Сдк ... Жал ми е за пропуштената шанса ...можеше животот да ми го промени од корен , но јас ја одбрав гордоста која што не ми даде ништо ....и сега големо НИШТО!
Сакам да спијам месец дена без да станам.Многу ми треба сон, распустов не спиев ко човек, за време школска уште помалце ќе се наспијам.. После Нова Година паѓам во зимски сон дефинитивно.
Часот чука 5и30, станувам струја нема. Слушам чекори на горниот кат и нешто брмчи на долниот спрат. И знаете, мене вака ми е страв.
Една од работите што ги мразам е кога некој покажува дека е среќен за тебе, а всушност не е, „ради реда“. Тие луѓе за мене искрено се полоши и од тие кои покажуваат отворено дека те мразат зошто тие се исто како што е и Тројанскиот коњ и далеку повеќе штета гледаат да ти нанесат од првиве. Од овие луѓе подалеку затоа, не заслужуваат ни да ги поздравиш.
Предобро кажано, за генерациите од сегашното и минатото време. Спојлер "Кукурек генерација Од децата направивме кревки, нежни и болежливи суштества! Миејќи им ги рацете на секој чекор со сапун под чешма, кај што нема чешма со влажни марамчиња, кај што нема влажни марамчиња, трчи купувај во најблиска трафика. Им преслакаме маички ако имало и најмала флекичка, ги фрламе за перење ако ги фатила и најмала прашинка. Им бришеме и пребришуваме по 100 пати се што ќе допрат, немој случајно прљаво да е... Седни во парк кај што има деца па ќе чуеш реторика: Фрли каменот, прљав е! Не се тркалај во песокот, прљав е! Не ја куби тревата, прљава е! Не го фаќај дрвото, прљаво е! Хигиена демек. Моето дете чисто демек. Здраво демек. Уствари обратно е. Колку почисто, толку поболно. Во првиот допир со бактерии некаде... во градинка, во школо, на игралиште, каде ќе те нема тебе да му кажуваш што смее да допира... ќе ги закачи. Зошто? Затоа што нема имунитет дете чувано како билка под стаклено звоно! Не се будали странцине што ги пуштаат децата да се ваљаат во прашина и кал и кога врне и кога вее! И после чудно ни е, како тоа кај нив антибиотици не се препишуваат, а кај нас сеопшто антибиотско труење! И после старите не знаеле како се чуваат деца, ние сме знаеле? Модерните мајки? Чија што врна литература за деца се муабети на женскиот сајт Фемина или на ФБ страницата „Мајки и деца“ кај што се делат совети за лечење на деца со бајачки од уроци или се поставуваат прашања од „едуцирани“ мајки од типот: детето ми е топло кога ќе го допрам на челото, да не знае некоја што му е... мајки помагајте!? Ние, децата од мое време, потемни бевме. Не дека потемен тен имавме, туку поцрни во лицата си бевме. И во рацете. А во стапалата и да не зборувам. Се трчаше надвор, сме трчале босоноги, по цели денови. По папучи, какви патики... само и само по пластични папучи! Се играше жмурки по цели ноќи. Сме се пикале позади дрва, во грмушки со пајаци, по отпади, позади прљави коли што ги бришевме со маиците. Рипавме во прашина играјќи ластик од утро до мрак. Машките џамлии на колена, на земја. Ако си ги испрљаш рацете позначајно, се знае, не трчаш дома плачеечки - мамоооо, се испрљав, избриши ме, туку фино лепо од алиштата си се бришеш! Кога ќе се приберевме дома, како ќумурчиња. Не можеш никако да се измиеш доволно, освен ако не се пикнеш во када. А ако бевме преуморни, какви што често бевме, не беше страшно и само да се подзамиеш со вода пред да си легнеш и заспиеш ко трупче. Онака фушарски, проплакнати рацете во дланките до зглобови, а нагоре бразди од кал, црнила. Иста прикаска и со нозете. Се изми? Се измив мамо... а по теписите темни траги оставаш. Истите оние на кои утредента ќе лежиш и ќе се тркалаш. И? Ни фали нешто? Ма јок! Генерација кукурек! Здрави и физички и психички. Воспитувани по онаа - пушти ги, така растат децата! Во време кога никој ќутек не изел затоа што се испрљал, во време кога ќутек се јадеше само кога нема да ги почитуваш постарите и кога устата ќе си ја испрљаш..."
Кога ќе го слушнам муабетот- а ние како сме пораснале?! Да, сме пораснале и сме израснале, но во што? Во млади несреќни луѓе, каде што секој втор е на антидепресиви, секој трет има некоја болест. Кој разведен, кој навлечен на бело, кој болно исфрустриран, кој со рак или дијабетес на 30 години. И те молам, кажи ми уште некој убав збор за прекрасниот начин на воспитување во 80-те и 90-те. Затоа што последиците тек сега се гледаат.
Грижата за себе не е себичност туку апсолутен приоритет. Во ова хаотично време, забораваме дека единственото нешто што ќе остане со нас до крај, е нашето тело и ум. Време за себе, па нека е и половина час на ден. Што и да значи за вас тоа, правете ги нештата што ги сакате. Светот изгледа поинаку потоа. Љубовта кон себе не е себичност, туку извор од кој доаѓа љубовта кон се' останато.
