Поверојатно е дека ќе го подигнеш чеканот на Тор отколку да успееш да отвориш прозор во автобус на ЈСП.
Алекс Ескин доби награда од 3 милиони долари за решавање на една задача по математика. Кога ви велам ја учете математика, вие не за Катица, Лила и Боки ќе пишуваме постови. https://www.livescience.com/breakthrough-prize-mathematics-2019-winners.html
Не знам како можете да имате некој ради реда и да си ја испразните нервозата на некому. И да се е*ете си некој само да се испразните. Секоја чест. Или јас сум старомодна. Хаха
Имам братучед кој буквално ми порасна во раце, како мал постојано доаѓаше кај мене да го шетам, со денови спиеше кај нас, порасна, си фати девојка, го испраќав со цвеќиња и мечиња кога ќе излегуваше со неа. Минатата година беше лоша за него, помина низ тешка операција, се молев за него да излезе здрав и жив од операција, со последните пари отидов до Скопје да го посетам... Денес е здрав, среќен и заљубен, ептен ми се слатки со девојката, како да не бидат кога се толку многу млади, вчера имаше ставено слика со неа на социјални мрежи, имаше напишано посвета за неа, и таа имаше коментирано, од што ми беа слатки, им пратив и јас заљубени стикерчиња, и по некое време тој ми го избриша коментарот, ги остави само нивните. Се почувствував толку грдо, исто како кога оние старите тетки и стрини од странство ни коментираат, а нас ни смета и превртуваме очи, мислам едно е да ти смета коментар од тетка ти од Америка што ти пишува кога ќе те мажиме, или како ти се комшиите и дали се гледате со нив, или дека многу си се здебелила, а сосем друго е братучедка ти што ти била ко постара сестра да ти смета, и да и го бришеш коментарот. Ептен ме изнервира, мајмун еден
Стегни му блок. Јас на неколку роднини блокичи им подарив. И на две свадби и.ч. не им заиграв на оро, им отидов само за да ги игнорирам на тој начин. Блок на фб ич не му се мисли, и пред народ кажи им дека се блокирани, нека пропаднат в земја малце.
Тоа и го заслужува, ама ќе се воздржам, сепак сум повозрасна и позрела од тоа детиште, ама во живо кога ќе ми се појави пред очи ќе си добие лекција или пак игнор. Прв пат му коментирам на слика со девојката, и последен пат ќе биде Ќе ме брише тој мене, ух да можев ќе го нашамарев, ете така ми доаѓа од бес
Ах, да. Заборавив. Вчера видов темнокожа, топ девојка со кратка коса, мало лице и латино тело. Се отепавме од трчање и "бркање" и никако да почнеме разговор
Ако некој се прашува каков би бил форумов да беше Менина наместо Фемина. Полн со вакви мислења, ете таков.