 1992g, cresa-jagoda, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Најтешкиот товар што го носи едно дете е неизживеаниот живот на своите родители. – Карл Јунг
    Една од најголемите болни вистини некогаш кажани.
     
    На T.e.d.d.y, TheGoldenPeach, tirkenbal и 35 други им се допаѓа ова.
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    :clap:(highfive)
     
  14. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Шо ќе ми е дечко, си имам агресивен доберман сеа :D
     
    На VoodooGirl, christinnn, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  15. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.172
    Пол:
    Женски
    Децата што биле оставени во кола сами, му се одземени на двата родители. Ако беше крива мајката, се сомневам дали и на таткото ќе му го ускратеа неговото право. Ама во шовинистичка држава, такви и правила.
     
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Дечки, да не ве тагнувам сите поединечно, боље се чувствувам. Правев сабајле крвна анализа, имам некои благо покачени вредности ради вирусов, но во главно е во ред. Покриена сум со антибиотик и тон течности..не знам, да не ве плашам од вчера до денес испив повеќе од шест литри и подобро се чувствувам. Благодарам на сите кои ми пишавте, премногу ми значи. Ми требаше подршка и ја добив. Прекрасни сте.
     
    На WildMk, Milobebence, christinnn и 25 други им се допаѓа ова.
  17. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    Уште подобро, нека ги изеде :)
     
    На cresa-jagoda и 1992g им се допаѓа ова.
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Дрски кон секојдневното хулиганство и непочитување со кое се соочуваат, од власта, а и од пациентите. Жал ми е за сите лоши работи со кои си морала да се соочиш. Ама вистината е таа. Лекарите во државна болница и во приватните болници се истите, само условите во кои работат се разликуваат.

    За едно можеме да се согласиме, дека се е исполитизирано, а тоа е проблемот број еден во нашето општество. Без разлика дали е здравство или образование, политиката и непотизмот се секаде присутни.
     
  19. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    кој ја извел, Др.Чадиковски?
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.120
    Допаѓања:
    328.946
    Пол:
    Женски
    па само он е детски кардиохирург во Мкд мислам
     
    На Feminka22 и LunaGrey им се допаѓа ова.