Сега ке испадне дека сите ги местите работите по маркетите, продавниците, бутиците... па кој растура тогаш ? Шала настрана, и јас неќам лом да прам од причина шо сеуште владее стравот во мене ..не чепкај теткана на камера те гледа..#траумиОдДеЦвото хаха Еј Одор, мила, а бе јака си ми ти не се секирај, ништо нема да ти биде. Само мисли позитивно и добро ке биде. Стварно некогаш испаѓа она, што мислиш тоа и те снаоѓа. Те гушкам најсилно и ти посакувам здравје. Сé ке помине. Ич не се секирај @Nigredo Odor Сдк од коа си немам ништо кажано во темава бе Една случка накратко ... Пред една недела бев кај другарка на роденден. Се поздравивме со гостите и дојде една жена ама не знам од кај беше, обратно почнуваше да те поздравува со главата Пример јас од десна страна она од лева (мислам дека вака испаѓа), се залепивме образ со образ, се буцнавме тро со носот и поштено си се избацувавме во уста. Двете со кармин а бе за мерак. Ќумрев xD Затоа си е најдобро само рака давање и ајт
Навистина немам намера да му докажувам на некого дека имам секогаш добри намери и слично. Ако некој смета дека сум поинаков тогаш во ред, твое мислење.
Нели велат "Кој рано рани две среќи граби". Епа, јас ова го зграбив. А инаку и на работа бев, и средив по дома и сега одморам. Утре цел ден на работа, ја важно се спремив. Едвај чекам да се комирам вечер.
Ми се повраќа од шали у стил - абе кај може жена тоа-и-тоа да го направи, хехе. Хехенце, се зезам, жените се краљици. Среќа мажите имаат еден мозок повеќе од нас жените, инаку маф ни е работата.
Ако не ти се случат некои авантури во воз,тогаш исто како да не си бил во воз.Цело патешествие поминавме додека да стигнеме дома,сменивме неколку превози,ама битно останавме позитивни,се запознав со нови луѓе,како од секогаш да сум се дружела со нив.Ете и во најстресните и најлошите искуства,треба да имате тронка позитива.
Си земав јас така вечерва да си играм игра со пукање, си сакам од време на време, така смирувам живци. И нели има опција да се зборува со другите луѓе со кои играш во тим, и случајно се паднав со некои дечки од Полска. Онака уз игра ме прашаа од каде сум, и јас им викам од Македонија, кога наеднаш прснаа да се смеат, - Oo nice nice, very beautiful country. И јас им велам - Yeah, it's a beautiful place (колку и да го мразам во реалноста, за мене е убаво). И пак прснаа да се смеат. После тоа уште нешто се чепкаа за North Macedonia, ова она, и до крајот на играта целиот однос спрема мене им беше некако како со потсмев. Едноставно не ми беше сеедно, ми падна жал, тешко. До сега и не бев баш свесна со каков потсмев се гледа кон нас.
Онаа тишина доцна навечер, кога се слуша само некое струење и колите одвреме навреме. Е тоа. Толку смирувачки, толку прекрасно. Дали сте свесни колку сме среќни со сета убавина што не' опкружува?
Nocas sam svasta video.. Какви случајни муабети паѓаа денес во школо и на искачање. И се радував и плачев
Јас: нА дИеТа СуМ и ПаЗаМ шО јАдАм Исто така јас: *скролам низ Фемина Инстаграм и се думам дали да си потпечам лепче со кашкавал, или две или три лепчиња*
Капкиве дожд ме потсетуваат на школски утра. Ме тепа носталгија... Дајте нови спомени! Денес сфатив колку се важни пријателите. Со нив и најстрашните работи што мислиш дека те очекуваат, се... само шала. Ценете го тоа што го имате, некој нема ни половина од вашето.
За каква еднаквост зборувате кога мажите слободно можат без маица пред било чии очи, а жените не? Еден пример што многу кажува. Ако мажот не е, тогаш ни разголената жена не мора да е синоним за секс. Какви неубави гледишта кон женското тело.
Сѐ се реши па до тоа дојдовме, дали со или без маица лично јас не се ѕверам во жени без маици, сѐ ми е нормално. Ѕверењето во луѓето само поради нивниот стил на (с)облекување е ниска интелигенција и неизживеаност.
Од основна култура го издвојувам ова: Одиш во веце и уредно ти пишува да не ја фрлаш хартијата во школката и да пуштиш вода. Кога јас одам во веце наоѓам хартија во школката, нема пуштено вода, мочки наоколу. Вака и дома ли се однесувате?
Ми фали нешто да ме крене високо и да ме тресне од земја. Да можам комотно да му речам чао на летото. Вака нешто ко да ме враќа назад.. Недовршените работи изгледа.. Или преќутени чуства..
Добро утро Скопјани, дали имате главоболка? Мене ме уби температурнава разлика, ко со тесла по глава некој да ме маанал.
Нема да го уништам со дополнителни зборови ова следно што ќе го постирам. ...Мислам дека жените се глупави што сакаат да бидат еднакви со мажите. Тие се посупериорни од нив и отсекогаш биле такви. Што и да ѝ дадеш на жена, таа ќе го направи поголемо. Ако ѝ дадеш сперма, ќе ти роди дете. Ако ѝ дадеш куќа, ќе ти создаде дом. Ако ѝ дадеш прехрамбени продукти, ќе ти зготви ручек. Ако ѝ дадеш насмевка, таа ќе ти го даде срцето. Таа секогаш го размножува и зголемува тоа што ќе ѝ го дадеш. Така, ако ѝ дадеш било какво срање, биди подготвен да добиеш еден тон го.на! William Golding (1911-1993) Британски новелист, драматург, поет