А јас пак отсекогаш мислам дека цитатов е чиста сексистичка глупост... Да ги смениме улогите: И мажот може да ти создаде дом. И мажот може да ти создаде дете ако му дадеш јајце клетка. И мажот ќе ти направи торта ако му дадеш јајца, млеко и брашно. Ако му дадеш насмевка, и тој може да ти го даде срцето. Ако му дадеш гомно, верувај, тој може да ти даде канализација. Не сфаќам зошто Голдинг овие работи кои се во суштина само одлики на карактер и поседување одредени вештини ги направил како да можат само жени да ги направат. Не. И мажите можат да ги направат. Освен делот со раѓање деца секако, бидејќи е биолошки невозможно, но сепак се буквално неопходни за детето да се роди.
Не велам дека не е сексистички и не велам дека не е хиперболизирана улогата на женската единка, но во суштина тоа и сакав да го постигнам со постот. Не дека во целост со факти е вака, едноставно стиховите се уметност по себе и според мене нивната функција е чисто феминистичка, да ја подигнат жената на повисоко ниво, да ја возвишат затоа што заслужила. Ќе се согласам дека за првото да е точно констатирано - треба првиот услов да се исполни - нешто да се даде во случајот и дека би го исполнил и мажот, можеби тука удира на емоциите и сака да каже дека домот или одгледувањето на децата и делот со насмевката е поради тоа што женските се поемотивни, често постапуваат со срцето, и обично емоциите прават хармонија. Ако ја гледаме од таа точка, неопходноста на машкото и женското е убава работа, ама ништо страшно и да си ги направиме поголеми женските индивидуи, во наши очи, ако сакаме и другите да нѐ гледаат така. Затоа, посегнав по стиховиве уметнички, не анализирав до тој степен.
Ова Кажува сѐ. Али знаејќи статистички како стојат работите, можда и стварно сме глупи што не ги тепаме и силуваме.
Секако. Мажите за себе си се супериорни, зошто и ние да не го подигнеме мислењето за себе? Тешко дека ќе направам сите да видат колку жената е посебна во општеството и колку може да направи, а претходно не ѝ било дозволено тоа.
А таа супериорност дали подразбира она што погоре го наведов? Насилство кон нив? Зашо нели, глупави биле жените што се еднакви, јас така разбрав. Треба да им се врати со иста мера веројатно. Ај да не зборам повеќе. Еднаш зборев и знам какви одговори добив.
Леле, не алудира на тоа. Во смисла не мора да бараат еднаквост, сами по себе си се посебни. Зошто не читате уметност, туку пробувате по секоја цена да се конфронтирате? Опуштете се и уживајте во женскиот свет.
Сакам да кажам дека моментално пијам две кафиња. Станав и си напрајв нес, за добар почеток на ден. И дур јадев заборајв дека не го допив. Си напрајв турско и го земам в соба и сега седам и си пивнувам од двете, зависи шо ми се сака. И само влегва мајка в соба и ми вика ова било непочитување кон турското кафе. Дечко ми да ме види и тој ќе речи така, као I get it, турското кафе е посебно и најубо, ама оти не можи сите кафиња да се посебни и најубај?
Испразнето Скопје за време на продолжен викенд (не од „провинцијалци“ како што велат некои, туку општо од луѓе), ми е вистинска терапија
Една од поубавите работи во животот е собирањето со потесната фамилија (мајка, сестра, брат и.т.н.) на заеднички ручек, било каде, сеедно. Тоа е една од работите која дава слика за тоа како функционира едно семејство. Ако има слога ќе се собираат најблиските во секоја прилика, и во добро и во лошо, заедно, а ако има слога тогаш има и соединение а соединението ја прави силата во секоја фамилија, сила која е важна во времиња полни со неслога, омраза и злоба. Така, јас вечерва ќе си ги носам своите на ручек по повод мојот роденден кој се ближи наскоро а од нив веќе го добив најдобриот подарок - луѓе на кои можам да се потпрам секогаш и во секое време.
Сакам и јас да се дотерам, да се средам и гордо да се шетам. Платата ми оди за кирија и сметки. Немам пари да си купам ни едно парче убава облека, одам како идиот. Самодовербата на нула. Никој и ништо сум. Кога ќе ме повледне Господ и мене?
Додека не превземеш ништо во врска со тоа само се молиш на Господ малку потешко . Место да чекаш од "господ" почни да бараш поплатена работа.
Би отворила игротека во иднина? Замисли, твои дечиња заедно со другите, во твоја игротека и приходи од околу 100.000 денари месечно
Не ми кажувај смешки. Ја нема таа сила на светот. Каде? Со кого? Подршка од никој. Сакав бутик за бебешки работи да отворам. Сите мои рекоа немој ќе заглавиш, како ќе се извлечеш после од тоа.. Не е тоа за тебе... Игротека? Интересен бизнис.. ама не бива таа работа..
Бива. Верувај дека сѐ бива. 1-Избери локација 2-Пресметај трошоци 3-Планирај дека ќе се бавиш минимум 15 год со тоа. Бонус: интересно име и креативни реклами можат да ти направат БУМ, посебно ако тие реклами бидат погледнати од мали дечиња а за такви идеи ме имаш мене во секое време.