Поглупо од тоа да појдеш кај некој на свадба само за да му вратиш со игнорирање мислам дека нема. Боље седи си дома. И што доби од тоа што седеше ко намќор на нивен среќен ден?
Што добија тие од четири пет годишно непојавување, нејавување на тел, непишување пораки итн? Ова прашање треба да се одговори прво.
Фасцинантно е како човек се менува со тек на време. Позитивно. Со стекнување купишта знаење и искуства. Со безбројни битки, победи и порази. Напред ми се оди, не, ми се трча. Не сакам назад, како некои што не се двојат од минатото, сакам напред. Сакам уште. Од животот, од се' што доаѓа со него.
Толку сум загрижена и фокусирана на проблеми трудејќи се да најдам излез, што дури сега го забележувам цвеќенцево што ми било пред куќа цело време. Изникнало на невообичаено место и успеало да расцвета. И ме натера да размислам... Кога цвеќево можело да успее и да е убаво покрај тоа што поминало и растело низ не толку добри услови...зошто да не можам и јас?
Се наежив на информацијава... Морници ми поминаа. Секоја чест. Инаку... Не ми се верува дека Глоси што дојде на форумов во 2012 година сега пишива вљубени постови и излегува од тинејџерство. I mean, I left for good во една фаза и веќе сега дојдов во сосема нова. Трансформација. И тоа е, привикнување на животот во глобала.
Си појдов насмеан весел, честитки ова она сѐ, ама потоа ладен. Како кај странци. Пошо не сме едни во LA друго во NY за да се гледаме само на церемонии нели? Има бариери меѓу луѓево денес, ете и девојката погоре објасни една случка. Епа кога веќе градат бариери, ќе им дотурам бетон.
Кој е па тој да ја слика нели? https://kurir.mk/scena/poznati/celi...je-vidite-kade-go-fati-kje-vi-se-sloshi-foto/
Сега и мене ме натера да размислам. Многу ми требаше твојов пост по сабајлечки, пред да ме плесне се што ми носи денов, а верувам и на многу други.
Мило ми е. Дава надеж дека можеме да се избориме со се, без разлика какви се условите во кои се наоѓаме, секој на крај може да биде убаво цвеќе кое успешно се изборило со се.
Fun fact: Кога одам во продавници, маркети, бутици, се' што ќе видам дека е разместено, оставено каде што не му е место, го земам и го враќам назад. Има купувачи што ќе земат нешто па ќе се премислат и го оставаат кај било, ама ете има и вакви како мене (не сум ваљда единствена) што ги поправа работите. Или нешто ако е паднато или оставено обратно, го средувам и тоа. Ко херој од цртан филм се осеќам, да ме немало требало да ме измислат. И така, еднаш во Џамбо од горниот кат се враќав долу за да вратам еден фенер, оти горе најдов поубав а не сакав овој веќе земениот да го оставам кај што не припаѓа.
И јас го правам тоа. Има луѓе што ги оставаат парчињата облека во пресоблекувалните ако не ги купуваат. Јас секогаш враќам. И во продавници местам пошо работев во маркет и знам како им е.
и јас враќам секогаш и убаво го диплам ако сум го разместила и секогаш ако видам отпадок некој како лименка или хартија поголема на земја, ја кревам и ја фрлам во корпа... малку сме оцд
Спротиставете се на тешките моменти. Насмевнете се и кога ви доаѓа да роните солзи. Лесно е да се откажеш од се, тешко е да победиш. Но, велат дека животот е игра во која победата е неизбежлива. Минатото закопај го со тешките моменти и гледај ја иднината, како ѕвезда која сјае на небото и те повикува...
И јас.Ќе видам некој нешто изместил во маркет,го ставам уредно на рафт,на касата уредно ги ставам производите,го ставам тоа пластичното помеѓу моите и производите на другиот купувач за да не ни ги помеша касиерката... А,некои луѓе чудно ме гледаат... Е,не,бре,луѓе само вие оставајте и редете кај ќе ви текне,тоа им е многу забавно на вработените во маркетите...