Производи со веќе поминат рок треба да се тргнат од рафтови, а не да се продаваат со намалена цена или 1+1 гратис. Или пак купувачите да кажуваат на каса да ги тргнат производите наместо да стојат таму. Некој постар човек нема да прочита рокот и ќе го купи. И може барем малце покрупно и на повидливо место да стои тој рок. Не во некое свиткано ќоше забутано со онолкацки бројки. Чиниш со злато го везат на пакувањето па чекај да не потрошат многу. Не знам дали има закон за оваа работа ама дефинитивно треба да има.
СДК 1 Несакајќи ќе допреш нешто и одма чудно те гледаат. Де,бре,луѓе освен за бесмислени осуди,за друго не ве бива? СДК2 Некои луѓе не требало да бидат родители. Мало дете не разбира пари.Научете го да сфати што значи скапо,а што евтино наместо да му се дерете.
Има разлика дали станува збор за best before или expiration date. Ако е првото, не значи дека производот не е безбеден за консумација, секако, ако е чуван во соодветни услови и соодветно спакуван. Баш читав пред некое време, дека се фрла многу храна само зашто се мисли дека ако е помината датата best before, производот веќе не е безбеден. Што не е точно...
Последно што видов мајонез имаше од пред еден месец истечен рок и сувомеснато од пред две недели, двете со expiration date. И јас не сум за фрлање храна ама ако не се потроши до кога треба, не е ни безбедно баш да се јаде, особено месо на пример.
Од оваа причина не им препорачувам на луѓе да купуваат јајца и готови палачинки од Стокомак и млеко од Тинекс.Се согласувам,ама и да има рок производот не значи дека е безбеден за употреба. Некои маркети и маалски продавнички не ги чуваат соодветно производите. На мои блиски им се има случено да земат сок и мајонез на кои не им бил истечен рокот,но биле расипани,а во маркетите биле донесени неколку дена пред да ги купат.
Дефинитивно не треба многу за да се види некој каков е. А, и искрено не сакам луѓе што замеруваат на сѐ, така што ќе си поќутам.
Сакам да кажам , ако може да ве замолам ко ми пишувате лична порака да не ми персирате. Ова сакав уште претходниот пат да го кажам, ама еве денес пак ми стигнале пораки во врска со работа како стјуардеса и целиот процес и во сите подпрашања многу персирање. Обраќајте ми се до ТИ, ТЕБЕ ..... персирањето ептен прави да се осеќам стара , а баш напротив јас сум човече со детски дух. П.С. @Nigredo Odor , ти посакувам брзо оздравување и враќање во форма Ај да одам да јадам сега па да си пуштам филм со Барби да изгледам , е не ќе се заебаваме , филмови што ме опуштаат ко сум напната се баш детски филмчиња.
Од каде тоа дека таа генерација (немам поим која е, можеби е и мојата) е поздрава? Има некои истражувања, докази? Затоа што на глобално ниво, со тек на годините животниот век се продолжува, а луѓето живеат поквалитетен живот. За антибиотици, баш постарите генерации не знаат како се пијат. Лечат настинка и грип со нив, зошто да одат на лекар, ништо не им е, ќе се напијат некој Амоксиклав што им се наоѓа по дома. Пијат алкохол додека примаат антибиотици, што е една чашка ракија, плус и ракијата дезинфекцира Ја прекинуваат терапијата по два-три дена затоа што готово, добри се, им поминало Ти кажувам примери од татко ми, баба ми, луѓе од мојата непосредна околина. Психичкото здравје за голем дел од таа „кукурек генерација“ е непознат поим. На психолог, психотерапевт одат ненормалните, депресијата е измислена болест, вакви модерни болести немало во нивно време, они си биле супер. А пушат по две кутии на ден, пијат хронично, голтаат Диазепами и Лексилиуми повеќе од витамини. За јадење ќотек не ни ми се почнува Дај доста со вакви статии, доста со романтизирање на минатото. Порано беше вака, порано беше подобро, уште Југославија ми фалеше во текстов за да биде комплетен Има екстреми денес, имало и тогаш, но тоа се поединци, не треба да се генерализира. Дај престанете да го гледате минатото низ розови очила и фокусирајте се на сегашноста и како да ја направите подобро место за живеење.
Во превод тоа значи да изедеш ќУтек кога се противиш на нивното непочитување. Како беше - Постарите сметаат дека е непочит кога ти не им дозволуваш тие да те третираат со непочит
Дајте малку позитива, ни треба, на сите. И не е се така црно. Идете у к***ц со вашето 'ништо не оди'. Доста ми е од жалења.
Знаете шо никад нема да ми биде јасно кај оние со 500 деца у шупа шо спијат на земја, шо немаат кај да се избањаат и измочаат, шо децата мрсулави ги праќаат да просат, или па ги рентаат за истото, а децата нит леб виделе ни школо? Како ви се ебе бе, додека децата гладни и голи ви седат, па уште и со вас у соба, да ви го ебам племето, семката да ви ја ебам паразитска! Да бевме држава, децата више никад немаше да ги видат, а они прво на стерилизација па у ќорка. Стока.